Периодов  се интензивираа трилатералните контакти на релација Северна Македонија, Србија, Албанија обединети во проектот за „Отворен Балкан“. Придвижувањето на процесите во интерес на поголема проодност на добра, стоки и услуги , поголема доверба и соработка, ќе им ги помати сметките на криминално-коруптивните структури во регионот но, никој не е посилен од државата вели во интервју за НоваТВ , Националниот Координатор за интегрирано гранично управување Владимир Пивоваров.

– Во овој момент по истражувањето на Светска Банка државите на Западен Балкан односно нивните економии од спориот проток на камионскиот транспорт на стоки губат 1% од Бруто националниот производ што изразено во пари за нашата земја изнесува околу 125 милиони евра. На граничните премини помеѓу нашите земји високо присутната корупција ќе стане далечно минато за што некои криминални структури ќе бидат ожалостени а на секој начин ќе се обидуваат овој проект да не успее. Веќе на превозниците и компаниите нема да може да гледаат како на торба со пари од која ќе се збогатуваат преку корупција, туку на нив ќе гледаат како на господа превозници. Радува фактот што премиерите Заев, Рама и претседателот Вучиќ силно се залагаат овој проект да профункционира односно сите три влади целосно се вложуваат бенифитите од овој проект граѓаните да ги почувствуваат до крајот на идната година а зошто не и порано. Затоа, сметам дека за овој проект тројцата лидери треба да бидат предложени за Нобелова награда за Мир, оценува Пивоваров во интервјуто за НоваТв.

НоваТВ: Господине Пивоваров како ја оценувате идејата за Балкан без граници или „Open Balkan“ во услови кога сеуште слушаме за застои посебно на транспортерите на границите. Дали после три децении е можно да профункционираат коридорите без блокади од административна природа и кои услови треба да се исполнат?

– Проектот Open Balkan е нешто најдобро што се случува на Балканот во поновата историја.Треба да сме свесни дека секој авангарден проект како што е овој, од ретроградните сили ќе биде дочекан на нож. Сепак, на луѓето треба да им се објасни што претставува овој проект со аргументи и факти со цел да погледнат кон иднината и да не се вртат кон минатото кон поделби и раздори помеѓу народите кои живеат на овие простори. Впрочем светол пример е соработката помеѓу Франција и Германија иако во долгогодишните војни во минатите векови имаа милиони жртви, преку ваков проект станаа пријатели и мотор на Европската Унија, кон што денеска се стремат и Република Србија, Република Албанија и нашата земја. Побрзиот проток на патници и стоки, економската соработка која со овој проект се олеснува е приматот на овој проект како и меѓусебното овозможување на слободен пристап кон пазарот на трудот  во овие земји. Понудата за зеднички аранжмани во областа на туризмот е импулс плус зошто треба да го спроведеме овој проект. Ако пред неколку децении народите од нашите земји во очите на националистите беа толкувани како непријатели, во иднина пријателството треба да е  примат. Денешниве асиметрчни закани како што се (тероризмот, организираниот и транснационалниот криминал) се сериозна закана за секоја држава а со овој проект во делот на безбедноста се очекува поблиска соработка на безбедносните служби во регионот како одговор од наведените закани. Од економски аспект, ослободувањето од царински и други давачки нашите економи ќе ги направи поконкурентни на трети пазари а со самото тоа треба да се очекува и прилив на поголеми странски инвестиции.Со еден збор најголемата придобивка од овој проект ќе ја почувствуваат граѓаните преку подобрување на нивната материјална благосостојба. Ќе биде разрешен и горливиот проблем на иселување на младите луѓе од овој регион. Досегашните бирократски процедури на границите ќе бидат минато. Во овој момент по истражувањето на Светска Банка државите на Западен Балкан односно нивните економии од спориот проток на камионскиот транспорт на стоки губат 1% од Бруто националниот производ што изразено во пари за нашата земја изнесува околу 125 милиони евра. На граничните премини помеѓу нашите земји високо присутната корупција ќе стане далечно минато за што некои криминални структури ќе бидат ожалостени а на секој начин ќе се обидуваат овој проект да не успее. Веќе на превозниците и компаниите нема да може да гледаат како торба со пари од која преку корупција ќе се збогатуваат, туку на нив ќе гледаат како господа превозници. Радува фактот што премиерите Заев, Рама и претседателот Вучиќ силно се залагаат овој проект да профункционира односно сите три влади целосно се вложуваат бенифитите од овој проект граѓаните да ги почувствуваат до крајот на идната година а зошто не и порано.

