Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Основното јавно обвинителство го назначи Анел Фидовски за нов обвинител кој ќе го води предметот за случајот Тамара, откако барањето на oбвинителката Наташа Гоџоска да биде изземена од предметот било прифатено. Од ОЈО за НОВА тврдат дека преметот ќе продолжи понатаму со ист интензитет и дека не станува збор за никакви притисоци, туку за приватна причина која се појавила како нов момент и може да го доведе во ризик целиот процес. “Настанаа нови околности, се појави приватна причина поради која може да се побие целата постапка понатаму. Поради тоа обвинителката Гоџоска побара да биде изземена од предметот и сметаме дека…
Жаклина Димовска, мајката на малата Тамара е шокирана откако на вчерашното рочиште не се појави обвинителката Наташа Гоџоска која од судот побарала да биде изземена од предметот, а судењето беше одложено. „Ова е шок за мене, на половина судење се повлекува обвинителката. По втор пат ми го погребаа детето“, вели за НОВА, Жаклина Димовска мајка на Тамара. И адвокатката Трендафилка Сандева која го застапува случајот не знае зошто се повлекла обвинителката која го застапуваше обвинението против членовите на лекарските комисии и екс директори на Фондот за смртта на малата Тамара. „Не ја знаеме причината зошто обвинителката побарала да биде изземена…
Ова се случуваше пред Клиниката за детски болести и е секојдневна слика во Клиничкиот центар
Вработените во јавната администрација ќе одат во пензија со навршени 62 години за жени и 64 за мажи и тие нема да има можност за продолжување на работниот однос до 67 години. Со новите законски измени кои се во фаза на изработка се бара решение за проблемот со дефицитарниот кадар, лекарите специјалисти и професорите во високото образованите, на факултетите. Ова за НОВА го потврди Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ кои се и предлагачи на законските измени. Измени ќе има во дел од Законите з а работни односи, за здравствена заштита, за административни службеници, за високо образование и…
Нема зголемување на платите на здравствените работници од 5 проценти за месец септември, како што тие се надеваа. Многумина денеска разочарани кога виделе дека на сметките од септемвриската плата нема покачување, се јавувале во Синдикатот на Клинички центар, а дел се обратија и во редакцијата на НОВА. „Нема зголемување на платите на здравствените работници иако така кажаа. Бевме во сметководство каде ни кажаа дека покачувањето од 5 отсто се однесува само за администрацијата. Сите лекари сме изненадени“, вели еден од лекарите кој се јави во НОВА. Лекарите велат дека потврда за септемвриското зголемување имаат и од премиерот Заев, на чија…
Од елитен објект до хипотека и извршител – хотелот „Европа“ е два пати продаван, откако претходно изгоре и беше опљачкан. По неисполентите ветувања последната фирма која го купи за багателни 400 000 евра, сега повторно најавува изградба и тоа напролет
Од пазарот на Србија и Хрватска се повлекува лекот Ранитидин заради сомнеж дека активната супстанца содржи „н-нитрозодиметиламин (НДМА), која е канцерогена и може да предизвика рак. Компанијата „Хемофарм“, заради претпазливост, заради заштита на здравјето на граѓаните ги повлекува сите серии на лекот Ранитидин . Српските медиуми пишуваат дека од продажба се повлечени лековите од сите прозводители кои во себе содржат ранитидин. Во Хрватска пак, се повлечени сите лекови кои содржат ранитидин на производителот „Sarac Laboratories Ltd,“ на барање на Американската агенција за храна(ФДА) и Европската агенција за лекови(ЕМА). Повлечени се лековите Ранитал, Раних, а Пепторан и други слични се испитуваат.…
Илјадници македонски граѓани кои имаат оставено на чување матични клетки во швајцарската банка „Крио сејв“ бараат одговор каде се наоѓа крвта од папочната врвка на нивните деца, откако на фирмата е под истрага за финансиски малверзации
Резулатите од мострите земени од реката Вардар покажаа дека се работи за големо загадување со железо и киселина која се користи во индустријата, потврдија за НОВА од ЈП Водовод и канализација-Скопје во чија лабораторија се вршеше испитувањето. Во Вардар на потегот каде што с е наоѓа фабриката „Арцелор Митал“, се излеале неколку тони железо и киселина без да бидат соодветно третирање на отпадните води, поради дефект од пукната када од погонот за челични лимови. „Донесениот воден примерок по анализа на физичко-хемиски параметри покрај зголемено присуство на обоен суспендиран материја има зголемена концентрација на хемиска потреба за кислород , железо,хлориди,нитрати, електролитска…
Да се лоцираат проблемите и да се стави крај на насилството врз медицинскиот персонал. На оваа тема денеска дискутираа и на заедничка маса седнаа здруженијата на пациенти и претставници на Стоматолошка, Фармацевска и Лекарска комора. „Незадоволството е од недостапност на здравствени услуги, недостапност на третман, доцнење на третман, недостапност на термин и сето тоа кога ќе се собере настанува и очај и шок и депресија, а кај некои се манифестира во насилство. И ако го шетате пациентот по клиники долго време, ако не знаете што му е или знаете, а нема терапија или ако ја има не ја добива, не…
Истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед“ биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Ристе Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако, по што македонските власти ја блокирале сметката со парите
Владата учествувала во финансирањето на конференција во организација на Здружението„ Од нас за нас“ на која ќе се дебатира против забраната за запишување невакцинирани деца во градинките и училиштата во време на кампања за задолжителна вакцинација иницирана од самата Влада. Од Здружението од „Нас за нас“, за НОВА потврдија дека на нивната сметка биле уплатени 30 000 денари преку трезорска сметка, но потврда за учество од надлежните поканети претставници од институциите, се уште немаат. „Ги поканивме премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, Рената Десковска, министерка за правда, министерката за труд и социјала Мила Царовска, Арбер Адеми, министер за…