Author: НОВА ТВ Balaban

Имаме сознанија дека во моментов во општините за добивање на дозвола за поставување на сончеви колектори се чека од 60 до 90 дена. Нашиот предлог е да се воспостави рок од 7 – 10 дена за добивање на дозвола, истакна Ангелоски Во однос на цените на основните прехранбени производи, повторно го истакнуваме барањето за активирање на стоковите резерви. Исто така мора да се влијае на поттикнување на домашно производство на храна, рече денеска Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори. Тој нагласи дека „бизнисите се наоѓаат под голем притисок кој мора да се намали со мерки за поддршка кои…

Read More

Внимавајте и на дишењето и обидете се да вдишите во стомакот, притоа исправајќи се. За да ги опуштите очите од постојаното гледање блиску, доколку можете, свртете го погледот на поголема далечина, како што се облаците или врвовите на дрвјата, препорачува проф. Пепер. Стресот предизвикан од современиот начин на работа на компјутер e предизвик за сечие тело. Главата и вратот често страдаат од положбата во којашто се наоѓаат со часови, па болката е придружена со проблеми со рамената, очите и траен замор. – Понекогаш лошото држење е причина за болка и непријатност во нашето тело. Направете еден брз експеримент… Турнете ја…

Read More

По веста којашто на својот Фејсбук профил ја сподели д-р Ненад Лазаров, дека утрово до 8.30 часот се издадени 1.150 кутии диазепам, а оваа бројка до 11 часот се зголемила на 6.200 кутии, од Здружението на приватни лекари велат:  –  Тоа, главно, е редовна терапија што им ја препишуваме за наредните 3  месеци, бидејќи се наближува лето и многу повозрасни пациенти  заминуваат по селата и на одмор. Но сигурно е дека, освен како хронична терапија, дел е препишан и за акутни состојби. Живееме во многу стресен период, фирми се затвараат, еве и цените повторно се зголемуваат, па дел од граѓаните…

Read More

Тие супстанции и натаму остануваат илегални, но возрасните лица кај кои полицијата ќе ги пронајде нема да бидат приведувани или обвинувани, ниту ќе им биде запленета дрогата. Наместо тоа, ќе им бидат приложени дополнителни информации за достапноста до здавствени или социјални услуги. Канада денеска најави дека во покраината Британска Колумбија привремено ќе биде декриминализирано поседувањето мали количества дрога. Како што објави Би-Би-Си, пробниот период што за првпат ќе се спроведува во Канада ќе трае три години. Според одредбите, на возрасните лица ќе им биде дозволено да поседуваат вкупно 2,5 грама опоиди, кокаин, метамфетамин или екстази. Тие супстанции и натаму остануваат…

Read More

Освен цените на храната, вивнаа и оние на горивата кои од ноќеска на полноќ се продаваат по околу 100 денари за литар, со што го достигнаа плафонот. Граѓаните се прашуваат дали и кога Владата повторно ќе донесе нов пакет мерки со кои ќе го ублажи барем малку ценовниот шок.  Основните прехранбени артикли осамнаа денес со нови, повисоки цени – зејтинот се продава по 155, но и по 164 денари, белиот леб е 40 денари, млекото 65, брашното 58. Во некои маркети вработените се уште ги ставаа новите цени на артиклите, бидејќи од денеска веќе не важат антикризните мерки со кои…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 54, Охрид – 9, Битола – 8, Прилеп и Берово – по 3, Велес, Штип и Кочани – по 2, Тетово, Кавадарци, Гостивар и Неготино – по 1. Од вкупниот број на позитивни (87), регистрирани се 10 реинфекции. Регистриран e 141 оздравен пациент од: Скопје – 93, Битола и Штип – по 10, Кичево – 5, Прилеп – 4, Охрид и Кавадарци – по 3, Берово, Велес, Тетово, Гостивар, Струга,…

Read More

Добри вести! По многу напори на екипата на Територијалната противпожарна единица и доброволци, конечно е изгаснат пожарот во магацинот на фабриката “Пофикс“. Напорите од нашите херои го дадоа долгоочекуваниот резултат. Ваквите настани посакувам да не се повторат, со надеж дека иднината ќе биде добра и светла!, објави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на својот Фејсбук профил. Тој им се заблагодари на сите учесници кои, како што објави, помогнаа во овие два исклучително тешки дена.  Пожарот во Тетово избувна вчера околу 9:30 часот, а синоќа беше локализиран. Но до денеска попладне во градот се уште се чувствуваше чадот и непријатната миризба…

Read More

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Г.А., од Пробиштип, вработен во полициска станица на ОВР Пробиштип при СВР Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, предвидено во член 143 став 1 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот, во својство на полициски службеник, на 27.03.2022 година при извршувањето на службени дејствија на јавно место во село Добрево, општина Пробиштип, неосновано и прекумерно употребил физичка сила и застрашување врз едно лице од пробиштипско село. Против…

Read More

Градоначалниците ќе склучат и Меморандум за соработка помеѓу општините Иванчева Горица, Гросупље, Гази Баба и Илинден. Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски и секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски присуствуваат во посета на Република Словенија. При посетата градоначалниците Стефковски и Георгиевски присуствуваа на меѓународен настан на кој ги презентираат инвестициските потенцијали со кои располагаат двете општини. Покрај инвестициските потенцијали, градоначалниците на своите колеги од Словенија им ги презентираа и проектите финансирани од меѓународни фондови кои во изминатите години се реализирани во општините Гази Баба и Илинден. Покрај присуството на настанот, градоначалниците ќе склучат…

Read More

Улогите ги толкуваат: Сања Керкез од Србија (Аида), Виталиј Ковалчук од Украина (Радамес), Сања Анастасија од Србија (Амнерис), Владимир Саздовски (Рамфис), Игор Дурловски (Фараон), Отар Накашидзе од Грузија (Амонсаро), Катерина Стојановска (Главна свештеничка), Дејан Стоев (Гласник), балетски солист Ивана Коцевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Во фоајето на Националната опера вечерва ќе се одржи промоцијата на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски. Монографијата го обработува петдеценискиот развоен пат на единствената оперска манифестација во регионов и пошироко. Промотор на монографијата е м-р Весна Малјановска. Вечер со почеток во 20 часот, оперската претстава „Аида“ од…

Read More

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нурдини, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, ја посетија опожарената инсталација на компанијата „Пофикс“ во Тетово. При посетата, се сретнаа со сопствениците на компанијата и разговараа за потребните мерки и поддршка за санација на штетите, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Министерот Нуредини информираше дека внимателно се следат податоците за состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух од мониторинг станицата во Тетово. – Согласно часовните податоци, во текот на претпладнето забележано е само мало покачување на часовни концентрации на ПМ 10 честичките, но…

Read More

Главното прашање е колку траела изложеноста на овие штетни гасови – ако продолжат да растат вредностите, кај граѓаните во Тетово може да се јават здравствени проблеми, а ако почнат да се намалуваат, не би требало да се очекуваат проблеми, вели за НоваТВ проф. д-р Нико Беќаровски, токсиколог. Но доколку некој од граѓаните почувствува зешеметеност, поспаност, тешкотии во дишење и други проблеми, задолжително да се јави на лекар.  Во моментот се забележува сосемо мало покачување на одредени параметри и нема место за паника, соопштија предмалку од Канцеларијата за комуникација на Министерството за животна средина и просторно планирање, по големиот пожар во…

Read More