Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Актуелните правила и предуслови за патување во Грција, остануваат непроменети и исто како и во изминатите шест месеци, потребен е документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, а конкретните предуслови важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција стапи во сила утрово и важи до следниот петок 3 декември 2021 година во шест часот наутро. Документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележана болест или негативен ПЦР/рапид тест, заедно…
Главниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за Сител телевизија потврди дека еден од преживеаните патници кажал дека од автобусот се спасиле осум лица, но, како што додава, тоа мора да се утврди. -Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од Обединетите Арапски Емирати и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште, вели Јовески. Тој нагласи дека тубите до моторот не биле причина за пожарот во автобусот и дека делот кај моторот не бил зафатен од пожарот. Обвинителот Јовески вели дека сопственикот на компанијата го видел на местото на незгодата, но не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Сочи по средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека во следните шест месеци Белград ќе го плаќа рускиот гас по иста цена како и досега, 270 долари за 1.000 кубни метри. Од 270 долари, истакна Вучиќ, Србија заштедила повеќе од 300 милиони евра за шест месеци, во споредба со она што би го платила доколку би купила гас по сегашните берзански цени. Како што нагласи, Србија нема да има проблеми со снабдувањето со гас, а со тоа ниту со струја, ниту со парно греење. „Добивме зголемување на количините на гас за тие…
Железничкиот сообраќај повторно е во прекин, но овој пат не поради штрајк, туку поради дефект. Утринските возови тргнале, но се појавил дефект поради кој од скопската Железничка станица не знаат кога ќе продолжи железничкиот сообраќај, пишува сдк.мк. „Моментално сообраќајот е во прекин. Ни јавија за некаков дефект во гаража, не знаеме за што точно се работи. Немаме информации кога ќе биде отстранет дефектот за да може да продолжи сообраќајот“, велат од скопската Железничка станица за редакцијата.
Манчестер јунајтед се договори за соработка со Ралф Рангник до крајот на тековната сезона. Според новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн на Твитер, страните се договориле за шестмесечен договор. Рангник по истекот на овој период две години ќе биде консултант на клубот. Се забележува и дека за успешно завршување на трансакцијата потребно е Локомотив Москва да даде дозвола. Во секој случај, германскиот стручњак нема да може да го води тимот на следниот премиерлигашки натпревар против Челзи, бидејќи нема да има време да добие работна дозвола. Шеесет и тригодишниот Рангник е шеф за спорт и развој во Локомотив. Неговиот договор, кој започна…
Дефанзивецот на Челзи, Тијаго Силва може да го продолжи договорот со клубот од Лондон. Според Фабрицио Романо, 37-годишниот фудбалер е подготвен и отворен за преговори. Се очекува на играчот да му биде понуден договор до 2023 година. Забележано е дека на Силва му се допаѓаат клубот, неговите навивачи, атмосферата во тимот, а има добар однос и со тренерот Томас Тухел. Договорот на Силва е со важност до крајот на оваа сезона.
Шпекулациите во јавноста за туби со бензин, пиротехника и така натаму само штетат на истрагата, не помагаат. Според моите сознанија, коишто ги имам, воопшто не станува збор за туби со бензин коишто можат да бидат причина за несреќата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за бугарската БТВ. Тој додаде дека длабоко верува во истражните органи на Бугарија. – Оставаме истрагата да ги утврди сите факти и секако најрелеватните податоци треба да дојдат од државните органи на Бугарија. Ние треба да ја утврдиме причината за сообраќајната незгода, дали е тоа од човечки фактор или е некаков технички пропуст…
Кинеската амбасада во Литванија времено ги суспендираше конзуларните услуги од технички причини, се наведува во соопштението на веб-страницата на тоа дипломатско претставништво, кое беше отстрането набргу по неговото објавување. Соопштението на кинеската Амбасада е објавено во 13:36 часот, а повлечено по 14 часот. Соопштението беше издадено откако Кина во неделата го намали нивото на дипломатски односи со Литванија под нивото на амбасадори, како дополнителен одговор на одлуката на Вилнус да отвори дипломатско претставништво во Тајван, кој е дел од кинеската територија. Кина претходно го протера литванскиот амбасадор од Пекинг и го повлече својот амбасадор од Вилнус. Портпаролката на кинеското Министерство…
ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против Г.Н. (26) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. – На 25 мај оваа година, околу 22 часот, при преглед извршен во Кичево на патничко-моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувал Г.Н., било пронајдено и одземено пакување со марихуана, информираа од СВР-Охрид.
Ѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс, ја коментираше одлуката на НБА да го суспендира на еден натпревар поради инцидентот со центарот на Детроит пистонс, Исаја Стјуарт. – Ми се јави Роб Пелинка. Го пропуштив повикот, а кога го проверив телефонот и го видов известувањето, веднаш помислив „дисквалификуван сум“. Некаква глупост. Но, што можете да направите. Бев многу вознемирен што нема да можам да играм во „Медисон Сквер Гарден“. Ова е моето омилено место во светот за играње кошарка, па со нетрпение го очекував овој момент. Непријатна приказна се случи во Детроит, ме вознемири тоа што се случи. Мислам дека тоа не…
Советничката група на СДСМ, ДУИ и коалицијата во Советот на Град Скопје, денеска достави барање за свикување на итна седница на Советот. -На оваа седница единствена точка на дневен ред би била помошта кон семејствата на нашите сограѓани кои загинаа во страшната автобуска несреќа во Бугарија. Го поздравуваме предлогот да се обезбедат два милиони денари за помош на семејствата на настраданите, секако треба да се види можноста тој износ дополнително да се зголеми. Сепак, не треба да се чека редовната седница на Советот, туку тоа може да се обезбеди и со вонредна седница за што денеска како советничка група поднесуваме…
Министерството за одбрана на Израел го намали бројот на земји на кои израелските компании можат да им продаваат кибер технологија поради глобалните последици предизвикани од продажбата на софтверот Пегасус на НСО Груп. Продажбата е забранета во 65 земји, па така на новата листа има 37 земји, а претходно биле 102, пренесува израелскиот деловен дневен весник Калкалист. Земјите каде што е загрозено почитувањето на човековите права, вклучително и новите израелски сојузници, Мароко и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се отстранети од списокот. Ниту Саудиска Арабија, ниту Мексико повеќе не се на листата. Саудијците наводно го користеле софтверот Пегасус за да го следат…