Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Прилеп (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г) и Охрид (55г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес (1). Починатите лица се на возраст од 77г до 85г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови. Последното деноноќие направени се…
Откако Градот Скопје ја стави во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk, на истата за 10 дена пристигнале 213 барања од граѓани, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање. На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата на граѓаните во рок од 24 до 72 часа. Отворањето на електронската адреса за комуникација со скопјани е само дел од проектот Отворен град 24 часа. Пред новогодишните празници ќе биде отворена и Канцеларијата за комуникација со граѓаните за нивните потреби и служба за брза…
Вчера, делегација од Зелената партија ДОМ во состав: Маја Морачанин претседателка, Христа Најденов потпретседател, Огнен Апостолски член на ИО и Ервин Реџепагиќ остварија средба со новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, генералниот секретар Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев. На состанокот се разговараше за програмските приоритети на ДОМ кои беа прифатени да бидат составен дел од Програмата на новата Влада. Во делот на заштитата на животната средина и климата беше договорено дека: 1. Принципите на Европскиот Зелен договор остануваат во Програмата на новата Влада. 2. Со цел забрзување на процесот на праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија,…
Утре Скопје ќе се обои во црвено. Сексуалните работни/ци/чки по 14 пат ќе продефелираат во македонската метропола со цел да се слушне нивниот глас и барања за декриминализација на сексуалната работа и за правна рамка за регулација на истата. Сексуална работничка, во интервју за НоваТВ по повод утрешниот Меѓународен ден за „СТОП на насилството врз сексуалните работници“, вели: – Пред околу 7 години бев сексуално малтретирана од страна на тројца клиенти. Иако сакав, сепак случајот не можев да го пријавам во полиција бидејќи ми беше страв поради фактот дека ќе бидам исмејувана од страна на полициските службеници поучена од претходни…
Пишува д-р Марјан Ѓуровски На Бихаќка бб беше извршено примопредавање меѓу стариот и нов лидер на СДСМ. Најголем предизвик за новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски е со конкретни кадровски чекори и редефинирани политики да потврди дека нема да дозволи да има епизодна улога. Тандемот Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ заслужува фер и искрена шанса. Во најмала рака е политички недостојно, после оставката на Заев, постојните министри, без разлика колку и да мислат дека биле успешни, да не почуствуваат потреба да дадат неотповикливи оставки и да се даде простор за кадровски ремонт кој е неопходен за да се создаде минимум…
Тајфунот „Раи“ денеска го погоди централниот дел на Филипините, пренесоа новинските агенции, повикувајќи се на националната Метеоролошка служба на оваа азиска земја. Повеќе од 82.000 луѓе се испратени во центрите за евакуација пред да се приближи тајфунот. Наставата е откажана, многу установи се затворени. Во 11 часот по локално време брзината на ветрот изнесувала 51 метар во секунда, на моменти и до 64 метри во секунда. Епицентарот на тајфунот се наоѓа на околу 180 километри источно од провинцијата Северен Суригао и се движи на северозапад. „Раи“ е т.н. супер тајфун, споредлив по јачина со ураганите од петта категорија во САД.…
Лидерите на ЕУ денеска, на нивниот последен состанок годинава во Брисел, ќе разговараат за пандемијата, цените на енергијата и за безбедносни прашања. Главна тема ќе биде борбата против Ковид-19. Учесниците најверојатно ќе разговараат за можноста за воведување задолжителна имунизација, но не се очекува да се донесат одлуки. Тие ќе се запознаат со последните оценки за состојбата на енергетските пазари и ќе разговараат за предлозите на Европската комисија за спротивставување на ценовниот притисок. Европскиот совет ќе разговара и за соработката со земјите кои не се членки на ЕУ за миграцијата. На средбата ќе се разговара и за ситуацијата што ја предизвика…
Бројни статистички податоци и економски параметри потврдуваат дека економијата е стабилна и подготвена за справување со сите предизвици. Бруто-домашниот производ бележи раст од три отсто во третото тромесечје. Бележиме и сериозен раст на извозот кој во периодот јануари – октомври е зголемен за 29% во споредба со истиот период од 2020 година. Сите овие официјални податоци ја покажуваат успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ. СДСМ како одговорна партија која се грижи за граѓаните, преку институциите што ги предводи, континуирано презема мерки кои значат заштита и подобрување на економскиот стандард на граѓаните. Во таа насока е…
Прелиминарните докази укажуваат дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против инфекции и трансмисии поврзани со Омикрон варијантата на коронавирусот, која има поголема способност за реинфекција, соопшти Светската здравствена организација. СЗО наведе во неделниот епидемиолошко ажуриран извештај дека се потребни повеќе податоци за подобро да се разбере степенот до кој Омикрон може да го избегне имунитетот стекнат со прележан Ковид-19 или со вакцините. – Како резултат на сето ова, вкупниот ризик поврзан со сојот Омикрон останува многу висок, се додава во извештајот.
24.018.222 евра. Билоборд со оваа сума е поставен во Тетово. Го вети и го намести актуелниот градоначалник Билал Касами. Овој долг е од денот кога лидерот на Беса ја презеде функцијата прв човек на Тетово. Новиот градоначалник Касами, неодамна соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра, пишува порталот Фактор. Како што соопшти тој, општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.
Франција и Германија бараат нови преговори со Русија поради растечката криза на границата со Украина
Лидерите на Франција и Германија се обидоа да ги оживеат разговорите со Русија, додека продолжија да вршат притисок врз Москва да го одвлече вниманието од она што Западот го нарекува подготовки за нов напад на украинска територија. Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски се состанаа за време на самитот на ЕУ во Брисел за да најдат начин да ги обноват преговорите во „нормански формат“ кој ја вклучува Русија, соопшти кабинетот на Макрон. „Тројцата лидери ја потврдија својата посветеност на овој формат на преговори со цел да се најде трајно решение за конфликтот и…
Во годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ) се наведува дека 488 медиумски работници ширум светот се во затвор. – Бројот на новинари приведени поради нивната работа никогаш не бил толку голем откако РСФ почна да го објавува својот годишен извештај во 1995 година, се наведува во соопштението на невладината организација, која се бори за слободата на печатот. Додека во 2021 година регистриран е најмал број на убиени медиумски работници во изминатите 20 години односно 46. Бројот е зголемен за околу 20 отсто пред се на репресиите врз медиумите во Мјанмар, во Белорусија и во Хонг Конг. РСФ соопшти дека,…