Author: Менче Атанасова Точи

Оние бегалци и мигранти кои што загинале по патиштата во нашата држава, бегајќи од војна или глад, не може да бидат погребани поради некоординираност на институциите на системот и ваквите предмети со месеци собираат прашина во фиоките. Поради ваквите случаи минатата година Македонија беше посочена како земја која ги прекршува човековите права

Read More

Двајца исклучитени хирурзи по пластична и реконструктивна хирургија, едниот од нашата држава, другиот од Бугарија говорат за експанзијата од естетски операции кај жените, како заради убавина, така и за корекција после операција на рак на дојка, како и за грешките при интервенциите

Read More

Извори кои ја познаваат проблематиката велат дека стоковите резерви постојано се обновуваат и нелогично е тие да биле стари, од 2016 година како што тврдат надлежните 

Read More

Две нови операции на срце неделава се извршени на двомесечно бебе и на дете на возраст од една година и осум месеци од страна на тимот за детска кардиохирургија во болницата Аџибадем Систина. Претходно беа оперирани уште две бебиња на девет и 11 месечна возраст. Откако детскиот кардиохируг Владимир Чадиковски и неговиот тим заминаа од кардиохирургија на Жан Митрев во оваа приватна болница, ФЗОМ склучи договор за операции кај бебиња и новороденчиња и додели исто толку финансиски средства и на болницата Аџибадем Систина. Операциите на бебињата се направени со поддршка на искусен тим од Турција на чело со проф.д-р Тајар…

Read More

На Клиниката за онкологија веќе нема листи за чекање за лекови, ниту за зрачна терапија, а бројот на заболени постојано се зголемува. За нив, од јуни годинава за првпат се обезбедени 30 нови иновативни биолошки лекови кои овозможуваат излекување или продолжување на животот. Оваа набавка ќе овозможи пациентите со прогресивни форми на рак да бидат обезбедени со современа биолошка, таргетирана и имунолошка терапија за наредните две години, вели директорот, спец. др. Нино Васев. „Седум пациентки кои што требаше да се лекуваат во Виена, се вратија и тука ја примаат терапијата. Имаме нови лекови кои порано не сме можеле да замислиме…

Read More

Станува збор една петтина од вкупниот број на аптеки кои чекаат да бидат вклучени во мрежата за да можат да издаваат лекови на рецепт, откако министерот Филипче пред шест месеци најави дека од август ќе започне процедурата и со тоа ќе се реши проблемот со недостиг на лекови

Read More

Релакс водата во чиј состав има канабис веќе се продава на рафтовите во еден ланец на маркети, а може да се набави и со еден клик на интернет  Вода за пиење која во својот состав има канабис од неодамна може да се види на полиците во еден ланец  на маркети. Водата се продава во фрижидерите и рафтовите заедно со другата вода на дофат и на деца, но може да се купи и он-лајн преку интернет. На самата амбалажа со крупни букви пишува дека овој енергетски производ  е за релакс и дека содржи канабис. Се заинтересиравме да видиме колкав процент на…

Read More

Досега никој од Македонија нема стапено во контакт со врвниот детски неврохирург Мемет Озек кој заедно со неговиот тим во познатиот Центар за детска неврохирургија во болницата Аџибадем во Истанбул работат комплицирани операции кај деца. Овој Центар е еден од најразвиените во Европа и во светот, не само по технологија, туку и по стручност на целиот тим. „Досега никој не стапил контакт лично со мене од вашата земја, но вратата е секогаш отворена“ вели професорот Озек. А, таму, во овој Центар успешно се изведуваат комплицирани операции на тумор во мозок кај деца, кај тие со спазам во мускулите,со церебрална парализа,…

Read More

Стари, валкани и распаднати прозорци,  неисчистени со години, со ѓубре на нив, sидови кои се распаѓаат, не варосани со децении, уништен  под кој никој не го чисти бидејќи е на сите клиники и „не е на никого“. Вака изгледаат Интерните клиники во делот каде што се сместени амбулантите на некои од нив. Од тука, по овие ходници треба да поминете брзо бидејќи воздухот е застојан, полн со прашина, не се дише. Во ваква Јавна здравствена установа од највисок вид се лекуваат граѓаните од цела држава. „Сте ја читале ли новелата „Павиљон број 6“ од Антон Чехов?“, ме праша една докторка…

Read More

Како да се подобри односот на лекарите со пациентите со комуникациски вештини со хроничните болни и тие со карцином, како и со психијатриските пациенти и нивните семејства. За таа цел, Лекарската комора покани експерт, искусен професор од Германија Уве Гилер кој како предавач на оваа тема ќе зборува пред македонските лекари на Медицинскиот факултет во Скопје, денес и во наредните два дена. „Ова е предавање за подобрување на комуникациските вештини меѓу докторите и пациентите, меѓу докторот и семејството на пациентот. Наша беше идејата да ги викнеме и здруженијата на пациенти и докторите, да видиме што ни недостасува, како може еден…

Read More

Јане Велковски и останатите шест деца со спинална мускулна дистрофија денес го примија лекот „Спинраза“. Јане уште веднаш по апликацијата на лекот побрза да стави фотографија на својот Инстаграм профил каде напиша„Мисијата е завршена“. Неговата мајка Деница Велковска вели дека се поминало во најдобар ред и дека се среќни што почна да го прима лекот. „Пресреќни сме сите родители. Јане денес ја прими првата доза радосен е и се чувствува добро, затоа веднаш откако го прими лекот објави фотографија на Инстаграм. Во наредните шест часа ќе биде под лекарски надзор. Следната доза ќе ја прими за 14 дена, третата по…

Read More