Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Болницата има и други аномалии, покривот тече кога надвор врне, а пожарот кој денеска избувнал во тоалет од жици за аспиратот кои не биле изолирани , само е кулмунација на сето тоа
За медицинскиот персонал од Клиниката за гинекологија е несфатливо како катна гаража може да никне до прозорците на интензивна нега каде што се сместени недоносените бебиња
Министерството за здравство ќе го чека ребалансот на буџетот за им го исплати заостанатиот надоместок на лекарите од Ало докторе, кои изминатите 10 месеци работеа без пари. Од Министерството за НОВА, потврдија дека ќе бидат обезбедени финансиски средства во рамки на расположливиот буџет. „Министерството за здравство во рамките на расположливите средства на буџетот, презеде активности за изнаоѓање финанскиски средства за исплата на ангажираните лекари во Проектот – Ало докторе. По донесување на ребаланс на буџетот кој е во Собраниска процедура, Министерството за здравство ќе пристапи кон измена на соодветната Програма која треба да ја помине владината процедура и во текот…
НОВА од свои извори во Фондот дознава дека се работи за повеќе варијанти на распределба на квотите и нема конечна верзија, но сепак се знае дека средните и малите аптеки ќе добијат повеќе квоти за лекови на рецепт
Иако најавено, се уште не е сменет Законот за придонеси за социјално осигурување во делот со кој невработени граѓани се принудени да плаќаат по 2.480 денари месечно за да имаат право на здравствено осигурување
Крајно време е здравствените власти да организираат и да се започне со трансплантација од починат донор, велат во Здружението Нефрон
Ќамил Ибраими е новиот директор на Агенцијата за лекови. Тој во средата официјално ја презема раководната функција, откако на владина седница беше разрешен претходниот директор Роберт Бекироски. Ибраими е кадар на БЕСА, по партиските преговори за проширување владината коалиција со што ова место и припадна на оваа партија. Ибраими е фармацевт и професор на Универзитетот во Тетово. Во неговата биографија нема многу податоци за неговата професионална кариера. Тој е доцент на ДТУ по фармација. Докторирал во Тирана на Факултетот за медицински и технички науки на тема „Фармакокинетика и динамика на кардиалните гликозиди во срцевата инсуфициенција“. Своето работно искуство го градел…
Одлуката за да добиваат плата треба да помине на Управен одбор на ФЗОМ во петок и по завршување на административните работи, специјализантите ќе почнат да добиваат средства
Во Македонија има два од вкупно четири лекови кои се регистрани во Европа за луѓето со ХАЕ, ретка болест од која страдаат над 20 пациенти, меѓу кои има две деца, велат во Здружението ХАЕ-Македонија. Но, проблем се уште е дијагностицирањето на болеста, особено во другите градови во внатрешноста каде што лекарите не ја препознаваат болеста. „Во помалите места докторите не се доволно обучени да ги препознаат симптомите. Понекогаш се случува пациентите сами да си ги препознаат симптомите и како резултат на тоа последниве години има драматичен пораст на бројот на пациенти од 11 пред пет години на 22 пациенти. Очекуваме тој…
https://www.youtube.com/watch?v=Kz1Hgq-FilY УНХЦР се оградува од одговорноста за двајцата мигранти кои три месеци од загинувањето во сообраќајна несреќа, се непогребани во капелата во Бутел. Знаеме за проблемот , но тоа не е одговорност на УНХЦР, изјави за НОВА Дејан Кладарин од Претставништвото на УНХЦР во Скопје. „Ние сме тука да помогнеме кога има проблем и кога институциите ќе ни се обратат за помош, но ова не е одговорност на УНХЦР. Улогата на УНХЦР не е да каже која институција треба да ја преземе одговорноста, туку да помогне кога треба“ Изјави Кладарин за НОВА. Како што веќе објави НОВА ниту една институција…
Фондот за здравство подготвува нова методологија за распределба на квотите за лековите на рецепт во аптеките, дознава НОВА од извори во ФЗОМ. Неофицијално, според документи до кои дојде НОВА, а кои се уште не се конечни се прави распределба на квотите со која остануваат нераспределени 11 милиони денари. Ова создава дилема дали за граѓаните ќе има помалку лекови на рецепт. Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев тврди дека се работи на повеќе сценарија на нова методологија со цел да се оптимизираат квотите и дека ниту една од тие верзии не е конечна. Од ФЗОМ се децидни дека нема да има намалување…
Посмртниците на двајцата мигранти од Бангладеш и Шри Ланка кои загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Штип се изгубени во институциите на системот. Нивните тела цели 3 месеци се во капелата во Бутел Ниту една институција не сака да ја преземе одговорноста за да се погребат телата на двајцата мигранти кои цели три месеци стојат во капелата во Бутел. Институциите си ја префрлаат топката едни на други и кругот се врти, а телата нема долго да издржат, ќе се распаднат, велат во невладината организација Легис. „ Во АД Бутел не ни ги даваат телата за да ги погребаме. Од…