Author: НОВА ТВ Balaban

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс тајно се венчале во Лондон, објавија синоќа лондонските медиуми. Медиумите наведуваат дека Џонсон (56) и Симондс (33) се венчале вчера на приватна свеченост во Вестминстерската катедрала, во присуство на мал број роднини и пријатели. Таблоидот „Сан“ пишува дека ниту членовите на Владата не знаеле дека е планирана венчавка. Според британските мерки воведени поради спречување на коронавирусот, на свадбена церемонија можат да присуствуваат најмногу 30 луѓе. Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие го имаат едногодишниот син Вилфред. Премиерот на Велика Британија зад себе има два брака,…

Read More

Пасошите за вакцинација во моментов се најбарани во Германија, а се појавуваат сè поголем број фалсификувани документи. Државното обвинителство во Минхен соопшти дека во моментов пасошот за вакцинација е „најбараната фалсификувана стока“. Преку онлајн платформите, како што е Телеграм, може да се стигне до таков фалсификат. – Цените на фалсификуваните пасоши за имунизација со внесени вакцини против Ковид-19 се меѓу висок двоцифрен и низок трицифрен број, се наведува во соопштението. Постојат и „посебни услови“ за оние кои порачуваат повеќе од еден пасош. Полицијата посочува дека овие пасоши лесно се фалсификуваат, бидејќи празни пасоши можат легално да се нарачаат, а печатот…

Read More

Три ветерни паркови кои ќе генерираат преку 90 мегавати енергија вредни 110 милиони евра ќе се градат во Богданци, Свети Николе и Демир Капија. Овие инвестиции вчера ги најави премиерот Зоран Заев на презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата. Ветерниот парк во Богданци е инвестиција на ЕНЕРГО системи Словенија и Австрија вредна 50 милиони евра. Овој ветерен парк се очекува да произведува 30 мегавати енергија. Втората инвестиција е во Свети Николе 36 мегавати, а лиценцата е добиена од домашен инвеститор. Вкупната инвестиција во овој ветерн парк е 60 милиони евра. Во текот на летото се очекува да…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче информира дека од утрово во 6:33 часот почна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја. Овој пат е најден трет донор, откако претходно тоа го сторија семејствата на Емилија Динева и Верица Белчовска. На двајца пациенти дополнително ќе им се трансплантираат бубрези. – Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде…

Read More

Под мотото „Правда за Уставобранителите“ пред Владата вечерва се одржува најавениот протест за поддршка и правда за осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Граѓаните коишто протестираат  извикуваат „Оставка“, „Никогаш северна, само Македонија“, „Ние сме гласот на патриотите“ и друго. Според организаторите на протестот, организации и здруженија од дијаспората, обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“ се политички монтирани. Нивните барања се Врховниот суд да го поништи судењето и да има ново, бидејќи, како што тврди организаторот на протестот, имало лажни сведоци. Протестот го поддржаа и од ВМРО-ДПМНЕ, а и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски,…

Read More

Инвестиции во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра предвидува Владата со Интервентниот план за инвестиции (ИПИ) 2021-2027.  Ски центри на Попова Шапка и Царев Врв, маркети „Лидл’ , фотонапонска електрана во Штип, автопати, Клинички центар, но и капацитети за преработка на отпад, пречистителни станици и други инвестиции најави премиерот Зоран Заев, претставувајќи го денеска Интервентниот план за 2021-2027. Планот содржи јавни и приватни инвестиции кои се во согласност со стратегиите за економски раст на земјата. Од овие средства 5 милијарди и 791 милиони евра се јавни инвестиции, а 2 милијарди и 384 милиони евра се планирани приватни инвестиции.…

Read More

Шкотската архитектонска фирма „Кетли Колектив“ ги објави плановите за изградба на вториот највисок облакодер во светот, кој ќе се наоѓа во рускиот град Санкт Петербург. Лакта Центар 2 ќе биде висок 703 метри, а највисоката зграда на светот Бурџ Халифа во Дубаи со 828 метри. За споредба, сегашната втора по височина зграда во светот е Шангајската кула со височина од 632 метра. Лакта Центар 2 ќе се гради на периферијата на Санкт Бетербург, во близина на оригиналниот Лакта центар, која е највисока зграда во Европа со 462 метра височина и во која се наоѓа седиштето на компанијата Газпром. – Новиот…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека целиот фокус на Владата е кон Бугарија со сите бугарски институции, пред сѐ претседателот на Бугарија, Румен Радев, но и со премиерот Стефан Јанев и министерот за надворешни работи.   Владата се надева дека во јуни навистина тие ќе дадат поддршка за следниот чекор во интегративните процеси на Македонија. Наредната недела Заев за првпат треба да се сретне со бугарскиот технички премиер Јанев и тоа на граничниот премин Деве Баир каде од Бугарија треба да бидат донирани 50 илјади вакцини против Ковид – 19. – Пред два дена се слушнав со премиерот Јанев и договоривме…

Read More

Не очекуваме раст на цените на струјата годинава заради соодветните политики што ги правиме за да направиме меко спуштање во либерализацијата во време кога приватните компании веќе се на слободниот пазар на електрична енергија и не можат да покријат дел од трошоците на домаќинствата, најави премиерот Зоран Заев денеска при презентацијата на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 во Владата. – Со стратегии поставени од државата веруваме дека ќе развиеме одлична стратегија која ќе предизвика сериозни инвестиции во фотонапонски електрани, ветерници и гасни централи, за да направиме транзиција на енергетскиот систем. Инвестициите во обновливи извори на енергија, секако, ќе ги…

Read More

Дивоградбите од „Скопје 2014“ не се планира со законот да се легализираат, како што не се планирани дивоградбите во заштитеното подрачје, согласно управувачкиот план во охридскиот регион заради УНЕСКО. Со нелегализирање на ваквите објекти се очекува да завршат правните постапки за да има нивно отстранување, истакна денеска премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека соодветно на категорија прва градба, надлежно е  Министерството за транспорт и врски, односно Државниот градежен инспекторат, а за категорија втора и други градби надлежни се општините . – Нема легализација заради тоа што се работи за катни објекти, не се индивидуални домови. Се работи за катни објакети,…

Read More

Здравствените власти во Романија започнаа да имунизираат и деца на возраст меѓу 12 и 15 години со вакцината на Фајзер/БиоНТек, објави Дојче Веле. Во еден од градските паркови во Букурешт денеска беа поставени два мобилни пункта, каде што против Ковид-19  доброволно се вакцинираат оние коишто имаат желба за тоа. Според порталот Хотњуз, вакцината им се дава на деца само со претходно потпишана согласност од родителите.

Read More

Претставувајќи го Интервентниот план за инвестиции, премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека германскиот ланец маркети „Лидл“ ќе инвестира 300 милиони евра во Македонија, а ќе има обрвска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот. – „Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје, а првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар.  Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови, рече Заев. Премиерот нагласи дека ланецот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи коишто ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.

Read More