Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Паркер кажа дека 17-годишен ученик му пришол на 16-годишникот и го застрелал во главата. Тој додаде дека жртвата е пренесена во болница и се наоѓа во критична состојба. Американски тинејџер во вторникот, рано утрината, му пукал во глава на 16-годишен соученик, додека тинејџерот го чекал пристигнувањето на училишниот автобус, соопшти локалната полиција. Поручникот Џ. О. Паркер од полициската станица Лоребсвил, во сојузуната држава Џорџија, соопшти дека полицајците пристигнале во населбата Седл Шолс околу 6:30 часот утрината, откако им било пријавено пукање и дете кое лежело на улица. Паркер кажа дека 17-годишен ученик му пришол на 16-годишникот и го застрелал во…
Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, европски експерт за енергетска сиромаштија во интервју за НОВАТВ повикува на широк општествен дијалог на различни нивоа, и внимателно регионално економско и просторно планирање за да се најдат трајни решенија за енергетските проблеми. На што се должи наглото зголемување на цената на природниот гас (ЛНГ) на светската берза? – Пред сè , бидејќи се јави неусогласеност меѓу глобалната побарувачка и потрошувачката на овој енергенс. Поради редица фактори има голем пораст во употребата на ЛНГ, при што расположливите резерви на светско ниво се ограничени. Во Европа дополнително влијае и тековната либерализација на меѓународниот енергетски…
Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна. Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок. Министерството за здравство и оваа година набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи: – Стари лица (над 65 години) – Лица со хронични заболувања – Здравствени работници – Бремени жени – Децата на возраст од 6 месеци до 5 години Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна. Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално…
Ливерпул повторно го победи Атлетико Мадрид на Енфилд со 2:0 и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, каде пласман обезбеди и Ајакс кој со 2:1 ја совлада Борусија во Дортмунд. Атлетико Мадрид од 36. минута на натпреварот играа со фудбалер помалку откако Фелипе доби црвен картон. Поради офсајд, во второто полувреме ВАР поништи голови на Жота и Суарез. РЕЗУЛТАТИ, 4. КОЛО МИЛАН – ПОРТО 1:1 РЕАЛ М. – ШАХТЈОР 2:1 БОРУСИЈА Д. – АЈАКС 1:2 ЛИВЕРПУЛ – АТЛЕТИКО 2:0 МАН.СИТИ – БРИЖ 4:1 РБ ЛАЈПЦИГ – ПСЖ 2:2 ШЕРИФ – ИНТЕР 1:3 СПОРТИНГ – БЕШИКТАШ …
Министерот за економија, Крешник Бектеши, во „Економски магазин“ на телевизија Алсат вечерва најави дека ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор. Тој ова ќе го предложи на седница на Владата во вторник. „Во енергетскиот сектор ќе се прогласи кризна состојба, со единствена цел да се инјектираат буџетски средства директно во енергетските компании во земјава, вклучително и македонските електрани и МЕПСО, за да се зголеми нивната ликвидност“, рече Бектеши. „Уредбата е веќе објавена, во текот на наредниот ден и во петок ќе имаме средби со членовите на комисијата кои се предвидени во рамки на уредбата за прогласување кризна состојба, а…
Најдобриот македонски ракометар, актуелен селектор и капитен, Кирил Лазаров, вечерва во „Александар Палас“ во Скопје ја промовираше својата автобиографија „Секогаш на победа“. Книгата се однесува на неговиот животен пат – од Свети Николе до Нант. Преку Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико, Барселона и Нант каде што настапува денес Лазаров се изгради како еден од најдобрите бекови во светот со повеќе од 1.000 голови во Лигата на шампионите. Во кариерата Лазаров има и европска круна, рекорд според број на голови на Мундијалот, петто место на ЕП со Македонија… – Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе…
Заев во целата своја политичка кариера никогаш не се штедеше, не се штедеше ни како опозиционер кога почна да ги отвора прислушуваните разговори т.н. бомби кои доведоа до промена на власта. Не се штедеше ни да влезе во сериозни политички разговори и по 25 години да изнајде решение за спорот што го имавме со Грција. Ова вечерва го посочи поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Тој рече и дека оставката на премиерот Зоран Заев, во вакви околности, не била потребна. – Оставката за изгубените локални избори не беше потребна, додаде Бучковски.…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (44г, 74г, 75г, 82г и 82г), 2 лица од Кавадарци (69г и 87г) и по едно починато лице од Тетово (16г), Неготино (77г), Куманово (79г), Кочани (77г) и Демир Хисар (90г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.594…
Ниту еден компромис за 15 години не беше доволен ЕУ да го исполни ветувањето. Значи, жртвата која Владата на Зоран Заев ја поднесе, беше залудна. На тој начин, ЕУ ја остави Македонија на цедило, ги изневери очекувањата и не ги исполни не само ветувањата, туку и јасните обврски, пишува „Јутарњи лист“ Европската Унија изневери многу држави, но една речиси уништи. Неспорно е дека за евентуални нови тензии во државата и политичката нестабилност одговорноста ја сноси и Европската Унија, пишува во денешното издание „Jutarnji.hr“, коментирајќи ја оставката на премиерот Зоран Заев по вториот круг од локалните избори коишто се одржаа во…
Бројот на кинески нуклеарни боеви глави би можел да се зголеми на 700 за шест години, а до 2030 година да надмине 1.000. Пентагон не наведе колку боеви глави сега има Кина, но пред една година беше констатирано дека тој број е нешто повеќе од 200 и дека до крајот на деценијата може да се удвои. Кина ја зголемува својата нуклеарна моќ многу побрзо отколку што предвидуваа американските власти пред само една година, покажува извештајот на Пентагон објавен денеска. „Кина брзо ја зајакнува својата воена моќ со намера да му овозможи на Пекинг да ја достигне или надмине глобалната моќ на…
Стапката на инфекција со коронавирус е убедливо највисока во Европа, која пријави околу 192 нови случаи на 100.000 луѓе, а потоа следуваат Северна и Јужна Америка, кои имаат приближно 72 нови случаи на 100.000 лица Бројот на нови случаи од коронавирус во Европа се зголемува веќе петта недела по ред, што ја прави единствениот регион во светот кадешто инфекцијата со ковид-19 продолжува да расте, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во неделниот извештај за пандемијата се наведува дека бројот на нови случаи скокнал 6,0 отсто во Европа, пренесуваат агенциите. Неделниот број на нови заразени во другите региони опадна или остана…
Според Downdetector, проблемите со Инстаграм главно се поврзани со работата на апликацијата, како и поврзувањето со серверот и вчитувањето на страницата. Проблемите на Фејсбук, пак, главно се поврзани со работата на страницата и тешкотиите при најавување на налозите. Корисниците на Инстаграм и Фејсбук од голем број земји денеска повторно се пожалија на големи прекини, јави Интернет страницата Downdetector, која ги следи прекините и неправилностите во работата на популарните интернет мрежи. Проблеми најчесто пријавуваат корисници од САД, Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Полска, Русија и други земји. Според Downdetector, проблемите со Инстаграм главно се поврзани со работата на апликацијата, како и…