Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Ваквата одлука е донесена веднаш откако обвинителката која го води случајот испратила допис со кој се потврдува дека телата се идентификувани дека може да се погребат
Да се врати паркингот во владение на Клиничкиот центар, а советниците на Град Скопје да ја повлечат одлуката со која цената на паркингот на вработените се зголеми од 300 на 800 денари. Своите барања тие ќе ги достават до сите надлежни институции. Ова денеска го побараа вработените на скопските клиники кои масовно излегоа на протест за време на паузата. https://www.youtube.com/watch?v=eFI2hEWUTCM Претседателот на Синдикатот Горан Беговиќ најави дека доколку Градот не ја повлече оваа одлука од утре ќе ги блокираат наплатните пунктови на ЈП „Градски паркинг“. „Овој простор е на Република Македонија, не знам зошто со него стопанисува Градски паркинг. Дојде…
Специјализантите за утре најавија дека ќе излезат пред Стоматолошкиот факултет за повторно да укажат на нивниот проблем
Пациент со пулмонална хипертензија почина пред да ја дочека неопходната терапија која му била ветена за понеделник. 70 годишниот скопјанец бил остваен без лекови откако пред една година му била регистрирана болеста
Роберт Бекировски е човекот за кој се шпекулира, дека заради него специјално се менува Законот за лекови, со што ќе се отвори законска можност за именување на заменик директор во Агенцијата за лекови
Но, од МВР нема ниту збор за упатниот акт за издржување на казна затвор кој уште на 14.11.2018 година е испратен до МВР, кога е побарано да се утврди неговата достапност, како што потврдија од Основен суд 1, и дека до овој момент Судијата за извршување на санкции нема никаков одговор од МВР
Гинекологот Николче Дамчевски имал упатен акт за издржување на казна затвор уште на 14.11.2018 година, кога е побарано од МВР да се утврди неговата достапност. До овој момент Судијата за извршување на санкции нема никаков одговор од МВР, потврдија за НОВА од Основниот суд 1 во Скопје
Додека македонските правосудни органи и МВР не знаат каде е, НОВА го пронајде во Бугарија каде слободно работи како гинеколог во државниот медицински центар „Мајчин дом“
Децата кои треба да се оперираат на срце нема веќе да се праќаат во странство. Тим од јавното здравство на чело со доктор Владимир Чадиковски се сели во приватната болница „Филип Втори“ на Жан Митрев. За најтешките случаи ќе се бара помош од стручњак од Бугарија кој ќе доаѓа на повик, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој нагласи дека за тешките случаи кои не можат да се решат во државата ќе одлучува тим од сите институции. Надлежните во здравството сметаат дека на ваков начин државата ќе заштеди, а со проектот јавно -приватно партнерство со кардиохиругија Филип Втори ќе има…
Како да се ублажи хиперпродукцијата на нови дипломирани стоматолози, проблем со кој се соочува државата. Што со студентите кои завршиле надвор од државата, има ли одлив на млади стоматолози во странство. За тоа како одредени градови се оставени без стоматолози од разни специјалности и зошто специјалисти работат како општи стоматолози. За ова во ПРОЦЕС говори др. Марјан Денковски, претседател на Стоматолошката комора на РМ. https://www.youtube.com/watch?v=kPiBWd43ytM
Од вкупно 3880 лиценцирани стоматолози во државата дури 1500 до 1800 од нив не можат да најдат работа или воопшто не работат на струката за која се школувале
Иванова тврди дека досега од ниту една институција не е известена зошто и се блокирани сметките, туку тоа го открила кога отишла да го плати данокот.