Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
На 08.02.2022 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(68) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Поднесоци ќе следат и против возачите и фирмите кои вршеле јавен превоз без документација согласно член 284-А од Кривичниот законик. На 08.02.2022 во периодот од 11.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници, најмногу на автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани 5 возила (ГВ) со неисправни сопирачки и 8 возила (ТЕ-4 и ГВ-4) кои не поседувале соодветна документација. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци по Законот за возила, а поднесоци ќе следат и против…
Моментално нема рестрикции во Северна Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и малите потрошувачи. Горд сум на се што досега сме постигнале, а не сме трошеле од буџетот, истакна Бектеши Со воведувањето на кризната состојба, Северна Македонија успешно ја менаџира енергетската криза и во споредба со другите држави од соседство има потрошени многу помалку пари, оцени министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање за состојбите во енергетиката по денешната негова посета на Технолошко развојната зона во Тетово. – Моментално нема рестрикции во Северна Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и малите потрошувачи. Горд сум на се што…
Министерството за внатрешни работи ги информира и апелира до граѓаните дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за кои не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во МВР односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција. Сопственици на ваквата категорија возила, соопштија денеска од МВР, најдоцна до 30.06.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура. Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило, МВР согласносно законските надлежности, ќе го избрише…
Благо опаѓа бројот на нови позитивни, повторно инфицирани и починати од коронавирусот во земјата. Нови 9.982 заразени од ковид-19 сe регистрирани во 35 градови во државата, што е намалување од 16,2 % во однос на претходната недела (n=11.910), повторно се инфицирале 1.340 граѓани или за 14 отсто помалку, а 147 лица починале од ковид-19, што е за 0,7 % помалку во однос на претходната недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот 31.01 до 06.02.2022. Процентот на позитивност во изминатата недела се движел од 22,5% до 35,6%, или просечно 29,5%. Најголем дел од регистрираните случаи се од…
За несреќата се известени дежурен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со јавното обвинителство интензивно работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Владата на РСМ, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се додава: – Како што веќе информиравме, вчера околу 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38)…
Огромен пожар избувна денеска на Универзитетот во Гиресун во североисточна Турција, при што се евакуирани професорите и студентите, јави турската телевизија Си Ен Ен Турк. Пожарот избил на покривот на Факултетот за туризам. Огнот брзо зафатил голем дел од зградата. Многу противпожарни возила се испратени во областа, вклучително и од соседниот округ Орду. Пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот. Причината за инцидентот се уште не е позната и засега нема информации за повредени лица.
Се постигна успех којшто ќе биде пример и за други европски земји поради тоа што висината на минималната плата од 62 проценти е највисокиот износ на минимална плата и за европски услови во споредба со просечната плата, велат од ССМ Сојузот на синдикатите на Македонија денеска, преку писмено соопштение, изрази задоволство од постигнатиот договор за минималната плата со кој минималната плата од март се зголемува на 18.000 денари. Од Синдикатот се надеваат дека ова ќе придонесе и за скалесто зголемување на сите останати плати. – Сојузот на синдикатите на Македонија го темелеше својот предлог на стручни економски анализи, а воедно…
МВР соопшти детали од сообраќајната несреќа којашто синоќа се случи пред Владата на РСМ. На 07.02.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Оваа незгода, според неофицијални…
Навистина ми претставува задоволство што денеска можам да најавам дека првата и најстара градинка во Струмица „Детска Радост“, објектот 2 го проширува капацитетот за прием на нови 57 деца. Со тоа, оваа градинка, досегашниот капацитет од 100 деца го зголемува на 157, рече министерката Тренчевска Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска ја посетија детската градинка „Детска Радост“, од оваа општина, која што го прошири капацитетот за дополнителни 57 деца, со доизградба на нов дел поврзан со постојниот објект. „Навистина ми претставува задоволство што денеска можам да најавам дека првата…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 07.02.2022 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.J.(33) и Р.З.(21), двајцата од Пакистан, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, предвидено и казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик. На 06.02.2022 во место викано „Свињарска фарма“, атар на с.Речица, кумановско, од страна на полициски службеници од Националната единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север биле откриени 15 илегални мигранти од кои 12 лица од…
Хигинс инспирираше десетици илјади луѓе да се придружат на протестите лани, откако излезе во јавноста со обвинувања дека била силувана во канцеларијата на нејзиниот шеф Премиерот на Австралија, Скот Морисон, денеска од парламентарната говорницa им се извини на жртвите на сексуално недолично однесување, или насилство, меѓу кои и Британи Хигинс, која, како што тврди, беше силувана во Парламентот 2019 година. – Ѝ се извинувам на госпоѓа Хигинс за страшните работи што се случиле тука. Место што би требало да биде безбедно, а се претвори во кошмар, изјави Морисон, додека Хигинс обраќањето го следеше во живо од галеријата во законодавниот дом.…