Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 70, Битола- 13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес,Гостивар, Кичево и Неготино – по 2, Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар – по 1. Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 56, Битола – 7,Прилеп – 4, Гостивар, Берово и Кичево – по 2, Кавадарци,Гевгелија, Кочани и Ресен – по 1. Во текот на изминатите 24…
На регионалниот пат Тетово-Скопје кај Желино вчера во пожар изгоре возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. Огнот во возилото започнал додека автомобилот бил во движење, а при тоа возачот не бил повреден. -Во 15 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, по кое се движело, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ф.(18) од тетовска Палатица. Нема повредени лица, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран, информираше СВР Тетово. Од пожарната информираа дека интервенирале две екипи со вкупно пет пожарникари.
Имаме околу 200 милиони евра отплата на претходен долг, рече Бесими. Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Одговaрајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир, Бесими нагласи дека очекува Собранието во наредните денови да закаже пленарна седница за ребалансот. – Со ребалансот се дава одговор на кризата. Мерките што се најавени, се гледаат. Зошто одиме со овој ребаланс и што сакаме да постигнеме –…
Без вода денеска ќе бидат корисниците од Батинци, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „8/15“.
Од УХМР потврдуваат дека со температура од 34 степени сме на граница за прогласување на жолт метео аларм, но натпросечно топлото време нема многу денови да се задржи, само до петок. Тропски горештини со температури и до 34 степени Целзиусови се очекуваат и утре и задутре, а за викенд нестабилно време со грмотевици и дожд, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата од 34 степени во мај е гранична за прогласување жолт метео аларм, којшто сепак нема да биде активиран. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните…
Новата опрема, како и новиот веб сајт на Собранието, ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и ќе им овозможат полесен пристап на граѓаните до голем број информации за работата на законодавниот дом. Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на денешниот редовен брифинг со претставници на медиумите, информираше за тековните активности во законодавниот дом, со акцент на можностите што ги нуди новата техника во салата за пленарни седници. Претседателот информираше дека од утре (26 мај 2022 год.), пратениците се враќаат во салата број 1, каде што, со почеток во 11 часот, ќе се одржи новата 72.…
Вирусот на мајмунски сипаници постои половина век. Сите земји имаат проблем да обезбедат квалитетен третман и дијагностика. Институтот за јавно здравје веќе воспостави контакт со Светската здравствена организација (СЗО) да се набават тестови и терапии за ова заболување. Симптомите на ова вирусно заболување се промена на кожата и појава на меурчиња, зголемена телесна температура, болки во мускулите, изнемоштеност, нагласи на денешната прес-конференција д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Нема потреба од кревање паника во земјата поради мајмунски сипаници, а целта на Комисијата е да го подготви системот колку што е можно подобро за одговор на евентуална епидемија, рече д-р Мехмедовиќ. Комисијата покажа загриженост затоа што имаме ширење на мајмунските сипаници во светот и тоа надвор од оние ендемични базени како што е Централна Африка и западна Африка. Светот и Светската здравствена организација и сите релевантни институции коишто ги следат заразните болести, покажуваат, исто така, одреден степен на загриженост во однос на тоа како се шират мајмунските сипаници, изјави по денешниот состанок д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за…
Полицаецот Лудијам Заими си го уби својот колега со службен пиштол во полициска станица во Тирана, јавуваат медиумите во Албанија. На неколку телевизии се појавија и снимки од надзорните камери кадешто се гледа инцидентот. На снимката се гледа дека полицаецот Чауш Салијани во еден момент излезе од просторијата, седна покрај вратата, а потоа Заими излезе по него и извлече пиштол, по што истрела најмалку шест куршуми. Заими потоа се обидел да избега, но бил уапсен пред полициската станица. https://youtu.be/kldChRr3jc4
Тешка сообраќајка несреќа утринава се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на „Веро“ во Тафталиџе. Во сообраќајката се судриле автомобил „БМВ“ и мотор, а неофицијално, има и повредени лица. Се очекува МВР денеска да соопшти повеќе детали за несреќата.
Кога вработената му кажала дека таблетите не се издаваат без лекарски рецепт, тој преминал од другата страна на пултот и ѝ се заканил со нож. Потоа ја отворил касата и го одзел целиот дневен промет и повторно побарал од неа да му даде таблети. Во тој момент, оштетената го фатила за рака за да не избега, но детето ја удрило со тврд предмет и ѝ нанело телесна повреда. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка против дете за кое постои основано сомнение дека сторило кривично…
Министерот за здравство, д-р Беким Сали, учествува на 75-та Асамблеја на Светската здравствена организација во Женева, Швајцарија. Во рамки на своето обраќање, на тема „Здравје за мир и мир за здравје”, министерот Сали се осврна на реализираните активности и подготвеноста на здравствениот систем за што поуспешно справување со ковид пандемијата, што е добра основа и за соочување со идни кризни состојби. – Последните две години пандемијата ковид-19 беше предизвик за сите нас. За жал, пандемијата одзеде човечки животи и во Република Северна Македонија. Сето ова претставуваше вистински предизвик и ја подигна потребата од цврста основа за брзи и долгорочни мерки…