Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Фудбалерот на Јувентус, Матијас де Лихт ги сподели своите очекувања за натпреварот од Лигата на шампионите против Челзи. – Играњето на „Стемфорд Бриџ“ е она што го очекувате со нетрпение. Утре треба да бидеме компактни. Челзи е тим кој игра добро во транзиција. Ќе биде тежок натпревар, но треба да останеме смирени. Имаме добри играчи како Алваро Мората или Федерико Киеза. Се надеваме дека ќе го заземеме првото место во групата, ова е многу важно за нас. Сонувам да ја освојам Лигата на шампионите во дресот на Јувентус. Се подобруваме со секој натпревар и мора да продолжиме во истиот дух.…
Дел од корисниците на булеварот „3-та Македонска бригада“ бб: „Жито Лукс“, Метро рибарникот, „Вива сокови“ и неколку куќи утре од 13:30 часот нема да имаат вода поради изведување водоводен приклучок. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе трае до завршување на зафатот.
Словачкото Министерство за здравство соопшти дека во земјата sе воведува забрана за пристап на јавни места на лица кои не биле вакцинирани против Ковид-19. На невакцинираните лица не им е дозволено да влегуваат во продавници, дури и со негативен тест за коронавирус, освен во оние кои се сметаат за неопходни, како што се маркети со храна или аптеки. „Ние прибегнавме кон затворање на невакцинираните затоа што треба да ги заштитиме“, рече премиерот Едуард Хегер претходно на јавната телевизија РТВС. Словачка е на четврто место во светот по раст на нови случаи на КОВИД-19, односно регистрираат 917 нови случаи на 100.000…
Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), во партнерство со ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започна новиот проект за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Овој петгодишен проект ги обединува македонските и меѓународните партнери во работата со младите, со цел развивање на вештините за критичко размислување и критички пристап кон информациите кои им се потребни за да изградат отпорност на дезинформации, со што ќе придонесат за градење активно, одговорно граѓанство водено од емпатија. ИРЕКС ќе работи и со Институтот за комуникациски студии, Младинскиот образовен форум и ново-создаденото младинско советодавно…
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, дел од корисниците од улицата „Иван Хаџи Николов“ број 113 и број 111 во населба Драчево утре ќе бидат без струја. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот ќе трае од 9 до 11 часот.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, сите релевантни експерти од овие области, кои тргнуваат од принципите на медицината и епидемиологијата стојат позади мерките. Тие се неопходни да се задржи релативно мирната епидемилошка состојба во држатава, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешното гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Овие предлог мерки за кои утре ќе се дисутира на седница на Влада, се и правно оправдани, рече министерот. -Заштитата на сопственото здравје и здравјето на другите е во Уставот во член 39, во Законот за работни односи во член 32. Уставниот суд веќе има одлучувано по…
„Северна Македонија е најконкурентна земја во регионот“, „Има потенцијал за продлабочување на соработката меѓу Полска и Северна Македонија“, ова се дел од насловите во полските медиуми по бизнис форумот што минатитот петок се одржа во Скопје на кој присуствуваа над 60 македонски и полски компании и 20 стопанственици од Полска. На Полско – македонскиот бизнис форум присуствуваше и полскиот претседател Анджеј Дуда кој изјави дека двете земји имаат слични предизвици поврзани со трансформацијата на енергијата со ниски емисии, развојот на обновливите извори на енергија и енергетската инфраструктура. Полските медиуми дадоа особен акцент и на Меморандумот за разбирање што го потпишаа…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар играч за 2021 година од страна на престижниот италијански спортски весник „Tuttosport“. Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоргињо беше втор во гласањето, додека напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси беше трет. Добитникот на наградата го одреди жири составено од познати поранешни фудбалери, меѓу кои Андриј Шевченко, Лотар Матеус, Христо Стоичков, Емилио Бутрагењо, Павел Недвед, Лука Тони, Самуел Ето, Алесандро Костакурта, Едвин Ван дер Сар, Хуан Себастијан Верон, Руи Коста и други. Левандовски втора година по ред ја добива оваа награда на „Тутоспорт“.
Од втората половина на 2022 година очекувањата се да се вратиме на нивото пред кризата, во 2019 година. Преку зајакнување и зголемување на бруто инвестициите ќе се зголеми и продуктивноста, ќе се подобри трговскиот биланс, односно конкурентноста на економијата и тоа ќе го повлече растот, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, во гостување во дневникот на ТВ „Сител“. -Вкупните инвестиции од сегашните 30 проценти од БДП ќе стигнат во 2026 година до 38 проценти од БДП. Значи од една потрошувачка економија ќе се преструктуираме кон економија што ќе се базира на инвестиции, рече министерот за финансии. Тој изрази позитивни оценки…
Властите во Украина расправаат за предлог-закон кој предвидува 10 отсто од казните за одредени прекршоци, да се издвојуваат како награда за лицето кое ќе го сними и пријави прекршокот. Фотографирањето / снимање на прекршителите, испраќање слики / видеа во полиција или нивно поставување на интернет-просторот, е веќе секојдневие, но сега првпат се појавува замисла за закон за поттикнување на овие дејствија со парична награда. Доколку се донесат измените во законот, тогаш наградата ќе оди кај очевидецот кој ќе сними некој од следниве прекршоци: поминување на црвено светло, престигнување при полна линија, паркирање на место за лица со попреченост, минување преку…
Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба нема да го продолжи договорот со премиерлигашот Манчестер јунајтед, јавија денеска британските медиуми, посочувајќи оти сè е подготвено за негово второ заминување од „Олд Трафорд“. Погба (28) беше дел од Јунајтед во младинските и сениорските категории од 2009 до 2012 година, по што замина за Јувентус, а во 2016 повторно се на „Олд Трафорд“ во трансфер вреден 105 милиони фунти. Договорот со Јунајтед му истекува на крајот од оваа сезона, кога Погба без обесштетување може да ги замени клупските бои. Според медиумите, францускиот репрезентативец е најблиску до враќање во Јувентус, но и трансфер во мадридски…
Глобалниот пораст на цените на контејнерскиот транспорт може да доведе до зголемување на потрошувачките цени за 1,5 отсто во текот на следната година, се вели во извештајот на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД). Цената на отпремувањето транспортни контејнери нагло се зголеми во последните 18 месеци, бидејќи пандемијата на коронавирусот ги наруши синџирите на снабдување и трговските канали. Транспортот поскапе седум пати и повеќе, јави Си-Ен-Би-Си. Зголемувањето на трошоците за транспорт со контејнери може да го намали растот во големите економии. „Анализата на УНКТАД покажува дека сегашниот пораст на цените за транспорт со товарните контејнери, доколку продолжи трендот,…