Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Едно знам, во игра се големи пари. И сите ги сакаат! Кој по кое оро игра, ќе видиме на крај. Ништо не останало неоткриено. Нели вистината е како шило?
Во Заводот за рехабилитација во Отешево не се примаат пациенти за болничко лекување поради дефект на водоводната мрежа, а пациентите се препораќаат во Битола и Охрид
Бездомниците, сиромашните семејства кои живеат без струја и немаат да се прехранат, тие се оставени на грижата на хуманите граѓаните. Тогаш, кога ќе го проголтаат срамот и ќе се појават во медиумите. Во оваа држава нема институционална грижа
Постои ли опасност од земјотреси во Македонија по случувањата во Италија? Која е опасноста од снежните наноси? Одговорите ги има професорот Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ
НОВА ја објави сторијата за сиромашното семејство Трајковски од скопски Петровец, а граѓаните масовно се организираа и донираа се што им е потребно. Во нивниот дом светна и струјата. Но, институциите и овојпат потфрлија
Зошто бездомниците не се приоритет за Министерството за труд и социјала? Зошто за нив се грижат хуманите луѓе, а не државата која треба да понуди системски решенија и програми за работна реинтеграција?
Светна сијалицата во домот на семејството Трајковски во скопски Петровец. ЕВН им ја вклучи струјата и сега Симона, Јовица и нивниот тримесечен син Јоаким не живеат во темница. Но, за да можат и понатаму да ја користат електричната енергија ќе мора да се плати долгот . „Имаме струја, уште синоќа ја пуштија. Сега не седиме на свеќа. Преубаво е“, рече Симона Трајковска. Откако НОВА ја објави сторијата многу хумани луѓе, организации и фирми ја понудија својата помош. На сметката на Симона веќе се собрани околу 30 000 денари и штом успеат да ја соберат оваа сума, тие рекоа дека ќе…
Семејството Трајковски од скопски Петровец заедно со нивното тримесечно бебе една година и седум месеци живее без струја, гладуваат и се смрзнуваат зашто Јовица кој е бранител нема работа и не може да го плати долгот за струја
Студот и екстремно ниските температури одземаа три животи во Скопје, Струмица и Пехчево. Само ноќеска имале осум јавувања од граѓани кои пријавиле бездомни лица
Поради влијанието на поларниот бран од Центарот за јавно здрваје предупредуваат ранливите категории да не се изложуваат на студеното време поради ризикот по нивното здравје
Биљана Милошевиќ е млада девојка која е дел од тимот, организатори на големите хуманитарни акции: за поплавените, за болните деца, за социјално загрозените семејства
Ако веќе лекарите и надлежните велат дека Тамифлу е спасоносен лек, зошто Министерството не го набави годинава? Се заборавија, занесени со изборите? Или не знаеја која фирма да ја одберат за да го набави? Немаа време за таков потфат, грипот ги изненади