Author: Mirjana

Од утре ќе почнеме да го разгледуваме Буџетот и до наредниот четврток, се надевам дека тој ќе биде изгласан, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во „Утрински брифинг“. Тој нагласи дека специфика на овој буџет е што има најмалку амандмани поднесени од опозицијата, која претходно поднесувала и  900 до илјада амандмани. Специфика се и  средствата од 350 милиони денари, историски највисоко ниво, како износ на прифатени амандмани, најголем барем во последните 15 години, рече Митрески. Тој нагласи дека тоа е доказ на демократскиот капацитет на оваа власт. Кога ние сме биле опозиција ни се прифаќале амандмани во незначителен износ до три милиони…

Read More

Со последните измени во Законот за Судски совет преку кои се отвори можност секој да покрене иницијатива за утврдување одговорност за несовесно и нестручно постапување на судија, целосно се сменија бројките со поднесени барања. Ако во изминатите години Судскиот совет имаше само по неколку барања годишно, годинава има 50-тина иницијативи за испитување одговорност кај судии. И ова е дел од инструментите кои Судскиот совет ги користи во борбата против корупција.  Меѓународниот ден за борба против корупцијата е уште еден повод Судскиот совет да ги повика граѓаните кои имаат сознанија и информации за случаи на корупција во судството да ги пријават.…

Read More

Откажана е посетата на косовскиот заменик министер за правда Блерим Салаху, која ги подигна тензиите во јавноста со непроверената информација дека за време на истата би ги посетил затворениците од Диво насеље, меѓу кои има и косовски државјани. Посетата е откажана на неопределено време, велат извори за НоваТВ од Министерството за правда. Од друга страна, Марјан Спасовски од Управата за извршување санкции за НоваТВ изјави: – Ниту некој до Управата поднесол барање за посета на затворениците од Диво насеље, ниту пак управата издала некому дозвола за посета на оваа група затвореници. А, без доставено барање и издадено одобрение од Управата за…

Read More

За брзо возење санкционирани се 668 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на државата. Како што соопштија денеска од МВР, од нив 111 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 253 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 415 надвор од населено место.

Read More

Периодичната синтеза на глобалните настани помага да се следат процесите во светот и меѓународната заедница, и можеби да се протолкуваат некои процеси кои се одвиваат и во македонското општество. Токму затоа НоваТВ, реши периодично да сумира одредени меѓународни настани како симболичен придонес кон толкување на светските случувања кои можат да имаат и извесен мултилатерален ефект и последици. Пишува Нано Ружин Независно што внатрешната и надворешната политика се во постојана комуникација, јавното мислење на една држава секогаш покажува поголем интерес кон внатрешната политика и состојби. Познат е слоганот на Морис Диверже дека во изборните кампањи доминираат прашањата од внатрешната политика. Тешко…

Read More

Попладнево кај 14:30 часот на крстосницата кај Мавровка и Врховниот Суд, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила. Очевидци за НоваТВ, велат дека немало повредени ниту жртви, но метежот бил направен поради увидот кој е сеуште во тек.

Read More

Поранешниот премиер Никола Груевски кој е во азил во Унгарија во времето кога беше претседател на македонската влада му се доверил на својот близок соработник Мартин Протуѓер дека купил земјиште на Водно распослано на 10.000 метри квадратни. Потврдата за ова сознание денеска во свој исказ пред судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје даде токму Протуѓер поранешниот, висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој од од 2006 година беше шеф на кабинетот на Груевски. Тој сведочеше во судскиот процес „Плацеви на Водно“ во кој застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Пред Протуѓер денеска сведочеа и Гордана Јанкулоска и Влатко…

Read More

Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи сведочeше на денешното рочиште во судскиот предмет Плацеви на Водно и тоа за периодот кога таа ја извршувала функцијата генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, а во врска со финансирањето на партијата. – Имаше масивни сефови од 1,5 метри во седиштето на партијата, рече Јанкуловска која одговараше на прашања на обвинителката во овој процес Лиле Стефанова која побара од сведокот да ги каже своите сознанија за начинот на кој се финансирала партијата во контекст на тезата на обвинението дека Груевски ги купил плацевите на Водно со пари од чланарината. – Одредени сознанија можам да…

Read More

Премиерот Зоран Заев, заедно со Ерик Ското, претседател на француската компанија „Акуо Енерџи“ како и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, ќе се обратат по повод реализацијата на стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“. Проектот е со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW). Проценетата инвестиција се очекува да биде околу 270 милиони евра и се проценува дека е прва од ваков вид на Балканот и воедно најголема. Владата на седница на 23-ти минатиот месец донесе Одлука за утврдување статус на стратешки инвестициски проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Преку оваа…

Read More

Како и секоја година, и овој декември Друштвото на писатели на Македонија го распишува Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања, чии автори се членови на асоцијацијата. Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и младинци и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се репер за валоризација на годишната книжевна продукција. Право на учество на овој Конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири (4) примероци од своите…

Read More

МВР во изминатиот период го реализираше првиот дел од проектот „Електронски записник од увид во сообраќајна незгода“, со кој се воспоставува централна, електронска евиденција на извршени увиди на сообраќајни незгоди, при што се обезбеди внесување, чување и обработка на податоците од Записникот за извршен увид на место на сообраќајната незгода, информираше на фејбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – При изготвување на софтверското решение на унифицираниот Образец на Записник за извршен увид на сообраќајна незгода се пристапи и кон имплементирање на CADAS протоколот, при што беа инкорпорирани Записникот за увид на сообраќајна незгода, Прашалникот СН1 и податоците за Важните…

Read More

„Врба“ на Милчо Манчевски изминатава недела освои вкупно 7 трофеи – три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L'Europe Autour de l'Europe) во Париз. „Врба“ беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Филмот во Атина доби и уште четири почесни признанија – за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер за Тамаш Добош и за најдобар филм во избор…

Read More