Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска цел ден денеска не се изјаснува по јавно објавениот документ дека 10 години има бугарско државјанство. Каде се крие Арсовска? Цел ден молчи и наместо одговор од неа, стигна обид за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ преку празно соопштение до медиумите, соопштија вечерва од СДСМ. Во соопштението се вели: – Јавно објавен документ докажува дека Арсовска во 2011 година се стекнала со буграско државјанство. Арсовска, кадар на Груевски и почесен конзул на Унгарија, треба да излезе пред јавноста и да каже од кои побуди и поради кои причини извадила бугарско државјанство. Кандидатка за градоначалник која е…
За обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека навистина е жално што со нивната желба за собирање ситни политички поени, не водат првична грижа за луѓето, туку бараат моменти за политика без да се утврди дали можеби некој загинал. Ниту се изгорени важни документи, којшто сите претходно се дигитализирани, ниту па постои опасност на ова место да изникне зграда бидејќи ова земјиште е во сопственост на државата. Тој стил беше препознатлив во минатото, кога се палеа бараки за потоа да градат згради – нагласи Шилегов. Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен Суд Скопје 1 и благодарение на брзата…
„Морам да бидам јасен. Се скандираше дека сум усташ и тоа нема врска со вистината. Се скандираше дека сум негативец. И тоа нема врска со вистината, јас сум епидемиолог, негативецот е вирус, а тие застанаа на страната на злобникот. Епидемиологот и член на српскиот кризен штаб, д-р Предраг Кон, изјави дека на синоќешниот протест против ковид-пропусниците му скандирале дека е „усташ, негативец и Менгеле“. Како што рече, „на последните што го нарекле така нема да им прости поради потеклото, бидејќи Менгеле се смета за најлошото зло што постои“. За време на граѓанскиот протест против ковид-пропусниците, којшто со денови се одржува…
Ќе има „ограничени исклучоци“ за невакцинирани патници кои патуваат од околу 50 земји со исклучително ниски стапки на вакцинација, а кои вклучуваат некои од најсиромашните нации во светот, многу од оние во Африка. Исклучоците од овие мерки за патување во САД се и децата под 18 годишна возраст. САД од 8 ноември ги отвораат своите воздушни граници за целосно вакцинирани странски посетители кои имаат примено една од седумте одобрени вакцини против Ковид-19 и кои ќе прикажат негативен тест за Ковид-19 направен три дена пред патувањето, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во САД…
Вработен во Психијатриската болница Демир Хисар бил нападнат од пациент додека бил на работното место. „ На 25.10.2021 во Полициската станица Демир Хисар, лекар од Итна медицинска помош Демир Хисар пријавил дека кај нив помош побарал Р.П. (53) од с.Слепче, демирхисарско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад од пациент во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Демир Хисар, каде Р.П. бил вработен“ соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Членки на АСЕАН се Филипини, Индонезија, Малезија, Сингапур, Брунеи, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Виетнам и Камбоџа. Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави дека Вашингтон ќе одвои 100 милиони долари за унапредување на односите со Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН). На виртуелниот самит на АСЕАН, на кој американски претседател учествува првпат од 2017 година, Бајден изјави дека парите ќе бидат наменети за здравство, нова иницијатива за климата, програми за образовна и економска помош за економско закрепнување од корона пандемијата. Бајден ги нарече односите на САД со АСЕАН „суштински“. Членки на АСЕАН се Филипини, Индонезија, Малезија, Сингапур, Брунеи, Мјанмар, Тајланд, Лаос,…
Телевизијата NHKWORLD_News прикажа снимка на која принцезата Мако ја напушта царската резиденција во главниот град Токио, се збогува со семејството, им се поклонува на родителите и ја бакнува својата помлада сестра. Јапонската принцеза Мако денеска се омажи за својот избраник Кеи Комуро, кој нема благородничко потекло, пренесоа светските агенции. Со тоа, таа ќе ја изгуби титулата и ќе стане обичен граѓанин. Принцезата се откажа од традиционалните гламурозни ритуали и еднократната исплата од над 1,3 милиони долари. Телевизијата NHKWORLD_News прикажа снимка на која принцезата Мако ја напушта царската резиденција во главниот град Токио, се збогува со семејството, им се поклонува на…
Македонките со две победи (Фарски Острови и Кипар) и пораз (Белорусија) завршија на второто место во групата. Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со триумф против Кипар од 4:2 го заврши квалификацискиот турнир во Белорусија за пласман во А квалификациската група за ЕП. Македонките со две победи (Фарски Острови и Кипар) и пораз (Белорусија) завршија на второто место во групата. На денешниот натпревар „црвено-жолтите“ имаа негатива од два гола. Кириакиди и Замани во 21 и 24. минута донесоа предност за Кипар, но потоа следуваше целосен резултатски пресврт. Николовска во 35. минута намали на 1:2, а во второто полувреме Викторија…
По обвинувањата од ВМРО-ДМПНЕ за изборни закани од страна на поголема група полицајци, од Основното јавно обвинителство во Скопје велат дека ги проверуваат информациите во врска со овие наводи. – Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави , како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите. Информациите во врска со дадените наводи за кои прашувате се доставени до надлежното основно јавно обвинителство со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела да се постапи согласно законските надлежности – изјавуваат од ОЈО. Воедно, од…
Во врска со тоа дали можеби возачите што ги управувале возилата биле под дејство на алкохол, во првиот случај, како што ни изјавија во МВР, кај возачот немало алкохол во крвта, а за сообраќајката од денеска се уште нема резултати од анализите на крвта. По првата сообраќајка пред Канцеларијата на ЕУ во Скопје која, како што веќе објавивме, се случи вчера рано наутро при што жена и нејзиниот совозач со автомобил влетаа во зградата на ЕУ и го скршија надворешното стакло на оваа институција и уништија дел од надворешната опрема, претпладнево се случи уште една незгода на ова место. Скопјанка,…
Од УЈП денеска соопштија дека причина за продолжувањето на рокот е отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци. Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата за уште два работни дена, односно до 27 октомври. Од УЈП денеска соопштија дека причина за продолжувањето на рокот е отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци. Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10.2021) се продолжува за два работни дена,…
Станува збор за 44 годишен жител на Тетово. Oткриен е идентитетот на возачот кој во саботата е пријавен дека учествувал во сообраќај при што е повреден пешак, а по што заминал од местото, информираа денеска од тетовската полиција. Станува збор за 44 годишен жител на Тетово. – Вчера околу 13 часот и 30 минути, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го пронашле возилото „фиат браво“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 44-годишниот тетовец Е.М, кое учествувало во сообраќајната несреќа со тешко повреден пешак, што се случила на 23…