Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
На улицата „Владимир Полежановски“ во Скопје патничко моторно возило „хундаи“ со скопски регистарски ознаки, вчера удрило во малолетничка, при што се здобила со тешки телесни повреди. Како што соопштија денеска од МВР, со патничкото моторно возило управувал Д.М.(37) од Скопје, а малолетничката била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.
Актуелниот шампион Шкендија во Тетово е домаќин на Борец во еден од петте натпревари, кои попладнево со почеток од 15 часот се на програмата во рамки на 9. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во преостанатите натпревари, Скопје е домаќин на Академија Пандев, Брегалница во Штип ја пречекува екипата на Струга, Македонија ЃП на домашен терен ќе игра против второпласираната Ренова, додека Пелистер во Битола ќе се обиде да ја забележи првата победа сезонава во дуелот против Тиквеш. Колото ќе биде комплетирано в недела со дерби натпреварот меѓу лидерот Шкупи и градскиот ривал Работнички.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре, на 03.10.2021 година (недела), поради одржување на спортската манифестација – „Скопски маратон 2021“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. Притоа, маратонот ќе започне во 08.00 часот, со следната траса на трчање: старт од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул.„Бледски договор“, десно по бул.„Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по…
Според статистиката на Советот, таа во интервјуто за МИА вели дека најголем број претставки има за судии од скопскиот кривичен и од скопскиот граѓански суд, како и од Апелациониот суд во Скопје и Управниот суд, потоа следуваат судии од Битола, Охрид, Кичево, Гостивар. Судскиот совет ќе одреди три суда во кои ќе се спроведува Методологијата со индикатори за утврдување сложеност на предмети. Планот е по една година Методологијата да се спроведува во сите судови, од страна на сите судии. Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, во интервју за МИА појаснува зошто е важна Методологијата, како и дека преку индикаторите ќе…
Коалицијата предводена од СДСМ централни собири ќе одржи во Делчево, Виница и Демир Капија, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово-Ростуше, Јегуновце, Тетово, Брвеница, Теарце и Гостивар, ДУИ ќе биде во Велес. За денеска се најавени повеќе митинзи и средби на кои граѓаните во 80 -те општини и Градот Скопје ќе можат да ги слушнат понудите на партиските и независните кандидати. Коалицијата предводена од СДСМ централни собири ќе одржи во Делчево, Виница и Демир Капија, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово-Ростуше, Јегуновце, Тетово, Брвеница, Теарце и Гостивар, ДУИ ќе биде во Велес. Левица во Градскиот парк во Скопје ќе одржи митинг и претставување на независниот кандидат за…
Според Стефоска, иако маските сега се во публиката, улогите не се променети, зашто желбата и потребата да се негува духот, да се осмислува стварноста низ уметност, одново го придвижуваат светот. Театарот е секогаш жив. Со векови наоѓа волшебни излези од секоја ситуација. По изминатиов период, полн со, досега, непознати искушенија и предизвици, вечерва сме овде заедно. Најдобрата терапија за човештвото е токму уметноста, порача министерката за култура Ирена Стефоска која од сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ го прогласи за отворен јубилејниот, 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Поради пандемијата лани не се одржа јубилејното издание. Според Стефоска, иако…
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат пешаците, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 76 за непрописно паркирање. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39, 11 за возење без возачка дозвола, пет за непрописно престројување. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат пешаците, четири за минување на затворен сигнал (црвено…
Рок легендата Џегер (78) го сподели својот поход по ноќниот живот на Шарлот во твит објавен синоќа. „Излегов да прошетам во Шарлот, СК“, твитна Џегер, заедно со негова фотографија пред влезот на барот „Жеден дабар“ во Шарлот. Вечер пред синоќешниот концерт на Ролинг Стоунс во Шарлот, Северна Каролина, фронтменот Мик Џегер излегол на пиво во бар без да биде забележан од гостите и сопствениците. Рок легендата Џегер (78) го сподели својот поход по ноќниот живот на Шарлот во твит објавен синоќа. „Излегов да прошетам во Шарлот, СК“, твитна Џегер, заедно со негова фотографија пред влезот на барот „Жеден дабар“ во Шарлот. …
САД преку УСАИД досега во земјава за развој има инвестирано над 833 милиони американски долари. САД даваат значајна поддршка на Владата на РС Македонија во спроведување на активностите што се насочени кон економски раст и стабилност и зајакнување на демократските практики и институции. Потврда за тоа се двата потпишани амандмани на Договорот за грант за партнерство за развој со што дополнителната сумa за оваа година е во висина од 3,5 милиони американски долари. Анексите на Договорот ги потпиша министерот за финансии Фатмир Бесими. Договорот со УСАИД за грант за партнерство за развој беше склучен на 6 мај годинава во износ…
Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили вчера изјави дека нема да го помилува поранешниот претседател, а сега опозицискиот политичар Саакашвили, откако тој вчера беше уапсен на враќање во земјата, по осум години минати во бегство во Украина. Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој беше уапсен вчера попладне при влегување во земјата, почна штрајк со глад и побара да се сретне со украинскиот конзул, јави грузискиот правобранител Нино Ломџарија. -Кога го посетив, тој беше на лекар и на медицински прегледи. Подоцна ни беше дозволено да разговараме во затворската ќелија. Тој ни кажа дека најавува штрајк со глад, рече Ломџарија по средбата со Саакашвили,…
Во секоја земја во Африка живее барем еден Македонец, а тоа значи дека повеќе од 20 нашинци живеат на овој континент. Податоците од пописот на населението што деновиве го објави Државниот завод за статистика покажа каде се македонските граѓани живеат низ светот. Тие граѓани, кои за време на пописот не живееjа на територијата на Македонија, можеа да се попишат електронски, од местото каде што се иселени. А според електронскиот попис Македонци има и во Северна Кореја. На ова место живеат дури 14 граѓани. Македонци живеат на Малдивите, Фарските Острови, Микронезија, во Доминиканската Република, па дури и на Антарктикот. Во секоја…
Времето во земјава по студеното утро ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 22 степена. Во недела и во првите два дена од следната седмица ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст. Нови врнежи се…