Author: НОВА ТВ Balaban

Во Њујорк се потврдени 17 смртни случаи, четири во Вестчестер, а останатите во градот Њујорк, каде речиси сите жртви беа заробени во нелегални подрумски станови, изјави портпаролката на гувернерката Кејти Хочул. Најмалку 50 луѓе загинаа во ураганот Ида, кој го погоди североисточниот дел на САД, додека голем број луѓе се уште се водат како исчезнати, а папата Франциско ги повика погодените од катастрофата да бидат силни. Во Њујорк се потврдени 17 смртни случаи, четири во Вестчестер, а останатите во градот Њујорк, каде речиси сите жртви беа заробени во нелегални подрумски станови, изјави портпаролката на гувернерката Кејти Хочул. Во Њу Џерси…

Read More

На првиот панел насловен „Глобални и регионални предизвици и изгледи за опоравување и раст”, најавени се обраќања на Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во Северна Македонија, Ендру Вајт од Окфорд универзитетот, заменик претседателот на Влада, Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, Мајлинда Брегу, генерален секретар на РСС, како и Хаолианг Ху од УНДП. Во Скопје денеска и утре ќе дебатираат претставници на меѓународните  финансиски институции, на бизнис-секторот, како и на извршната и на локалната власт од земјава и од регионот за економското заздравување и растот по Ковид…

Read More

Исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 6 септември – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ, а на 7 септември – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за август 2021 година, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП). – Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка…

Read More

Вкупно се хоспитализирани 91 лице, од кои 90 на кислородна поддршка, а еден на неинвазивен респиратор. Од хоспитализираните, само еден е со една доза вакцина, додека сите имаат хронични болести. Во текот на 24 часа имаше шест нови приеми на болничко лекување, а двајца се пуштени дома, изјави д-р Миранда Пајазити. Во изминатите 24 часа до 7 часот утринава во тетовскиот ковид-центар во Клиничката болница починале шест лица кои биле на болничко лекување поради ковид-19. Бројот на хоспитализирани падна под 100, а има и се помалку прегледи и контроли во амбулантата. – Од шесте починати пациенти најмладиот е на 53…

Read More

Хекер, советникот за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, ја презеде функцијата на 24 август, објави Амбасадата во Пекинг на социјалната мрежа Вичет. Причината за смртта се уште не е утврдена. Германскиот амбасадор во Кина, Јан Хекер почина на 54-годишна возраст, помалку од две недели откако ја презеде функцијата, соопшти германското Министерство за надворешни работи. Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, ја презеде функцијата на 24 август, објави Амбасадата во Пекинг на социјалната мрежа Вичет. Причината за смртта се уште не е утврдена. – Ние сме во длабока тага поради ненадејната смрт на германскиот амбасадор во Кина,…

Read More

Граѓаните на Албанија, коишто немаат ниту еден од потребните документи по пристигнувањето во земјата, мора да бидат ставени во карантин десет дена. Во Албанија, исто така, во сила е полициски час од 23 часот до 6 часот наутро. Во Албанија од денеска стапија во сила новите мерки против ширењето на ковид-19, кои предвидуваат дека ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација. При влегување во земјата, потребно е да се покаже сертификатот за вакцинација, со поминати најмалку две недели од целосната вакцинација, негативен ПЦР тест,…

Read More

Убаво поминавме… тие почнаа да се чудат, а им објаснивме дека кај нас обичај е со мекици да го одбележиме доаѓањето на свет на нов член во семејството. Однесовме 200 мекици, а сите бегалци ги бендисаа и наздравија во чест на нивниот најмлад сонародник – изјави за НоваТВ, Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на град Скопје. Мекици замирисаа денеска во хотелот Белви, за добредојде на првото бебе од Авганистан кое се роди во вторникот на Клиниката за гинекологија, односно  уште на вториот ден по доаѓањето во Македонија на првата група од 149 бегалци. Активистите на Црвениот Крст на…

Read More

Како што потврдуваат од Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацови на Водно“, на ваквата одлука има право на жалба во рок од три дена до Апелација. Бизнисменот Јордан Камчев останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако Кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја одби понудената гаранција. Како што потврдуваат од Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацови на Водно“, на ваквата одлука има право на жалба во рок од три дена до Апелација. Бранителот на Камчев, адвокат Еленко Миланов, минатата недела на прес-конференција, информираше за понудената гаранција за тој да…

Read More

Нема никакви показатели дека вакцината влијае на стерилитет, но болеста ковид-19 влијае на репродуктивното здравје – нагласи Маркотиќ. Крунослав Цапак, директор на Институтот за јавно здравје, на денешната прес-конференција во Владата на Република Хрватска, открива дека многу брзо ќе започне и вакцинирање со трета доза, но на почеток, само за имунокомпромитирани лица. Министерот за здравство, Вили Берош, испрати порака на антиваксерите, изјавувајќи дека дозволува нивно мислење, но да не влијаат на други, пренесува Index.hr. Берош информираше и колку деца се хоспитализирани во четвртиот бран, со напомена дека тој број е поголем отколку во третиот. Директорката на Клиниката за инфективни заболувања…

Read More

Во моментов, со физичко присуство, настава посетуваат над 233.000 ученици во државата. Посакувам тој процент на заразени да остане во периодот кој следи, истакна Царовска. Директорката на ОУ „Ацо Шопов“, Лепа Дохчева, рече дека од 870 ученици само 10 се пријавиле да следат настава онлајн, која е веќе започната. Ниту еден ученик не се заразил во училиште и нема интерна трансмисија, изјави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, при  посетата на ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани, општина Бутел. Таа не одговори за кои училишта со позитивни случаи станува збор и нагласи дека епидемиолошките служби се на терен и постапуваат.…

Read More

Државата, Владата, Министерството за образование и наука постојат за граѓаните, а двојно повеќе постојат за децата, рече Заев Државата ќе скрати оттаму каде што е помалку важно, за да обезбеди средства за набавка на таблет уреди за сите дечиња од посиромашните семејства за да се чувствуваат еднакви со другите, порача денеска премиерот Зоран Заев. – Државата, Владата, Министерството за образование и наука постојат за граѓаните, а двојно повеќе постојат за децата. Нема дилеми дека ќе направиме се за да обезбедиме еднакви услови за сите за никој да не се чувствува заборавен и сите деца, пред се, оние кои доаѓаат од…

Read More

Ова е прв самостоен настап на една бошњачка партија на едни избори во Република северна Македонија. Мунир Колашинац, претседателот на БДС е и официјално кандидат за градоначалник на Град Скопје. По само неколку дена од најавата за самостоен настап на локалните избори 2021 година, денеска на официјална прес конференција беше најавена кандидатурата на господин Мунир Колашинац градоначалник на Град Скопје. Покрај господинот Мунир Колашинац во Град Скопје, Бошњачки Демократски Сојуз, на овие избори ќе настапи со свои градоначалници во Општина Чаир, каде кандидат е Бедро Хот, во Општина Долнени, каде кандидат ќе биде Адмир Ујкановиќ и во Општина Велес, каде…

Read More