Author: Mirjana

Отворено ги прашуваме пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ Алијанса за Албанците и Левица: што имате против работничките и работниците да го добијат недела како неработен ден? Зошто сте против 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а преостанатите 8 проценти кои ќе работат да добиваат до 100 отсто зголемена дневница? Всушност, знаеме зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица ги блокираат измените во Законот за работните односи: тоа го прават за нашето општество да не добие позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд а од тоа бенефит да имаат сите! Ваквите измени на Законот, нормално, не им…

Read More

Неколку илјади луѓе излегоа денеска на улиците во Австралија за да протестираат против обврската да се вакцинираат против Ковид-19, но излегоа и групации на граѓани кои ги поддржуваат ваквите мерки предложени од владата бидејќи земјата е меѓу оние со највисок степен на имунизација против корона вирусот. Имено, речиси 85 отсто од Австралијците постари од 16 години се целосно вакцинирани против коронавирусот. Вакцинацијата во земјата е доброволна, но сојузните држави и територии ја пропишаа како обврска за многу професии и занимања и забранија одредени активности за невакцинираните, како што се јадење во ресторани или одење на концерти. Демонстрантите против анти-ковид мерките…

Read More

Најмалку седум лица се повредени во синоќешните протести во Ротердам, Холандија поради најавите за построги мерки поради корона пандемијата. Според полицискиот извештај, биле истрелани предупредувачки истрели и пукано на луѓе, откако демонстрантите со камења и пиротехника ги гаѓале полицајците кои се обидувале да изгаснат едно запалено полициско возило а уште едно било целосно демолирано. Полицијата во Холандија, многу ретко користи огнено оружје, па оттаму вестите кои дојдоа за користење на оружје за растерување на демонстрантите за сите изгледаа збунувачки. Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, ги опиша настаните како „оргии на насилството“. Министерот Граперхаус, пак, зборуваше за целни напади врз полициските…

Read More

Денешниот ден е прогласен за Светски ден на детето, по повод усвојувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата на 20 ноември 1989 година. Оваа конвенција е најшироко прифатен документ на Обединетите нации и е ратификуван од најголем број држави, споредено со кој било друг документ на организацијата на народите,пишува во својата објава Заев. Северна Македонија , како и сите други земји-членки на ОН , со прифаќање на Конвенцијата за правата на децата, се обврза дека ќе ги почитува четирите основни принципи: Недискриминација; Придржување кон најдобрите интереси на детето; Правото на живот, опстанок и развој; и Правото на…

Read More

Министерството за образование и наука посветено работи на создавање на  поквалитетно и достапно образование за секое дете, истакнува министерката Мила Царовска во видео обраќање со кое го честиташе Меѓународниот ден на детето – 20 ноември. – Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на детето сакам да напоменам дека имаме една и единствена цел – да обезбедиме образование кое ќе овозможи на нашите деца, ученици и ученички да пораснат во граѓани и граѓанки кои научиле да ги употребуваат знаењата за личен и општествен развој. Во таа насока се и реформите кои подразбираат подобрување на условите за настава во училиштата, но и…

Read More

Шест организации на Македонците во Бугарија сметаат дека податоците од последно спроведениот попис се „неточни, пристрасни и неупотребливи“. Ова е еден од заклучоците во писмената реакција, насловена како „Позиција на организациите на македонското малцинство во Бугарија во однос на пописот спроведен во 2021 година“. Заклучокот произлегува од нивното согледување на условите под кои е спроведен пописот а кои ги образложуваат во реакцијата. Откриваме дека: 1. Пописот е спроведен без посебна графа ‘македонски’, во духот на официјалната политика на негирање на малцинството и третман на македонското самоопределување, како отпадништво и предавство на државата и во атмосфера на масовна антимакедонска пропаганда, силна…

Read More

Најмалку 30 лица загинаа или исчезнаа во поплавите во јужна Индија, јавија денеска локалните медиуми. Надојдена река однесе три автобуси во државата Андра Прадеш. Спасувачите извлекле повеќе од десет тела, а најмалку 18 лица се водат како исчезнати. Екстремните временски услови во Јужна Азија се последица на климатските промени, уништувањето на шумите, изградбата на брани и прекумерниот развој, предупредуваат експертите. https://www.youtube.com/watch?v=iO1fXZGzWUw

Read More

20 ноември, се одбележува како Светски ден на детето и ден на Конвенцијата за правата на детето, и е ден кога сите ние ги сублимираме нашите заложби, напори, иницијативи, преземени дејствија, за утврдување на статусот на детето во училиштето, во семејстсвото и воопшто во општеството, посебно од аспект на почитувањето на децата како индивидуи со свои ставови и гледишта за сите битни прашања, посебно за прашањата кои се однесуваат на нив. Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за секое демократско, напредно и развиено општество нема поважна работа…

Read More

Дека вакцините се докажано безбедни, ефикасни и штитат од тешка форма на болеста, Филипче го посочи примерот со Велика Британија и Украина. Во Британија, процентот на вакцинирани е над 70%, а пред два дена имаше 39.000 нови случаи и само 47 починати, Украина истиот ден имаше 12.000 нови случаи и преку 500 починати. Украина има само 20% вакцинирано население, смртноста во оваа земја е 10 пати поголема. Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани. Целта е да се одржи релативно стабилната епидемиолошка состојба и да се зголеми интересот за…

Read More

На 19.11.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги во трговски центар на подрачјето на Карпош го лишија од слобода М.И.(33) од Скопје. За него била распишана  Централна потерница од МВР и издадена наредба од страна на Основно јавно обвинителство Велес за истражни дејства во врска со кривично дело „даночно затајување“ предвидено во чл.279  од Кривичниот законик.  Лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

Read More

Какви промени во квалитетот на секојдневието носи иницијативата Отворен Балкан? Одговри побаравме од советникот за надворешна политика на премиерот и координаторот во Владата на иницијативата Отворен Балкан, Едмонд Адеми НОВА: За иницијативата Отворен Балкан се слуша многу во медиумите. Сепак што од сето тоа што се случува по состаноците, менува во секојдневието на граѓаните во регионот? – Отворен Балкан значи дека земјите членки, до овој момент Северна Македонија, Албанија и Србија, отвораат нови можности за своите граѓани. Отворен Балкан значи полесно и побрзо да проаѓаме граници, да расте бројот на поволности и попусти за граѓаните од регионот, трговијата да се…

Read More

-Здравствено се чувствувам лошо, се борам со тешката болест. Со голем тим на стручњаци и лекари се надевам дека ќе ја победам тешката болест. Многу се избориле, се надевам ќе го сторам и јас тоа, мислите ми се позитивни..ова им го изјавила Његомир пред само десетина дена на новинарите , информирајќи ги за тешката болест со која се соочува и дека  најголема поддршка и се децата. Таа имаше 69 години. -Јас која секогаш експлодирав од енергија, сега немам здив од болка, рекла Његомир во својата последна комуникација со медиумите. Његомир во својата кариера сними над 25 албуми и испеа хитови…

Read More