Author: Mirjana

Жените жртви на семејно насилство не се само бројка, затоа сите заедно, треба да делуваме и да ги поддржиме да се чуе нивниот глас, нивните потреби, нивните приказни. – Секоја година 1.500 македонки се ново-евидентирани жртви на семејно насилство. Време е гласно и свесно да говориме за македонските жени жртви да не трпат насилство. Како женски бренд ја поддржуваме Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, и ги покануваме останатите компании да се вклучат и со тоа да покажеме единство за тоа колку е важно да се елиминира насилството врз жените, велат од македонскиот бренд Ла Дама. Тие…

Read More

Преку инвеститорите како што се Akuo Energy и WPD се надевам дека ќе придонесеме за намалување на бројот на миграција кај младата популација и дека младите својата иднина ќе ја бараат во ваквите компании кои можат да им понудат услови за работа слични како во Европа, вели Виктор Андонов, советник на премиерот за енергетика во интервју за НОВА. Во ова интервју Андонов зборува за актуелната енергетска криза, предизвиците, ризиците и перспективите на македонскиот енергетски систем. НоваТв: Како ги оценувате перформансите на енергетскиот систем во актуелната глобална енергетска криза? – Производството на електрична енергија во Република Северна Македонија во изминатите 30…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска учествуваше на 8. Меѓународна конференција на жената Ромка, во организација на Советот на Европа во Стразбур, на која меѓудругото, се разговараше и за влијанието што Ковид-19 го имаше врз Ромите, во однос на здравствената заштита, но и во однос на човековите права, дискриминација, расизам, вработување, родова еднаквост, младите. На конференцијата на која учествуваат претставници на земјите членки на Советот на Европа, како и претставници на бројни невладини организации кои работат на унапредување на положбата на Ромите, особена на жените Ромки беше нагласена потребата од системски и организиран пристап кој подразбира прилагодување на…

Read More

Можеби има право писателот Едгар Фор кога напишал…„..задоволството на политичарот надвор од грижата за власта, е да сонува, да игра, да калкулира, да комплотира, да преговара, да ја прифаќа топката за пеналот..но доколку го промаши ќе мора да замине“. Останува дилемата дали Заев навистина  промаши? И дали воопшто шутираше пенал? Сепак едно е јасно. Ниту еден играч не наликува на својот претходник. Заев покажа дека е оригинален политичар, храбар играч, ефикасен капитен на тимот кој победуваше секакви предизвици. Штета доколку биде прифатена оставката… Пишува: Нано Ружин Што е политиката денес ? Со едностраната одлука за оставка од челото на партијата…

Read More

Предновогодишната еуфорија е на прагот и таа годинава е во знакот на пандемијата. Рекламните пораки на глобалните фирми на секаков начин ги „ мамат “ коминтентите за нивните палети на производи, во кои неминовно е и присуството на Дедо Мраз. Но се чини во таа трка да се биде уникатен, на врвот е британската фирма Tesco во чии рекламни пораки Дедо Мраз осамна со сертификат за имунизација за ковид-19. Рекламата се нарекува „Овој Божиќ ништо не може да ме спречи“. https://www.youtube.com/watch?v=0P7QSCLtRwI&t=64s

Read More

Македонската компанија “Сорсикс“ со права за технолошка и административна поддршка на “CommonPass” за Северна Македонија информира дека апликацијата “CommonPass“, која има за цел да овозможи приказ на Ковид-19 статусот на секој корисник сега е целосно функционална и достапна за граѓаните на Северна Македонија. Со тоа се овозможува корисниците електронски да ги документираат своите здравствени податоци поврзани со Ковид-19 во контекст на примена вакцина и/или резултат на Kовид-19 тест, од сертифицирани и акредитирани институции и на таков начин да се легитимираат на сите места каде е тоа потребно, во државата и надвор од неа. “CommonPass“ апликацијата функционира со користење на податоци…

Read More

Неодамна во Атина, се одржа меѓународна конференција на која учествуваше и нашиот национален координатор за интегрирано гранично управување Владимир Пивоваров.Тој претстави 3 проекти кои можат , лесно, брзо и без големи финансиски оптоварувања да се имплементираат, а при тоа да се постигнат врвни резултати. Во своето експозе пред присутните на конференцијата, професор Пивоваров, меѓу другото пишува: -Имено се работи за 3 проекти кои задираат во борбата со криумчарењето на мигранти, превенирање, откривање и докажување на можната корупција како и заштита на јавното здравје на граничните премини. Трансграничниот криминал и корупцијата е планетарна закана за животот и безбедноста на луѓето но…

Read More

Директорот на Делегацијата на германското стопанство во земјава, Патрик Мартенс со допис до медиумите извести за две средби што ги остварил изминатата недела. Едната со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и другата со министерот за правда Бојан Маричиќ.   На оваа средба разговаравме за новиот предлог-закон, со кој недела би била прогласена за неработен ден. Заедно со германските инвеститори во земјава поднесовме барање во законот да биде внесена уредба со која прецизно ќе се регулира законот, пишува во својот допис Патрик Мартенс. -Оваа уредба ќе ја заштити позицијата која ја имаат производителите од Северна Македонија во однос на…

Read More

Во организација на републичкото собрание на Србија денеска се одржа конференција за „Отворен Балкан“ насловена како„Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“. На неа партиципираа специјалниот американски претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, премиерите на Србија и Албанија, Ана Брнабиќ и Еди Рама и македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров. Ескобар ги повика земјите кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ да разговараат со останатите три земји од Западен Балкан како Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово кои се скептични со цел да ги стимулираат да се приклучат и тие кон оваа иницијатива, зашто според него проектот…

Read More

На покана на организаторите – Народното собрание на Република Србија, Српско-американскиот конгрес за пријателство и Источно-западниот мост, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе биде говорник на политичкиот панел во рамки на конференцијата „Отворен Балкан – Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“. На панелот ќе се афирмира политичкото значење на оваа иницијатива за регионот и од аспект на европската интеграција, а ќе се обратат и премиерката на Србија Ана Брнабиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, како и специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак.…

Read More

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, оствари работен состанок со г- дин Џерек Бас, нов политичко – економски советник во Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Северна Македонија. На состанокот беа презентирани приоритетите и активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство и разгледани беа полињата за унапредување и насочување на идната меѓународна соработка. Во насока на унапредување на институционалната соработка како основа за унапредување на економската меѓу двете земји, г- дин Бас ја потенцира можноста за вклучување на АХВ во тековните и новите проекти кои се реализираат од страна на Амбасадата на САД во…

Read More

Како РКЕ сите механизми што се во рамките на нашата надлежност ќе ги активираме со цел заштита и на интересот на потрошувачите и на ликвидноста на енергетските компании, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) одржа редовен координативен состанок со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоме, Електродистрибуција, Операторот на пазарот на електрична енергија – МЕМО, ТЕЦ Неготино и со претставници на Владата и Министерство за економија. Стабилноста на електроенергетскиот систем е императив и сите процеси кои се во тек и чекорите кои се…

Read More