Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев со висока делегација на ЕБОР: Приоритетите на земјата ја ставаат Северна Македонија на специјално место во програмите на банката за поддршка на развојните проекти

0
By НОВА ТВ Balaban on September 6, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 6, 2021 14:39

Овој посебен интерес на ЕБОР, нагласи на средбата првиот заменик-претседател на банката Ригтеринк, е резултат на проектите што земјата ги понуди за поддршка и што беа препознаени како развојни и во согласност со политиките на Брисел за исполнување на стандардите на земјите кандидати за членство ЕУ.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска прими делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која денеска и утре учествува на меѓународната конференција „Економско заздравување и раст по Ковид” во организација на Министерството за финансии.

Јирген Ригтеринк, првиот заменик-претседател на банката, кој ја предводеше делегацијата на ЕБОР, која е во Скопје на високо ниво, придружуван од директорот на ЕБОР за Северна Македонија, Холандија, НР Кина, Монголија и Ерменија, од Шарлота Руе, директорка во ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Матео Коланџели, директор за Западен Балкан, Сузан Герансон, директорка на групата на ЕБОР Инфра Европа и Одржлива инфраструктура, и Анди Аранитаси, шефот на канцеларијата на ЕБОР во Северна Македонија, изрази благодарност за можноста висок тим на претставници на менаџерскиот тим да учествува на конференцијата во Скопје и истакна дека банката до сега во проекти во земјата има вложени две милијарди евра, од кои само во последните четири години повеќе од 500 милиони евра.

Овој посебен интерес на ЕБОР, нагласи на средбата првиот заменик-претседател на банката Ригтеринк, е резултат на проектите што земјата ги понуди за поддршка и што беа препознаени како развојни и во согласност со политиките на Брисел за исполнување на стандардите на земјите кандидати за членство ЕУ.

Премиерот Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата и на граѓаните на Република Северна Македонија за финансиската поддршка на европеизацијата на земјата во широк аспект на области и потенцираше дека таа поддршка има многу значајно место во економските и финансиските остварувања на земјата и претставува признание за политиките на земјата за поттикнување на развојот според европските критериуми.

Претседателот на Владата, Зоран Заев пред високата делегација на ЕБОР ги претстави приоритетите на земјата во наредниот период со посебна нагласка на инвестициите во енергетските капацитети со обновливите извори и во транзицијата на земјата од фосилни горива во зелена енергија, особено во соларната, во ветерните електрани, како и во гасификацијата во сите нејзини аспекти.

Делегацијата на ЕБОР покажа особено одобрување на проектите поврзани со дигитализацијата, посебно во делот на зајакнување на капацитетите на јавната администрацијата и правосудството во борбата со корупцијата, како во делот на капиталните инфраструктурни проекти во рамките на Коридорот 8.

На средбата на премиерот Заев со заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, со делегацијата на Европската банка за обнова и развој, нејзините претставници истакнаа дека приоритетите на Северна Македонија ја ставаат земјата на специјално место во политиките за поддршка на банката.

Делегација ЕБОР Европската банка за обнова и развој Зоран Заев Фатмир Бесими Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.