Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Алиоски постигнува гол во седмата минута и Македонија – Исланд 1:0 ! Со овој резултат, Македонија е втора во групата и ќе игра бараж за СП во Катар 2022 година. Алиоски го даде голот со асистенција на Трајковски. На трибините во Арената „Тодор Проески“ вечерва за македонските фудбалери навиваат над 16.000 навивачи. الهدف الأول للمنتخب المقدوني بأقدام اليوسكي ❤️😍 pic.twitter.com/1JhuMfSP8V — ALIOSKI WORLD (@AlioskiWorld) November 14, 2021
Алијанса за Албанците ги повикува пратениците од, како што велат, „владиното малцинство“, да преминат во редовите на, според нив, прогресивната опозиција. Од партијата на Села велат дека приказните за евроинтеграциии се само алиби за бегање од правда. „Ги повикуваме пратениците на ова владино малцинство: сите тие што сакаат да ја спасат државата од организиран криминал, од корупција, од незнаење, да се приклучат на прогресивната опозиција. Приказните за евроинтеграциите на овој пропаднат режим се само алиби за бегство од правдата. Европската Унија не се постигнува со Боки13, Зоки Кичеец, Вице Заев, партизирани судии и обвинители, инспектори кои изнудуваат бизниси и купуваат…
Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна, патот на Македонија во Европската Унија е загарантиран и убеден сум дека пратениците кои увидоа дека беа ставени во заблуда ќе дојдат во парламентарното мнозинство. Владата е стабилна, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, пред да биде отворено третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“. – Ова парламентарно мнозинство, оваа Влада опстои и шансата да се добие датум за отпочнување на преговори на 14 декември веќе е реална. Сметам дека парламентарното мнозинство и пратениците кои поддржуваат евроатлантска Северна Македонија ќе расте и убеден сум…
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.667 тестирања, а регистрирани се 285 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 110, Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес…
Полицијата денеска приведе едно лице бидејќи при претрес во неговиот дом пронашла едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин и марихуана, како и сад со синтетичка дрога амфетамин и вага со остатоци од амфетамин. – Во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, денеска бил извршен претрес на ул. „Љуба Петровиќ“ кај Ж. Ј. (39) во Скопје, соопшти МВР. Ж.Ј.…
Денеска во Дебар се одржува вториот круг на изборите за градоначалник на општината. Од Државната изборна комисија (ДИК) соопштија дека на 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19.211 гласачи. „Од пристигнатите податоци од 99,92% од избирачките места, до 15 часот излезноста на гласачите изнесува 28,97 отсто. До 15 часот поднесени се 8 приговори за заштита на личното избирачко право. Истите се прифатени“, информираат од ДИК.
Поради комплексноста на состојбата и бидејќи пожарот од една страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка и од воздух, велат од ЦУК. Голем пожар е пријавен денеска попладне над селото Мирковци на патот за селото Бродец, кај местото Рамно во Општина Чучер Сандево. Од ЦУК известуваат дека веднаш на терен излегле екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. – Поради комплексноста на состојбата и бидејќи пожарот од една страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите…
Македонската репрезентација влегува во завршното коло во квалификациската група Ј како второпласирана со 15 бодови, еден повеќе од третопласираната Романија, која вечерва од 20:45 часот му гостува на Лихтенштајн. Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го пречекува Исланд во последниот натпревар од мундијалските квалификации на кој со победа првпат во својата историја ќе обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар. Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје започнува во 18 часот, а „црвено-жолтите“ ги очекува поддршка од трибините од околу 16.000 гледачи, колку што изнесува половичната исполнетост на капацитетот согласно Ковид-протоколите. Македонската репрезентација влегува во завршното коло во квалификациската…
Од Регионалниот центар за управување со кризи денеска информираа дека дел од корисниците во општините Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром во понеделник ќе имаат прекин на електричната енергија. Во периодот од 08:55 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. Јуриј Гагарин од број 65 до број 81 (непарни броеви) и ул.Јуриј Гагарин од број 4 до број 18 (парни броеви), како и булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов” зграда бр.149 . Од 08:45 до 11 часот прекин ќе имаат корисниците на дел од ул. Борис Сарафов околу школото во општина Ѓорче Петров, додека од 08:30 до 12…
Во јужниот дел на Иран денеска е регистриран земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот беше на 47 километри југозападно од градот Бандар Абас на длабочина од 10 километри. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Синот на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи, Сеиф ел Ислам, се кандидираше за претседателските избори закажани за декември, изјави претставник на изборната комисија за локалните медиуми. – Сеиф ал Ислам Гадафи ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори до канцеларијата на Изборната комисија во Сабха, во југозападниот дел на земјата, изјави претставникот за либискиот канал Ел-Расмија. Агенцијата Бета потсетува дека Либија беше втурната во хаос за време на бунтот во 2011 година, кога нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен. Во претходните години, земјата беше поделена на две паралелни и конфликтни влади, од кои едната го контролира источниот, а другата…
Австрија има намера да воведе „затворање“ за граѓаните кои не се вакцинирани против ковид-19 уште од недела на полноќ, а тоа ќе биде на сила до 24-ти ноември. Нацрт-предлогот, во кој увид имала германската новинска агенција DPA, истакнува дека се потребни интервенции за да се „спречи распадот на здравствениот систем“. Доколку „затворањето“ биде воведено, лицата кои не се вакцинирани или не прележале Ковид нема да смеат да ги напуштаат своите домови, освен во одредени околности. Од прописот би требало да бидат изземени граѓаните кои вршат неопходни работи – кои одат на работа, излегуваат поради сопственото телесно и душевно здравје, или…