Author: Mirjana

Со 26 гласови „ЗА“ на конститутивна седница Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Покрај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, за него гласаа и од Левица, Алијанса на Албанците и Алтернатива и двајцата советници на коалицијата ЛДП/ДОМ. – Во Советот нема да има место за политика и идеологија, туку Советот ќе мора да работи за да ги подобри условите за живот на сите граѓани на Скопје, модернизација на градот и реализирање на ветените проекти, изјави Славевски. – Состојбата особено во претпријатијата не е добра. Се соочуваат со големи проблеми особено превработеност, пред нас стои тешка задача.…

Read More

Синодот на МПЦ-ОА не е вознемирен и не сака да ја коментира изјавата на викарот на патријархот на Српската православна Црква Порфириј, моравичкиот епископ Антониј дека му се заканувало раскол на Фанар, односно на Вселенската патријаршија ако го признаела афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.  Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Владиката Тимотеј за НоваТВ, само кусо прокоментира дека „оваа и ваква изјава, ниту е нешто ново ниту е загрижувачко“. Владиката Петар пак, додава дека „изјавата на викарниот епископ Антониј, не е точна зашто последната одлука донесена на Вселенски Собор и која сеуште е во сила е онаа од втората половина на 8-иот…

Read More

Отворен Балкан, Берлински процес, ЦЕФТА и многу други инцијативи се обидуваат да ја мобилизираат соработката во регионот во функција на неговиот социо – економски напредок. Што се случува со овие инцијативи и колку се успешни? На овие прашања во интервју за НОВА одговара Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет  и национален координатор за Берлинскиот процес. – Надминувањето на бариерите за движење на стоки се дел од активностите во рамките на CEFTA, а и тука работите се одвиваат на истиот начин – на експертско ниво, помалку или повеќе, сé е во ред; но, кога ќе дојде до потпишување на протоколи, договори…

Read More

По речиси двогодишна пауза заради пандемијата со Ковид 19, бизнис делегација од земјава неделава престојува во Санкт Петербург на директни средби со руските добавувачи и купувачи на храна.Во организација на Македонско-руската стопанска комора и во соработка со „Центр закупок сетеи“ од денес до 18 ноември ќе се одржат разговори и билатерални бизнис средби со руските партнери во функција на зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Македонската делегација на манифестацијата „Се за маркети“ ја сочинуваат дваесет бизнисмени од единаесет компании од областа на производство на храна. На руските деловни луѓе своите производи ќе им ги понудат македонски произведувачи од областа…

Read More

Крупни промени во здравствениот систем, гарантираат новите измени на Законот за здравствената заштита кој денеска беше усвоен на седница на Влада на РСМ. Со новините во законската регулатива се отвора можноста лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни. Министерството за здравство, сега со новите измени овозможува лекари специјалисти да работат во кое било ЈЗУ во државата. Измените на Законот предвидуваат: 1.Лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа ќе може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион. 2.Од крајот на следната…

Read More

Овој викенд  Битола ќе биде музички центар на единствениот фестивал во нашата држава, кој ја слави музиката која влегува во категоријата •world music•, традиционална музика на секој народ на светот која има глобален карактер и припаѓа на светското културно наследство. Три  дена музика, концертни амбиенти и сите фестивалски луѓе заедно и на официјалната програма на големата сцена на Центарот за култура кој е организатор на фестивалот и во ОФФ програмата која ќе се случи во Клубот Јагода, кој е центар на електронската музичка сцена во овој град. Новото разбирање на културата на звукот за овој музички жанр, зачнато е во…

Read More

Кампањата „Слушни ме!“ успешно им даде слух на институциите и локалните самоуправи за потребите на младите во локалните заедници. Станува збор за кампања која се појави непосредно со отпочнувањето на локалните избори, сè со цел да ги охрабри младите луѓе активно да партиципираат во креирањето на политиките и да се изборат за своите приоритети. Во фокусот на кампањата беа млади луѓе од шест општини на територија на Македонија и тоа Карбинци, Куманово, Липково, Теарце, Тетово и Штип кои преку виртуелно гласање имаа можност да изберат што е она што најмногу им недостасува во локалните заедници и што би сакале да…

Read More

Периодов  се интензивираа трилатералните контакти на релација Северна Македонија, Србија, Албанија обединети во проектот за „Отворен Балкан“. Придвижувањето на процесите во интерес на поголема проодност на добра, стоки и услуги , поголема доверба и соработка, ќе им ги помати сметките на криминално-коруптивните структури во регионот но, никој не е посилен од државата вели во интервју за НоваТВ , Националниот Координатор за интегрирано гранично управување Владимир Пивоваров. – Во овој момент по истражувањето на Светска Банка државите на Западен Балкан односно нивните економии од спориот проток на камионскиот транспорт на стоки губат 1% од Бруто националниот производ што изразено во пари…

Read More

Емисијата 360 степени во синоќешното издание објави сторија, според која ЕВН Електрани, како фирма ќерка на ЕВН Македонија, имала купено најмалку 7 парцели во околината на Делчево со цел на нив да постави фотоволтаични централи за производство на електрична енергија. Репортерот на 360 степени во сторијата објавува документи за две од тие парцели чии продавачи , успеале да им ги продадат на ЕВН Електрани по 800 денари за метар квадратен а ги купиле за само 15 – 20 денари за метар квадратен, три недели претходно. Според сторијата на 360 степени, еден од продавачите Дарко Т. Земјиштето од 6.780 метри квадратни…

Read More

Со потпишување на заедничката декларација со НАТО денеска официјално ќе се заокружи процесот на воено интегрирање на Република Северна Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. За таа цел во земјава ќе престојува командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињ, кој во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе оствари средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Тема на официјалните разговори, како што е наведено во соопштението од ГШ и МО, покрај заокружувањето на процесот на воена интеграција во структурите на НАТО ќе бидат и активностите во процесот…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека САД ќе работи заедно со сојузниците и партнерите за да одговори на „неодговорниот чин“ на Русија, која „со разорно тестирање на антисателитски проектили (АСАТ) на својот сателит ја загрози Вселената“. Тој ги повика сите „одговорни држави кои ја истражуваат Вселената“ да се придружат во напорите за воспоставување на норми на одговорно однесување и да се воздржат од спроведување на „опасни и неодговорни разорни тестови, какви што спроведува Русија“. Блинкен посочи дека тестирањето на антисателитскиот проектил досега произвело повеќе од 15.000 парчиња орбитален отпад, а најверојатно ќе бидат генерирани стотици илјади помали парчиња. –…

Read More

– Следува период на интензивирање на контактите меѓу Скопје и Софија до одржувањето на клучните состаноци на ЕУ во декември, преку постојните форми на одржување состаноци, се со цел да се изнајдат најдобри решенија во интерес на постигнувањето на наредните исчекори во процесот на интеграција кон Европската Унија, наведе шефот на дипломатијата Бујар Османи по вчерашната средба во Брисел со неговиот бугарски колега Светлан Стоев. Специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, пак, смета дека брзо ќе се пронајде заеднички јазик со евентуалната нова бугарска влада предводена од Кирил Петков и Асен Василев, за која, како што нагласува, е…

Read More