Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Казната за вградување неатестирани фолии (затемнети стакла) во возило изнесува 300 евра. Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 25 возачи, информираат од МВР. Засилените акциски контроли како што се вели во известувањето на МВР, продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. Казната за вградување неатестирани фолии (затемнети стакла) во возило изнесува 300 евра.
Блиски родини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелираат до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување. Директорката на инспекторатот, д-р Ирина Бухова, вели дека…
Оваа револуционерна техника овозможува ослободување од преткоморната фибрилација и намалување на компликациите со процент на непосредна успешност од 95 до 99 отсто. Во периодот од 7 до 8 октомври 2021 година на УК за Кардиологија, за првпат во Република Северна Македонија беа направени процедури на радиофреквентна аблација на преткоморна фибрилација со помош на 3Д мапинг систем од страна на експерти аритмолози-електрофизиолози, со сто отстотна успешност, информираат денеска од Министерството за здравство. Медицинскиот термин преткоморната фибрилација (ПФ), всушност претставува аритмија која е најчеста во светски размери, со преваленца од 2 до 4% од вкупната популација. Истата е поврзана со зголемена смртност…
Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/литар и од полноќ ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95 75,50 ден/лит, а за ЕУРОСУПЕР БС-98 77,50 ден/лит. Од полноќ за 2,50 денари поскапува и дизелот. Новата цена изнесува 67,50 ден/лит. Поскапување за 2,50 денари ќе има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) чија нова цена од полноќ.
Според пријавеното, таа во нападот употребила тврд и остар предмет, а оштетила и дел од покуќнината. Вчера (11 октомври) во 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 21-годишната С.Д. од тетовско село, која дента околу 12 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнала 57-годишната свекрва. Според пријавеното, таа во нападот употребила тврд и остар предмет, а оштетила и дел од покуќнината. С.Д. е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.
Кај осомничените биле пронајдени и две шишиња со течност, едното со жолтеникава, а другото со темно-црвена боја, кои се користат за диференцирање на обичната хартија од онаа на која се печатат банкноти, како и една УВ-ламба. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се сомничат за кривично дело – Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување согласно член 271 став 2 од Кривичниот законик. Осомничените по потекло од Камерун, од кои едниот жител на Франција, а другиот на Луксембург, на 4 октомври пристигнале на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје без да поседуваат…
Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, препознатлива по својата борбеност. Шок и неверување кај спортската и пошироката јавност во Македонија по веста дека утринава, од засега непознати причини, почина поранешната репрезентативка и ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Николиќ (Портјанко) на 38 годишна возраст. Во редовите на европскиот првак Кометал Ѓорче Петров, Николиќ настапуваше од 2003 до 2009 година, а во меѓувреме заигра и за сениорската селекција на Македонија. Откако доби македонско државјанство, ракометарката беше еден од најдобрите играчи во својата генерација, препознатлива по својата борбеност.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, вчеравечер врз основа на судска наредба, го привеле О.А.(27) од с.Грчец, општина Сарај, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од три и пол години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, соопштија од МВР. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, додаваат од МВР.
Над 70 отсто вевчанци се вакцинирале против ковид-19, а заштитена е комплетно и нивната дијаспора, околу 100 лица, додека во Македонска Каменица, Липково, Делчево против вирусот се заштитиле едвај 30 отсто од жителите. Меѓу оние кои се најмалубројни според примените вакцини спаѓаат и рударите од рудникот САСА во Македонска Каменица каде екипи дури четири пати оделе да ги вакцинираат, а се одзвале само мал број. Па, за да се заштити здравјето на вработените, каде што е возможно се одделуваат невакцинираните, за кои, на пример, следуваат ланч пакети, додека кулинарските специјалитети во мензата, чорба, готвени јадења и друго, се резервирани само…
Тој веќе следниот ден излегол од домот и отишол во Основниот кривичен суд – Скопје. Таму бил забележан и пријавен од службено лице од судската полиција, по што полициски службеници го сопреле и му извршиле проверка на идентитетот. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против 41-годишен скопјанец за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Oд Јавното обвинителство информираат обвинетиот на 9 март добил позитивен резултат од извршено тестирање за коронавирусот во лабораторија во Скопје, но наместо да остане во задолжителна самоизолација,…
Како мали повеќејазични земји без излез на море кои споделуваат тесни културни врски и размени преку значителната дијаспора, Северна Македонија и Швајцарија имаат многу заеднички интереси и можности за соработка, изјави амбасадорката Улман за време на средбата. Новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија, г-ѓа Вероник Улман, денес му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Северна Македонија Стево, Пендаровски. „Чест ми е што сум акредитирана да служам како амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија и со радост очекувам понатамошно зајакнување на одличните односи меѓу нашите две земји. Како мали повеќејазични земји без излез на море кои споделуваат тесни…
Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа против 38-годишна скопјанка. Таа на 3 август годинава се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови на SARS-CoV-2 вирусот за себе и за своите три деца. Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.