Author: НОВА ТВ Balaban

Оттаму предупредуваат дека неизвеноста во економијата повторно е зголемена во третиот квартал поради четвртиот бран од пандемијата и дека остануваат на проекцијата за раст на БДП од 4,1 процент годинава. Растот на Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал од годинава е резултат на отпочнувањето на масовната имунизација на населението и на нормализацијата на економските текови, оценува „Finance Think“ во најновиот извештај за макроекономските показатели за вториот квартал од годинава. Неизвеноста во економијата, предупредуваат оттаму,  повторно е зголемена во третиот квартал поради четвртиот бран од пандемијата, а остануваат на проекцијата за раст на БДП од 4,1 процент годинава. – Иако…

Read More

Додека екипите ќе работат на терен, сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата Кеј 13 Ноември (кај МКЦ) и по сервисните улици кај Судовите. Градот Скопје Ве известува дека од вечер, 06.09.2021 година, од 22 часот, па се до 05 часот наутро,на 07.09.2021 година поради изведба на градежни работи на булеварот Крсте Мисирков, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, односно коловозните ленти од страната на Судовите (источна страна). Додека екипите ќе работат на терен, сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата Кеј 13 Ноември (кај МКЦ) и по сервисните…

Read More

Граѓаните се снаоѓаат, но мора да изградиме нови основи на кои ќе базира идната економија, заклучи амбасадорката, која беше една од говорниците на првиот панел.  Големите компании маневрираат низ лавиринтите на бирократијата и инвестираат во Северна Македонија, но малите се соочуваат со предизвици на пазарот. Треба да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции, рече амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз. Брнз, која учествуваше на првиот панел од конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид“, истакна дека ова не се однесувае само…

Read More

Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, диспнеја и видлива агитираност кои се јавиле после интензивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Управата за извршување на санкции денеска соопшти зошто Зоран Милески е пуштен од затвор во времетрање од 30 дена. Го пренесуваме во целост соопштението: „Со решение на УИС од 10.08.2021 година, на осудениот Зоран Милески му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл.225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите. Казната затвор која оваа осудено лице ја издржува во…

Read More

Адамс беше во кома од март 1982 година, кога пред рутинска операција на коленото му беше вбризгана преголема доза анестетик што предизвика оштетување на мозокот. Поранешниот француски фудбалер Жан – Пјер Адамс, кој во текот на 70-те години од минатиот век го носеше репрезентативниот дрес, почина на 73-годишна возраст, откако 40 години беше во кома, соопштија денеска неговите поранешните клубови ПСЖ и Нанси. Адамс беше во кома од март 1982 година, кога пред рутинска операција на коленото му беше вбризгана преголема доза анестетик што предизвика оштетување на мозокот. Неговата сопруга Бернадет одби евтаназија и оттогаш постојано се грижеше за поранешниот француски репрезентативец. Роден во Сенегал, црномуресниот Адамс во…

Read More

Овој посебен интерес на ЕБОР, нагласи на средбата првиот заменик-претседател на банката Ригтеринк, е резултат на проектите што земјата ги понуди за поддршка и што беа препознаени како развојни и во согласност со политиките на Брисел за исполнување на стандардите на земјите кандидати за членство ЕУ. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска прими делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која денеска и утре учествува на меѓународната конференција „Економско заздравување и…

Read More

Арик Јаков – командант на затворската служба, изјави дека бегалците најверојатно отвориле дупка во подот на тоалетот на нивната ќелија, со цел да пристапат до премините направени за време на изградбата на затворот. Шестмина палестински милитанти денеска избегаа од израелски затвор со високо ниво на заштита, што премиерот Нафтали Бенет го нарече сериозен инцидент, пренесува Skynews. Израелската полиција и војската започнаа потрага по бегството кое се случи од затворот Гилбоа во северен Израел. Петмина од бегалците припаѓаат на движењето Исламски џихад, а меѓу нив е и поранешниот командант на вооружена група која е поврзана со водечката партија Фатах, соопшти затворската…

Read More

Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа и ако има каква било поврзаност со нешто сомнително, за тоа ќе се преземат мерки, изјави министерот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за време на денешната посета на реконструираниот објект на СВР Куманово, одговарајќи на новинарски прашања до каде е истрагата за сообраќајната несреќа во која е вклучен Зоран Милески-Кичеец и дали има вклучено српски државјани, рече дека стручните служби работат на утврдување на одговорноста. – Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата загуба, за сите други аспекти ќе се произнесат сите…

Read More

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2021 година (среда), Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.  Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста. ​

Read More

Освен тоа, дефинира прецизно поставена владина структура на единици и поделба на ингеренции кои ќе водат до успешна имплементација. Прв пат велиме да воспоставиме Delivery Unit, Monitoring Unit и PIMA преку кои ќе имаме навремен целосен увид за одредени приоритети, реализација, слабости, пречки и најургентни задачи. Јас искрено верувам дека ова е начинот да ги совладаме институционалните слабости и да ги зајакнеме нашите капацитети, рече Заев. Финансирање на закрепнувањето на економија од КОВИД и поддршка за забрзан одржлив раст со паралелно одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата, е целта на…

Read More

По една година, според денешните официјални статистички податоци, можеме да кажеме дека кризата и официјално одминува и економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe. Во вториот квартал од годинава регистриран е позитивен раст на бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент, рече Заев  Учиме од минатото, дејствуваме во сегашноста, се подготвуваме за иднината, порачаа премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими во  воведните обраќања со кои и официјално ја отворија Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД 19“ која почна денеска во Скопје, во рамки на…

Read More

Дипломатите, додека не ги побара некоја земја како и за секој граѓанин важат истите права и навистина ние не можеме за наш граѓанин да преземеме какви било дејствија ако тоа некој не го побара. А самите дипломати, односно вработени во МНР работат и дома и работат во нашите мисии, односно амбасадите насекаде. Одреден период се надвор, одреден период се дома, рече Заев. Во врска со апсењето на високиот дипломатски службеник, Миле Миленкоски, кој беше уапсен на 27 август годинава во Србија, Оливер Спасовски за време на  посетата на Куманово денеска изјави дека не бил министер за внатрешни работи кога била…

Read More