Author: НОВА ТВ Balaban

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил попладнево објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација. – Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инактивиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна за превенција на тешка болест, се дава мускулно во рамо, препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици. Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица,  вели во Фејсбук статусот министерот Филипче.

Read More

Утре (27.06.2021) по 10 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигне пратка од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“. Тоа е најголемата пратка на вакцини, а според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче, со нив граѓаните ќе почнат да се имунизираат на почетокот од идната недела. Во земјата вчера пристигнаа и над 100 илјади вакцини од „Фајзер“, преку Ковакс механизмот.

Read More

Со неколкучасовна блокада на влезот на автокампот „Градиште“ кај Охрид, поранешните сопственици на имоти на едно од најатрактивните земјиште на брегот на Охридското езеро, бараат парцелите да им бидат вратени. Парцелите им биле одземени во 1957 година, со конфискација од страна на државата, тврдат луѓето коишто денеска протестираа, Иако дел од имотот, кој бил во сопственост на МПЦ, со Законот за денационализација црквата успеала да си го врати во 2008 година, но не и 36 семејства со околу 150 наследници. Тие со децении се обидуваат да дојдат до земјиштето на атрактивни локации, кое според нивните пресметки, вреди над 20 милиони…

Read More

Сите родители да си ги прифатат децата такви какви што се, да не се откажуваат никако од нив и да разговараат со нив, порача Марија Костадиновска, мајка на ЛГБТИ девојка на втората Парада на гордоста која под мотото “Вон ѕидовите” се одржа денеска во Скопје. Главната порака на учесниците на Скопје Прајд е „Љубовта е љубов“, а дека „таа е посилна кога нашите гласови се обединети„ но и дека повеќе не треба да се сокриваме, туку да имаме право да учествуваме во сите сфери на живеењето“. Побараа и донесување закон за правно признавање на род. Стотици поддржувачи на ЛГБТИ заедницата…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите информираше за претстојната меѓународна конференција под наслов „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на Преспа Форумот за дијалог, која ќе се одржи на 1 – 2 јули, во Охрид и Отешево. „Наредната недела, во Охрид и Отешево ќе се одржи најголемата меѓународна конференција која државава ја има организирано. Во основата на Преспа Форумот за дијалог се наоѓаат три столба – Тоа се Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само…

Read More

На втората Парада на гордоста, која денеска се одржува во Скопје, учествуваше и претседателот Стево Пендаровски со својата сопруга Елизабета Ѓоргиевска. – Почит кон различностите. Да не ги стигматизираме и да не ги изолираме луѓето поради нивната сексуална ориентација. Секој има право на избор, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Read More

Туристички автобус од српски превозник, кој пренесувал руски туристи, бил каменуван и ограбен во Скопје, пишува „Блиц“. Но МВР предмалку соопшти дека било оштетено возачкото стакло на автобус, но истиот не бил ограбен. „На 26.06.2021 во 09.10 часот во Полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет извршил оштетување на возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија, кој тој го паркирал на паркинг простор на ул.„Филип Втори Македонски“. Според пријавеното, освен оштетување на…

Read More

Пет мртви и околу 200 повредени како и голема материјална штета, е епилогот од опасното торнадо што го зафати југот на Чешка. Торнадото поминало растојание од 26 километри и опфатило ширина од 500 метри. Нема објаснување на што се должи појавата на бури во централна Европа , но факт е дека една од нив го формирала ова торнадо. „ Се поклопија сите динамични атмосферски услови , кои се потребни за формирање на толку разорувачко торнадо- силна нестабилност на атмосферата, промена на правецот на ветерот по висина, исклучително висока енергија и механизам кој таа енергија можекл да ја исјкористи. Дојде до…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје  –  3, Тетово – 2 и Струмица – 1. Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – по 1. Не се регистрирани починати лица. Направени се 3.147 тестови преку: ИЈЗ-388, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–20, МАНУ-49, Жан Митрев (Филип Втори)-96,…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вчера се обрати на настанот по повод првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана” во Куманово. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, и други гости спортски работници од општината и од државата.Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:„Ми претставува навистина искрено задоволство да бидам дел од овој настан со кој ја означуваме како готова првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и…

Read More

Со присуство на стотици луѓе, музика којашто ечи од подвижна бина, со знаменца и транспаренти, меѓу кои се виори и пораката  „Доста е криење“, денеска напладне започна втората Парада на гордоста во Скопје, која треба да заврши попладнево во Градскиот парк. https://www.youtube.com/watch?v=DnZTe28ZzCQ&t=89s Граѓани уште од 10 часот се собраа во паркот „Жена борец“, каде ги земаа алките за влез на парадата. Националната мрежа против хомофобија и трансфобија е организатор и на втората Парада на гордоста. Првата парада во Скопје се одржа во 2019 година,  а во минатата година оваа манифестација не беше одржана поради епидемијата на Ковид-19. Премиерот Зоран Заев…

Read More

Правилата за патување во Грција остануваат непроменети и продолжени за уште една седмица, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник, стапи во сила утрово, а меѓу другото, важи и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус,…

Read More