Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Кај учесниците на возраст од 5 до 11 години, вакцината е безбедна, добро се поднесува и покажува стабилни реакции на неутрализирачки антитела, се вели во заедничката изјава на американскиот гигант Фајзер и неговиот германски партнер. Компанијата Фајзер денеска соопшти дека нејзината вакцина против коронавирусот е ефикасна и безбедна за деца на возраст од пет до 11 годишна возраст и дека наскоро ќе побара одобрување од американските власти за употреба. Вакцината, произведена од американски Фајзер и германскиот партнер БиоНТек, веќе се користи за имунизација на деца постари од 12 години. Вакцината ќе се дава во помала доза отколку за лица над…
Мисијата наречена „Инспирација4“ започна на 15 септември кога капсулата Драгон беше лансирана од база во Флорида со ракета Фалкон-9. Патниците поминаа шестмесечна обука и летаа со капсула на височина од 575 километри. Првиот цивилен екипаж кој патуваше во вселената со шатлот Crew Dragon на SpaceX се врати на Земјата по тридневната туристичка мисија во орбита. Капсулата слета безбедно во близина на американската држава Флорида, а во екипажот беа милијардерот Џаред Исакманин, Хејли Арцено (29), Сиан Проктор (51) и Крис Семброски (42). Компанијата SpaceX на Илон Маск изјави дека сите членови на екипажот се вратиле здрави. SpaceX, исто така, го пренесуваше во…
Отсекогаш сум размислувал многу за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе се потрудам да земам со себе што е можно повеќе, напишал Бекмансуров. Тој е уапсен, но за време на апсењето пружал отпор, поради што е ранет. Tимур Бекмансуров е идентификуван како напаѓачoт кој уби осум и рани шест лица во универзитетскиот кампус во Перм, Русија. Облечен од глава до петици во црно, со заштитна црна кацига на главата, фантомка и пушка во рацете тој влегол во Државниот универзитет и пукал во студенти и професори. Присутните се обиделе да побегнат низ прозорците, а некои се сокриле…
Со денешната одлука, РКЕ ги зголемува малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 отсто во однос на Одлуката од 13 септември 2021 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар за литар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13 септември 2021. РКЕ соопшти дека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се…
Според ЦДЦ, симптомите на болеста биле полоши кај жените, Афроамериканците, постарите од 40 години и оние со претходни здравствени проблеми. Новата студија објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) откри дека приближно едно од три лица кои имале ковид-19 пријавиле дека страдаат од симптоми два месеца подоцна. Студија спроведена во Лонг Бич, Калифорнија, покажа дека една третина од оние кои биле позитивни на коронавирусот пријавиле барем еден симптом на болеста четири или повеќе недели по позитивниот тест, пренесува Гласот на Америка. Според ЦДЦ, симптомите на болеста биле полоши кај жените, Афроамериканците, постарите од 40 години и…
Иако знаел дека возилото не ги исполнува условите за такво одобрение, изготвил лажна потврда со што на сопственикот му овозможил фалсификуваната докуметација да ја употреби пред Бирото за метрологија при Министерството за економија и ОВР Струга за негова регистрација. ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во својство на овластен технички испитувач во правен субјект од Скопје, ја искористил својата службена положба и овластување и противзаконски започнал постапка за единечно одобрување на товарно возило „Мерцедес“, сопственост на правно лице од Лабуништа. Потоа,…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажа итна седница на Советот за национална безбедност за утре во 10 часот, а главна тема ќе бидат настаните во Косово и Метохија, пишува „Новости“. Специјални сили и блиндирани возила од утринава се распоредени на два административни премина на северот на Косово, јавуваат медиумите во регионот. Игор Симиќ од Српската листа вели дека “Србите од Косово се лути поради потегот на Приштина да испрати единици на „Роса“ на административните премини Јариње и Брњак“. Тој за еден од регионалните медиуми изјави дека Србите од Косово се длабоко вознемирени затоа што Приштина испратила преку 20 возила, со…
Вчера (19 септември) околу 11 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, го лишиле од слобода 42- годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште, поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
За реконструкцијата на оваа сообраќајница од Буџетот на Град Скопје се одвоени околу 32 милиони денари. Со синоќешното бележење на реконструираниот коловоз на булеварот Крсте Мисирков кај МАНУ, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена и од денеска е отворен за сообраќај. Овој многу фреквентен дел од булеварот Крсте Мисирков изминативе денови се реконструираше на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај „Мавровка“, во должина од 550 метри, информираат од Град Скопје. За реконструкцијата на оваа сообраќајница од Буџетот на Град Скопје се одвоени околу 32 милиони денари. Градот Скопје пред две години го обнови делот…
Универзитетските социјални мрежи апелираа до оние кои во моментов се на Универзитетот, да го напуштат ако е можно, или да се затворат во собите Во пукање на Универзитет во рускиот град Перм, загинаа најмалку три лица, а четири се ранети. Универзитетските социјални мрежи апелираа до оние кои во моментов се на Универзитетот, да го напуштат ако е можно, или да се затворат во собите. На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како луѓето бегаат од прозори од двокатна зграда. Уште една снимка покажува вооружен човек во црно како полека оди низ Универзитетот, а луѓето панично бегаат. Стрелецот, наводно, е…
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица. Вкупно 1.037.309 лице, 323.286 домаќинства и 438.705 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Ова е прв трофеј од еврошампионатите за „азурите“ по 16 години и вкупно седма титула. Во финалето на Европското првенство во одбојка одиграно синоќа во Катовице, репрезентацијата на Италија ја совлада селекцијата на Словенија со 3:2. Резултатот по сетови: 22:25, 25:20, 20:25, 25:20 и 15:11. Ова е прв трофеј од еврошампионатите за „азурите“ по 16 години и вкупно седма титула. Италијанците триумфираа шест пати помеѓу 1989 и 2005 година. Покрај тоа, во нивната колекција медали имаат и четири сребрени и три бронзени. Капитенот на Италија, Симоне Џанели беше прогласен за најкорисен играч на турнирот. Словенија мораше повторно да се задоволи…