Author: Mirjana

Вчерашната изјава на бугарскиот премиер Кирил Петков дека „македонско малцинство во неговата земја не постои“, ги дигна на нозе, здруженијата на Македонците во оваа земја со остра реакција и кон него и кон Европската Унија. Тие прашуваат: „Колку е апсурдно чувството да се кажуваат очигледни лаги во кои никој освен измамените граѓани на Бугарија не веруваат?“ – Ова е последната тоталитарна политика во ЕУ и како таква е бугарски срам за Европа, велат Македонците од здружението ОМО Илинден Пирин  кои досега во повеќе наврати добиле пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур во нивна корист. – Негирањето на…

Read More

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кој во новата влада ги задржа истите позиции како и во претходната, по гласањето во Собранието на новата Влада на социјалната мрежа фејсбук сподели фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и напиша : „Ви благодарам претседателе , ви благодарам на сите“!

Read More

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски , во гостување на Утрински Брифинг ја информира јавноста дека ниту еден неиспорачан киловат час топлинска енергија нема да им се наплати на граѓаните. – Во однос на неиспорачана топлинска енергија, ниту еден киловат час од оваа неиспорачана топлинска енергија нема да им биде фактуриран на потрошувачите кога ќе се прави порамнување во мај. Ние како Регулаторна комисија добивме многу поплаки од незадоволни корисници на парно греење и голем број беа надминати. Ситуацијата сега е далеку подобрена, но не може да се очекува дека ќе се обезбеди температура од 24-25 степени како…

Read More

Бугарскиот премиер Кирил Петков го поздрави изборот на новата македонска Влада и на премиерот Димитар Ковачевски му посака успех во работата, јави бугарската новинска агенција БГНЕС. -Очекувам заедно да работиме за нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на меѓусебните односи чиј развој е од голема корист за граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија, истакна премиерот Петков. Премиерот нагласи дека позицијата на Бугарија во врска со европската перспектива на нашиот близок сосед е последователна и јасна. Според премиерот Петков добрососедството може да донесе сериозни позитивности не само за двете држави туку и за целиот регион. Како што е…

Read More

Последниот земјотрес во Битолско-Леринскиот регион е трет во последните 120 години и е резултат на постојаното „ растење “ на планината Пелистер и со тоа континуираната депресија во Пелагониската котлина. Афтер – потресите можат да траат од неколку денови до неколку месеци во зависност од силината на потресот. Граѓаните да не паничат, да останат смирени и да ги напуштат домовите по престанок на земјотресот, и никако да не се движат по скали или да користат лифтови, вели во интервју за НоваТВ Проф.д-р Драгана Черних Раководител на Сеизмилошка опсерваторија при Природно-математички факултет, Универзиет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Со госпоѓа Черних…

Read More

„Обвинителството три години води предистражна постапка за лиценците на БЕГ“, ова е насловот на текстот кој денеска го објави Радио Слободна Европа (РСЕ), а се однесува на пријава стара три години за која постапувањето по неа е во фаза на предистрага. Основното јавно обвинителство, пишува РСЕ, водело предистражна постапка за начинот на кој Балкан Енерџи Груп (БЕГ) односно трите ќерки фирми, ја добиле лиценцата за вршење енергетска дејност, односно снабдување со енергија. Според радиото, станува збор за кривична пријава што Министерството за внатрешни работи во мај 2019 година ја поднело против поранешниот претседател на Регулаторната комисија Димитар Петров и три…

Read More

Судијата кој му суди на Новак Ѓоковиќ, одлуката за евентуална депортација ја одложи до утре. По ваквиот развој на настаните и откако е извесно дека Ѓоковиќ нема да „заврши“ во притвор, јавноста се прашува дали Ноле ќе биде депортиран пред или по почетокот на  Аустралиан Опен, кој почнува во понеделник. Во меѓувреме Австралискиот премиер Скот Морисон ги коментираше последните случувања во врска со Новак Ѓоковиќ, поврзани со поништувањето на визата. „Разбирам дека по внимателно разгледување, визата на Ѓоковиќ беше укината врз основа на заштитата на јавното здравје и добриот ред. Австралијците претрпеа многу жртви за време на оваа пандемија и…

Read More

„Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација„ е насловот на новата уметничка акција посветена на проблемот со парното греење во Скопје. Акцијата се состои од група пингвини кои се шетаат низ Скопје и всушност ги претставуваат Скопјани кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори во своите домови со што нивните  домовите наместо станови заличуваат на поларни куќарки – Игла. Со овааа акција исто така сакаме да ги предупредиме скопјани кои се затоплуваат со централно парно греење дека се поизвесно е дека од утре заради немањето гас на топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада…

Read More

Кина се договори со САД да ослободи извесна количина нафта од своите стратешки резерви за време на овогодишната кинеска Нова година, која се паѓа на 1 февруари. Според извори на кои се повикуваат некои светски агенции, договорот е постигнат на крајот на 2021. Количината на нафта што Пекинг планира да ја пушти не е прецизирана, но се знае дека тоа ќе зависи од нивото на цените на енергенсот. На пример, ако цената е над 85 долари за барел, ќе се пуштат поголеми количини, додека ако цената на нафтата е околу 75 долари, количините ќе бидат помали. Во ноември минатата година, американскиот претседател Џо…

Read More

Четири контењери полни со ѓубре синоќа биле запалени во централното градско подрачје на Тетово, со што и онака загадениот амбиентален воздух дополнително се загадил. Тетовскиот градоначалник Билал Касами на социјалните мрежи напиша: „Страшен чин на палење ѓубре, јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна, напиша Касами на ФБ , објавувајќи видео од страшната гледка.

Read More

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок ја искористи својата лична моќ за да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, јави „Ејџ“. Адвокати на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката. Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата. „Го искористив своето овластување согласно Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Поради здравствени причини и добар ред, се во јавен интерес. Оваа одлука уследи по налогот на Федералниот и Окружниот суд согласно кој од 10 јануари е поништена претходната одлука за…

Read More

Во Кинотеката денеска ќе биде одржана комеморативна седница во чест на филмскиот продуцент Горјан Тозија (1954-2022). Тозија почина ненадејно вчера во Скопје, по кратко боледување. Неговата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија. Тој беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) и раководеше со продуцентската куќа „Вардар филм“. Во периодот од 2017 до 2020 година беше директор на Агенцијата за филм, период во кој македонскиот филм го доживува најголемиот успех во светски рамки. Горјан Тозија потпиша повеќе од 50 филмски…

Read More