Author: Менче Атанасова Точи

Ситуацијата меѓу пациентите и лекарите во последните две години ескалира. Зачестени се случаите на насилство врз лекарите, но и на пациенти кои поднеле 90 барања да се испита работата на одредени лекари За две години вкупно 23 пациенти поднеле претставки против лекари, а само оваа година има 51 барање за вонреден стручен надзор за да се испита нивното работење, потврдија во Лекарската комора на РСМ. Од таму велат дека за дел од нив процениле дека немало причина да постапуваат, а другите се процесуирани. „Во претходните две години добиени се 23 претставки од пациенти против лекари. За дел од нив немало…

Read More

Оставаме кратко време да се средат работите во овој тектонски изместен  здравствен систем, во спротивно  ќе започнеме со протести кои нема да завршат, порачаа на денешниот протест против насилството врз медицинските лица под мотото „Доста е!“организиран од Асоцијацијата на млади лекари специјализанти(АСМЛ) кој се случуваше во Клинички центар и во повеќе здравствени установи во државата,  а е поддржан од здруженијата на медицински сестри и стоматолози. Медицинскиот персонал на протестот излезе со транспаренти „ Не, не тепајте“, „Почитувани пациенти, ние не сме семоќни“, „Ние сме со вас“. Од Асоцијацијата како организатори се оградија од  политички влијанија  и нагласија дека немале никакви…

Read More

Лекарската фела се подели- на една страна младите лекари, а на друга институциите. Откако Асоцијација на млади лекари и специјализанти(АСМЛ) најавија протест за среда во 11 часот, против насилството врз лекарите, утринава се одржа дебата на која не беа поканети ниту младите лекари како организатори на протестот, ниту новинарите. На трибината присуствуваа претставници на Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора, министерот за здравство Венко Филипче, Рената Десковска, министерка за правда и Оливер Спасовки, министер за внатрешни работи. Од АСМЛ сметаат дека ова е начин да се минимизира протестот против насилството врз лекарите. „Два дена пред протестот против насилството врз лекарите се…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=-XhQ4LEMVDA Ќе биде обезбедено професионално обезбедување за најкритичните болници, како што се  Ургентниот центар, Клиниките за кардиологија и Токсикологија и за старата градска болница „Свети Наум Охридски“. Исто така екипи на МВР засилено ќе патролираат околу сите болници. Ова денеска било договорено на средбата кај министерот Оливер Спасовски на која просуствувале претседателот ка Лекарската комора Калина Старделова, министерот за здравство Венко Филипче, претставници од Комората медициските сестри и Здружение на млади лекари и специјализанти. – Ова се напади кои немаат никаква логика. И порано имаше слични ваква напади, еден абдоминален хирург беше застрелан. За ова се предвидени затворски казни. МВР…

Read More

Детската кардиохирургија е ставена на стен бај.  Здравствените власти во моментот разгледуваат што ќе се прави понатаму, откако целиот тим од Државната кардиохирургија предводена од Владимир Чадиковски си замина од приватната болницата за кардиохирургија на Жан Митрев во приватната болница „ Аџибадем Систина“.

Read More

Од 1 октомври со укинување на квотите за лекови стартува и нов систем со контролни механизми заради заштита од злоупотреба на рецептите. Од Фондот за здравство најавија дека новиот концепт или т.н. Нулта фаза, вклучува задолжително приложување на лична карта или пасош на тој што бара од матичниот лекар да му се препишат лекови на рецепт, а истото ќе важи и при подигнување на лековите во аптека. Матичните лекари нема да ги запишуваат рецептите во здравствените книшки(запишувањето во книшка ќе важи до 1 октомври) , ниту ќе има хартиени дневници туку евиденцијата ќе се води како и досега електронски. Од…

Read More

На матичен лекар и во аптека само со здравствена книшка и легитимација, а лекови не може да се земат ако не се запишани во здравствената книшка. Со легитимирање, со лична карта или пасош може да се подигнат лекови и за друг член на семеството. Евидентирањето на рецептите во здравствените книшки ќе важи во наредните три месеци како преодниот период додека не се воведе електронскиот рецепт, неофицијално дознава НОВА. Ова е епилогот од неколкучасовните преговори кои денеска се одвиваа во ФЗОМ, меѓу претсавници од Здружението на приватни лекари и Лекарската комора. Бура од реакции кај матичните лекари предизвика,  како што велат,…

Read More

Две недели на Семинар за кинеска традиционална медицина во Кина. Група од 16 луѓе  лекари, физијатри, фармацевти , невролози, реуматолози, педијатар, но и двајца државни службеници во Министерството за здравство, две недели ќе учат како да ја применуваат кинеската традиционална медицина во Македонија.

Read More

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе забрана за лекување со препарати од областа на комплементарната и алтернативната медицина од Друштво за здраво живеење со енергетска терапија „Парацелзиус“ бидејќи немале дозвола од Министерството за здравство за продавање лекови директно на пациенти. По контролата и  извршениот инспекциски надзор од ДСЗИ  за состојбата ќе ги информираат МАЛМЕД и Управата за јавни приходи, како надлежни институции за постапување во овој случај. Причината што инспектори од ДСЗИ влегле во овој комерцијален објект во Влае е пријавата од Анастасија Петровска од Битола која пред еден месец го изгубила својот син Константин кој боледувал од редок тип…

Read More

Клиничката болница „Жан Митрев“има дозвола за работа за продолжување со вршење болничка здравствена дејност за кардиоваскуларна хирургија за возрасни и детска кардиоваскуларна хирургија и интервентна кардиологија за пациенти до 18 години во мрежата на здравствени установи, потврдија денеска за НОВА од Министерството за здравство. „Со Решение на Министерот за здравство бр. 22-665/3 од 01.03.2019 приватната здравствена установа Клиничка болница „Жан Митрев“–Скопје има дозвола за работа за продолжување со вршење здравствена дејност како клиничка болница – надвор од мрежата на здравствени установи и за продолжување со вршење болничка здравствена дејност за кардиоваскуларна хирургија за возрасни и детска кардиоваскуларна хирургија и интервентна…

Read More

Доктор Владимир Чадиковски денеска и официјално го доставил отказот и спогодбено го раскинал договорот со приватната болница на Жан Митрев. Во исто време уште двајца анестезиолози од тимот на Чадиковски си заминуваат од болницата, а по нив најверојатно ќе следи заминување и на другите членови на тимот кои од Клиниката за детска хирургија, преку прокетот за јавно приватно партнерство преминаа во болницата на Жан Митрев. Останува нејасно како ќе тече проектот понатаму, кој ќе ги оперира бебињата до една година ставајќи го својот потпис на тие операции на срце, кога таму веќе детски кардиохирург веќе нема, а Чадиковски е единствениот…

Read More