Author: НОВА ТВ Balaban

Основното јавно обвинителство Панчево го лиши од слобода З.К.(53) од Врање и му одреди мерка притвор во траење од 48 часа. Тој неколку часа ја држел врзана за кревет својата емотивна партнерка Н.С.(49) од Панчево, а потоа и истурил солна киселина во очите, поради што била однесена во болница во Панчево, каде што и биле констатирани повреди, јавуваат српските медиуми. Според ОЈО, тој е приведен поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела лесна телесна повреда, изложување на опасност и противправно лишување од слобода. З.К ќе биде приведен кај дежурниот заменик на ОЈО Панчево и сослушан како осомничен.

Read More

Уште рано изутрина пријавивме Службите за итна медицинска помош да ги преземаат итните случаи, а  пациентите кои се со хронична терапија беа услужени со рецепти во првите денови од април. На работните места останаа само колегите во руралните  предели, а другите 90 отсто лекари ќе бидат дојдени некаде пред 12 часот пред Министерството, изјави за НоваТВ, претседателката на Здружението, д-р Лили Чолакова Дервишова Третиот протест на матичните лекари почнува денеска напладне, на Светскиот ден на здравјето – 7 април, пред Министерството за здравство, во организација на Здружението на приватни лекари. – Најголемиот број колеги од целата земја утринава тргнаа на…

Read More

Поранешниот началник на воениот истражен затвор „Лора“ во Сплит, Томислав Дуиќ и чуварот Емилио Бунгур денеска во Сплит се осудени на повеќегодишна затворска казна за воени злосторства врз цивили во затворот во 1992 година. Дуиќ е осуден на осум и пол години затвор, а Бунгур на четири години и десет месеци. Двајцата ја негираа вината во текот на постапката и се изјаснија за невини. На двајцата им се судеше на повторно судење, бидејќи во времето на првото судење беа во бегство, а во 2015 година побараа повторно судење. Дуиќ и Бунгур се во бегство повеќе од една деценија. Тие веќе…

Read More

АХВ ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле. Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со…

Read More

Интервениравме со четири возила и девет пожарникари, штом во 10.30 часот го примивме повикот и се уште се работи. Станува збор за производствен погон со магацин од дрвна индустрија, делот каде се складира суровината. За среќа, нема повредени вработени во пожарот, додаде Томески Голем пожар изби денеска во Волково, во фабрика за производство на училиштен и канцелариски мебел. Звонко Томески, командант на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, ни изјави дека гаснењето на пожарот во Волково е при крај. – Интервениравме со четири возила и девет пожарникари, штом во 10.30 часот го примивме повикот и се уште се работи. Станува збор…

Read More

Изби пожар на трансформаторот во фотонапонската електрана „Осломеј“ непосредно пред да пристигнат владините функционери, јавува репортерот на ТВ21. Причините за пожарот, засега, не се познати. Станува збор за трансформатор за дистрибуција на електрична енергија во дел од централата, според неофицијални информации. Денеска премиерот Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски треба да го одбележат завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“ со тест период на целосно монтирана опрема. https://youtu.be/EjR2yv5OxWE

Read More

Потрагата по калуѓерката е во тек. Осумдесет и тригодишна американска калуѓерка е киднапирана во Буркина Фасо, јави Би-Би-Си. Соопштено е дека вооружени лица ја киднапирале од женски манастир, каде тие вандализирале простории. Потрагата по калуѓерката е во тек. Неколку лица од Западот беа киднапирани од исламистичките милитанти во северниот дел на Буркина Фасо и други делови на Сахел во изминатите години, потсетува Би-Би-Си.

Read More

Во август 2015 година, С.И., заедно со уште 34 други лица се кривично пријавени за кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации„ (член 322 а, став 1 и 3), за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во КПД Идризово. Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје кој преку социјална мрежа повикувал, врбувал и потикнувал…

Read More

Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена Во Германија од 1 мај заразените со коронавирус нема да одат во изолација. Карантинот ќе биде само на доброволна основа, изјави министерот за здравство, Карл Лаутербах. Тој додаде дека Министерството за здравство на заразените лица ќе им издаде само препорака да бидат во изолација пет дена. Додека, за медицинските работници и натаму ќе важат правилата за карантин –  тие ќе мора да бидат во карантин и да се тестираат по пет дена.

Read More

Во Албанија досега со две дози вакцинирани се над 1,2 милиони граѓани, а со трета доза повеќе од 245.000 луѓе  Албанскиот Институт за јавно здравје (ИВЗ) информираше дека во земјата е потврдено присуство на сојот Омикрон БА1 и БА2. – Од референтната лабораторија во Германија бевме информирани за испратените примероци, каде од вкупно 556 примероци се покажа дека во земјата циркулира БА1 и БА2 варијантите на Омикрон. Исто така, но со мал процент циркулира и сојот Делта, се наведува во соопштението на ИВЗ. Во соопштението се додава дека присуството на БА1е потврден кај 476 лица или 86 отсто од испратените…

Read More

Пеески во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години. Станува збор за 4 девојчиња, ученички на кои им бил тренер Единствена казна затвор од 20 години доби 47 годишниот прилепчанец, џудо тренер, Рубин Пеески, обвинет за обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер. Според портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески, на Пеески му е изречена и забрана за вршење професија, дејност, од 10 години. – Осуден е за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба…

Read More

Подваријантата на Омикрон, стелт, останува доминантна во Македонија,  покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, во чија лабораторија вчера биле испитувани примероци пристигнати за тестирање во периодот од 28. март до 2. април годинава. – Изработени се 92 примероци (од клиника и од пунктови) позитивни на SARS  CoV-2 со RT-PCR (три гена) од Скопје, Кавадарци, Тетово,Велес, Штип, Охрид и Гевгелија. Од нив, 6 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот,  подваријанта БА1, што изнесува околу 6.5 отсто, додека 86 примероци се позитивни на БА2 подваријантата на омикрон-стелт, што изнесува околу 93.5 отсто, информираат од ИЈЗ.

Read More