Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Менче Атанасова Точи
Единствениот пациент со КОВИД-19 кој е тргнат од респиратор ја напушти болницата, оздравен. За една недела ГОБ „8 Септември“, ќе ги отвори амбулантите и ќе започне да функционира нормално.Токму за толку време се очекува да бидат завршени сите технички зафати во делот каде што ќе биде префрлен центарот за КОВИД -19
Фото: Независен Весник Засега нема олабавување на мерките. На Комисијата за заразни болести денеска не разговарале за ова на редовниот состанок, но велат дека ја следат состојбата и бројките сами ќе го кажат моментот кога ќе дојде до попуштање на сегашните мерки. Новите податоци, пак покажуваат 22 новозаболени со КОВОД-19 на направени направени 145 тестирања. Според ова и како и според бројот на нови дијагностицирани случаи во последните неколку денови, бројот на нови случаи со КОВИД-19 не се намалува, напротив се зголемува или останува приближно ист ако се анализира бројот на направени тестови. А бројот на направени тестови во последните…
ИВЗ решавала„по барањата на 13 те Муфтивста кои се засноваат на барањата на џематите(верниците) загрижени од невнимателните дејности на МПЦ кои ги охрабриле верниците од исламска вероисповед , Ријасетот на ИВЗ на својата вонредна седница да донесе одлука од вторник, 12 мај, џамиите да бидат во служба на верниците за обавување на колективни верски молитви“
По масовниот собир вчера во Струга и по одлуката на ИВЗ да се отворат џамиите на 12 мај, Филипче утринава разговарал со поглаварите на ИВЗ и МПЦ и побарал да се придружуваат до мерките за заштита од коронавирусот и да не се организираат верски собири Нема да има посебни мерки за Струга по вчерашниот масовен собир при Литија за верскиот празник „Св. Ѓорѓија“ кога илјадници граѓани излегоа на улиците, не држеа дистанца и не носеа маски. Вака одговори министерот за здравство Венко Филипче на прашањето на НОВА дали во овој град ќе има посебни мерки, особено што од тој регион…
Престана да чука вештачкото срце во градите на 41 годишниот Исмет Хаџиу од Скопје. Тој беше единствениот преживен пациент со ТАХ, од вкупно тројца, на кого беше направена оваа сложена операција, тука во државата. Живееше приклучен на батерии или струја, со придружна опрема тешка 7 килограми и чекаше да се отвори можност за трансплантација на срце
Се подготвува и листа на пациенти чии интервении беа откажани на клиниките. Овие пациенти ќе имаат приоритет од почетокот на наредната недела кога ќе почнат постепено да функционираат клиниките, информира министерот Филипче
Ден Дончев поднесе оставка на местото директор на Фондот за здравствено осигурување. Дончев ја потврди информацијата за НОВА. Како причина наведе дека станува збор за семејни и здравствени причини. Оставката е поднесена во Влада и се чека да помине на денешната седница. „Да, точно е дека поднесов оставка од семејни здравствени причини, повеќе од тоа не можам да коментирам“, изјави краткоз а НОВА, Дончев. Тој рече дека останува во државата. На прашањето дали станува збор за притисоци или трансформација на друго раководно место, одговори дека засега нема такво нешто. На раководната функција, директор на ФЗО, Дончев беше назначен во август…
37 годишен пациент со КОВИД-19 денеска е исклучен од респиратор и дише слободно без помош на машина, потврдија за НОВА во ГОБ„„8 Септември. Тој е првиот пациент во државата кој е тргнат од респиратор и засега е стабилен. Досега ниту еден од пациентите со коронавирус кои беа на респираторна машина не преживеа. Пациентот пред три недели бил примен во болницата „8 Септември“ во тешка здравствена состојба, а нермал претходни хронични заболувања. Тој е еден од 10 мината пациенти кои примаат терапија со озон, а прима и антивирална и антиинфламаторна терапија. Директорот Христојан Костов, за НОВА ја потврди информацијата, но рече…
Се наплаќаат ли тестовите за КОВИД-19 кои се добиени како донација преку Фондот за здравствено осигурување. На ова прашање кое НОВА го упати до надлежните добивме различни одговори, но ниту еден не е идентичен со другиот
Цената на ПСР тестовите за КОВИД-19 кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување ќе биде иста како за јавните така и за приватните лаборатории, потврди директорот на ФЗО, Ден Дончев
Двајца починати и тројца позитивни случаи кои с е хоспитализирани во болницата „8 Септември“на КОВИД-19 има во општина Шуто Оризари. Лекарите велат дека заболените не даваат точни податоци каде се движеле, со кого контактирале, а на тие што им е одредена самоизолација не ја почитуваат, излегуваат, се шетаат, одат по лекови на рецепт кај матичните лекари
Има намалување на бројот на нови дијагностицирани случаи, како и на индикациите за нови тестирања за Ковид-19, што е сигнал за намалување на епидемијата, рече Филипче и потенцира дека мерките за заштита кои ги избрала нашата држава се идеални и дека овој модел ги дал посакуваните резултати