Author: НОВА ТВ Balaban

Комисијата за економски и финансиски криминал во Нигерија соопшти за апсење на генералниот сметководител, Ахмед Идрис, поради сомнение за проневерување на речиси 200 милиони долари јавни фондови. Идрис преку членови на семејството и блиски лица инвестирал во недвижен имот во Нигерија, според податоците од Комисијата. Нигерија со години се бори со корупција. Но, медиуми наведуваат дека успешно се гонети политичари, полицајци, како и државни службеници. 

Read More

Уште една песочна бура го погоди Техеран и затвори училишта и државни канцеларии, јавија денеска локални медиуми. Се наведува дека квалитетот на воздухот е многу лош, има високо загадување од прашина. Станува збор за трета силна песочна бура што го погодува Иран од средината на април. Минатата недела исто така се затворија училишта во Техеран и во други провинции поради слични песочни бури. За првпат денеска се затворени и канцеларии на Владата. Техеран спаѓа меѓу најзагадените градови во светот. Во западниот дел на земјата, чести се затворањата на училишта и деловни згради поради песочни бури. Десетици летови вчера беа откажани…

Read More

Најмладиот пациент што деновиве му беше дијагностициран рак е девојка на 22-годишна возраст, а најголемиот дел од пациентите се на возраст од 60 до 70 години. Во претходните три години и во услови на пандемија на нашата клиника нема листи на чекање ниту за хемотерапија, ниту за радиотерапија. Ниту еден пациент не е вратен, сите се прегледани и  навреме ја примаат терапијата, изјави денеска вели д-р Нино Васев, директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија на денешната промоција на новиот  линеарен акцелератор од типот Varian, марка „Halcyon”. Акцелераторот веќе е во функција, а д-р Васев, заедно со министерот и…

Read More

Клиничкиот центар е проект за кој се зборува веќе 17 години. Од првата недела кога стапив на функцијата кажав дека едно од можните решенија за сите проблеми со кои се соочуваме во здравството е изградбата на новата Универзитетска клиника во Скопје која што ќе биде супституција на постоечката Универзитетска клиника. Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека локацијата засега се уште останува Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која веќе има болница со надградување и проширување на…

Read More

Во наредниов период Комисијата за заразни болести ќе направи симулација за можна појава на петти бран на ковид-19, најави денеска министерот за здравство, Беким Сали. Комисијата ќе планира како да се справиме со лекување пациенти со постковид компликации. – Со попуштањето на мерките најавив дека постковид периодот е значаен за сите граѓани и, воопшто, за здравствениот систем. Комисијата ќе продолжи со работа, не со истото темпо, но со планирање како да се справиме со постковид. Дали во еден објект ќе се третираат сите постковид компликации или повеќе клиники за  пациентите. Секако една од целите ни е симулација на можна појава…

Read More

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022): Направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на  ковид-19: Скопје – 106, Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен – по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Гостивар и Кочани – по 3, Кичево и Берово – по 2, Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар – по 1. Од вкупниот број на позитивни (176), регистрирани се 31 реинфекции. Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 70, Прилеп –…

Read More

Додека не се изготви обвинителниот акт, сѐ е шпекулација за  одговорноста за пожарот во тетовската болница, сепак актот сѐ уште се изготвува. Кога тоа ќе биде изготвено, јавноста веднаш ќе биде известена, ни изјавија од Основното јавно обвинителство во Скопје Неколку медиуми денеска објавија дека д-р Флорин Бесими, поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица. Извори од тетовското јавно обвинителство, според дел од медиумите,  изјавиле дека истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен од д-р Бесими, одговорност ќе се бара…

Read More

Во пожарот со мало задушување се соочиле тројца пожарникари поради што имало потреба од лекарска интервенција од страна на дежурна екипа од Итната медицинска помош.  Дури 20 пожарникари и речиси четири часа биле потребни ноќеска за да се изгаси пожар кој зафати објект во тетовско Долно Палчиште, информираат од Противпожарната единица од Тетово. Пожарот бил пријавен околу 20 часот и 30 минути, а бил локализиран и ликвидиран дури по полноќ. -По пријави од многу граѓани се упативме со две возила и седум пожарникари. Во меѓувреме увидовме дека пожарот станува се поголем и побаравме дополнително да дојдат уште 13 пожарникари. Така…

Read More

Во изведбата учествуваат Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, Хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и солистите Весна Ѓиновска – Илкова, Стеван Каранац (Србија) и Горан Начевски. Овој четврток, во 20 часот во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи концертот насловен „Слобода“ со кој оркестарот на Филхармонија ќе го заокружи официјалниот дел од програмата на концертната сезона „Филхармонија во движење“. За првпат ќе биде изведено грандиозното вокално -инструментално дело „Реквием за војната“ од Бенџамин Бритн по диригентската палка на маестралниот Бенџамин Шварц (Израел/САД). Во изведбата учествуваат Камерниот и симфонскиот оркестар на Филхармонија, Хорот на Софиската филхармонија, Детскиот хор при ДМБУЦ…

Read More

Напаѓачот објавил „манифест“ на интернет, а нападот го пренесувал на „Твич“ (Twitch), социјална мрежа за емитување во живо (стриминг) на видеосодржини.  Најмалку 10 луѓе загинаа откако вооружен маж влегол во супермаркет и почнал да пука. Инцидентот се случи во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк. Во инцидентот три лица се повредени. Четворица од убиените биле вработени во супермаркетот, меѓу кои и еден припадник на обезбедувањето. Напаѓачот објавил „манифест“ на интернет, а нападот го пренесувал на „Твич“ (Twitch), социјална мрежа за емитување во живо (стриминг) на видеосодржини.

Read More

Сѐ додека не се испотите додека го масирате пациентот за да ја вратите срцевата акција и да успеете да го реанимирате – нема предавање во борбата за неговиот живот. Но едно е кога тие ситуации ги гледате на филм, друго кога на час учите за нив, а сосема трето кога ги доживувате, вели за НоваТВ, Вики Котевска, анестезиолошка сестра на КАРИЛ   Ја обезбедивме за разговор Вики Котевска на куса пауза помеѓу ангажманот во операциона сала и на интензивниот оддел на Универзитетската Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје, каде од 1995 година работи како  анестезиолошка сестра. Звукот…

Read More

Синоќа (12.05.2022) во 20,30 часот било пријавено дека на велосипедската патека покрај кејот на река Вардар С.Д. (62) од Скопје, додека управувала електричен велосипед паднала на велосипедската патека. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д. констатирани во ПЗУ “Систина“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Read More