Author: Mirjana

– Нашиот амбасадор во Хрватска Миљаим Фетаи присуствуваше вчера на погребот на регионалната музичка ѕвезда со македонско потекло Аки Рахимовски во Загреб а националното знаме со кое беа покриени посмртните останки е обезбедено од македонската амбасада во оваа земја. Ова стои во соопштението на Министерството за надворешни работи, информација иницирана од написите дека на погребот на мега ѕвездата не присуствувал ниту еден претставник од Република Северна Македонија.  НоваТВ не е меѓу тие медиуми кои објавиле напис со таква содржина но, во интерес на вистината и објективноста и истата да стигне до што поголем број луѓе, отстапуваме простор и за оваа…

Read More

Второто полугодие ќе почне со физичко присуство, а по случаен избор ќе се тестираат ученици – ова го најави министерот за здравство Беким Сали денеска на вакциналниот пункт на Економскиот факултет каде ја прими третата доза вакцина против ковид. – Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерство ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината…

Read More

Македонските Бугари ќе бидат дел од Уставот, заеднички ќе го чествуваме Гоце Делчев кажа премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска пред парламентот во Софија информирајќи за текот на преговорите со нашата Влада. -Договрено е Бугарите да бидат впишани во Уставот на Северна Македонија. За рокот кога тоа ќе се случи, се уште се преговара. Бугарите во Северна Македонија ќе имаат еднакви права со другите – рече Петков. За бугарскиот премиер, впишувањето на Бугарите во нашиот Устав нема да биде доволно, туку во текот на преговорите за членство на земјата во ЕУ, секоја манифестација на говор на омраза или дискриминација да…

Read More

Идентитетот, јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек и никој не преговара за нив – дециден е шефот на дипломатијата Бујар Османи. Аргументираниот, мудар и рационален пристап во прегворите со Република Бугарија според министерот за надворешни работи, биле прилика да се надмине обидот за минирање на процесот од страна на поединци и политички групации, рече тој пред пратениците на собраниската Комисија за надворешна политика, каде информираше за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. – Никој не преговара за идентитетот. Јазикот и другите идентитетски атрибути,…

Read More

Со пораки за јакнење на добрососедството и проширување и продлабочување на меѓудржавните односи и релациите меѓу двата народа, со благодарност за чествувањето на националниот празник на Република Србија односно на српската заедница во земјава, финишира вчерашниот Ден на Свети Сава за време на Светосавската свечена академија која по 15 пат се одржа во земјава. На Светосавската академија присуствуваа српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, амбасадорите на Србија и на БиХ во земјава Невена Јовановиќ и Драган Јаќимовиќ , почесниот конзул на Србија во Северна Македонија Владимир Стајиќ. Дел од присутните гости беа и…

Read More

На покана на српскиот министер за земјоделство и вицепремиер Бранислав Недимовиќ, денеска во Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, го посети саемот „Агро Белград 2022“.  Се работи специјализиран саем посветен на овоштарството, лозарството и градинарството е добра можност земјите учеснички, вклучително и македонските компании, да ги претстават на автентичен начин своите производи на пошироката јавност и да направат нови контакти за зголемување на извозот и освојување на нови пазари. Во своето поздравно обраќање, министерот Николовски ги потенцираше придобивките од Иницијативата „Отворен Балкан“ и од учеството на ваквите самески манифестации. „Прво видов како македонскиот ајвар од Гевгелија до Блеград…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ,  претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, амбасадорите на Србија и на Босна и Херцеговина во земјава, Невена Јовановиќ и Драган Јаќимовиќ и почесниот конзул Владимир Стајиќ, денеска се сретнаа со претседателот на државата Стево Пендаровски во рамките на активностите поврзани со националниот празник на Србите а со тоа и на српската заедница во Северна Македонија, Ден на Свети Сава.  Како што е веќе познато вечерва со почеток во 19 часот во Македонскиот национален театар ќе се одржи свечена Светосавска академија, на која свои обраќања ќе имаат високите гости од Република Србија…

Read More

Државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра од парите што трговците ги уплатувале изминативе два месеци од продажбата на пластичните кеси по 15 денари. Оваа мерка стапи на сила од 1 декември 2021 година. Ова го соопшти министерот за животна средина, Насер Нуредини кој истакна и дека за десет пати била намалена употребата на пластични кеси откако стапи на сила новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Тој е задоволен од резултатите и потенцира дека граѓаните се повеќе пазаруваат со платнени торби. Нуредини најави дека се подготвува план во какви еколошки проекти ќе бидат…

Read More

Денес, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на холокаустот, до нас пристигаат пораките на сите жртви на холокаустот во нацистичките логори на смртта. Секој од нив има своја порака за сите нас живите кои имаме за цел никогаш да не заборавиме. Наша обврска е да ги ги зачуваме нивните приказни – преку одржување на споменот за нив и нивното страдање, во историските учебници, преку образованието.Тоа е наша цивилизациска обврска. Да се бориме, постојано и бескомпромисно, претворајќи го сеќавањето во акција, и да бидеме гласни против антисемитизмот, расизмот, ксенофобијата и другите облици на нетолеранција На овој ден се сеќаваме и им оддаваме…

Read More

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, во првите месеци од мандатот не сработеа ништо во интерес на граѓаните и општините. Нема ниту еден свој проект реализиран од нивната програма, не ги исполнија ветувањата пред граѓаните. Напротив, граѓаните сведочеа за прекинување на проекти, кршење на законите, трошење народни пари на чоколади и сокови. Партизација е се она што прават градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Данела Арсовска е прв пример за неработа, за неправење ништо. Освен што се прогласи за ненадлежна за се, прекинуваше проекти и нивелираше една шахта. Ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот. Арсовска среде енергетска криза не одвои ниту денар…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на амбасадорската тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешно-политички курс,“ што во организација на Советот на амбасадори се одржа во Клубот на пратеници. Во своето обраќање, претседателот Пендаровски посочи дека за прв пат во последните 30 години постои засилен ангажан и има именувани тројца посебни претставници на САД, ЕУ и Обединетото Кралство кои работат и придонесуваат за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Претседателот Пендаровски посочи и на отворената поддршка на новата германска влада за Западен Балкан, а особено за интеграцијата на Северна Македонија, бидејќи,…

Read More

Српската заедница во земјава, ги почна активностите во рамки на одбележувањето на националниот празник на Србите, Денот на Свети Сава кој е на 27 јануари. По тој повод, вечерва во Занаетчиски дом Куманово, се одржа свечена Светосавска академија, како меѓународно афирмирана манифестација, на која присуствуваа еминентни личности од јавниот и од политичкиот живот како и од дипломатскиот кор во земјава, како амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ, почесниот конзул на Србија кај нас Владимир Стајиќ и други. На свеченоста свое обраќање имаше амбасадорката Јовановиќ која покрај за суштината на празникот говореше и за силните врски и мостови што ги градат…

Read More