НоваТВ: Како Национален Координатор за интегрирано гранично управување, блиска ви е темата за „One Stop Shop “ точките на граничните премини, кои се со слична улога. Но, очигледно тие затаија, штом и натаму имаме непропустливи граници. Каде го лоцирате проблемот?

– Точно е дека проектот One Stop Shop не ги даде очекуваните резултати за побрз проток на стоки. Меѓутоа од направените анализи сите недостатци беа детектирани и со предлог мерки требаше да бидат отстранети но, со започнување на новиот проект One Stop Shop ќе биде минато.

НоваТВ: Пивоваров на еден настан во Атина, во октомври на тема од делокругот на она за кое сте ангажирани во Владата, инициравте
поставување полиграфи на границите. Како е прифатена оваа идеја и дали очекувате таа да се формализира преку „Отворен Балкан“?

– На светскиот конгрес за гранично интегрирано управување кој се одржа во Атина од 05. до 08. 10. 2021 година. на кој учествуваа преку осумдесет земји со нивни претставници, презентиравме три проекти кои се однесуваа на спречување и откривање на можната корупција на границите, управувањето на границите во време на пандемијата како и предлог мерки за спречување на илегалниот транспорт на мигранти со камионскиот превоз. Заеднички именител во трите проекти е можната корупција на граничните служби за што предлагаме при утврдување на интегритетот на овие службеници кои работат на високо ризични места да се применуваат и најсовремени научни достигнувања во електрониката а тоа се полиграфите. За вакво нешто да се примени во практика потребна е дерогација на правото како и голема храброст на владите бидејќи ќе се наиде на голем отпор од страна на криминалните структури криејќи се зад флоскулата за заштита на човекови права и слободи како и веродостојност на полиграфските испитувања. По ова прашање државите имаат избор во два правци. Првиот е да молчиме и да бидеме неми набљудувачи со што индиректно ја подржуваме мафијата или да почнеме со примена на радикални мерки со цел да ја спречиме корупцијата, да ја сосечеме во корен за добро на државите и нивните граѓани.

НоваТВ: Гледаме дека политичките елити во регионот, барем оние што ја прифатија идејата за „Отворен Балкан“ демонстрираат политичка воља, предрасудите да се остават во минатото и погледот да се насочи кон иднината. Но и покрај апелите процедурите што побрзо да се приведат при крај, и самите воочуваат дека нешто, некој. како да ги кочи процесите. Која е таа ,,сила“ што ги поткопува ваквите заложби и колку е моќна?

– Најдоброто нешто што можеше да му се случи на Балканот е токму овој проект. Силната политичка волја од нашите лидери е од пресудно значење. Идејата е прекрасна, поддршката исто така, но сега претстои најтешкиот дел а тоа е договарање на сите поединости во овој проект а тука се испреплетени многу институции под превезот на безбедноста на регионот. За кусо време ќе ги видиме сите кои стрепат од овој проект, тоа се криминалните структури на кои ќе им биде ускратен криминалниот приход, а ќе имаме пополни државни буџети од кои граѓаните ќе бидат посреќни. Не смее да им се дозволи на кочничарите да го сопрат или успорат овој проект. Преку овој проект се испраќа сигнал до Европската Унија дека Балканот не е семе на раздорот, туку пример за соработка и соживот на народите кои живеат на Балканот, дека сме подготвени да станеме дел од големото европско семејство. Моќта на кочничарите е онолкава колку ние самите ќе им дозволиме. Никој не е посилен од државата.

НоваТВ: Викендов во Ниш, Република Србија се одржа состанок во рамките на „ Отворен Балкан “ на кој земјите партиципиенти во иницијативата си зададоа домашна задача да ги покренат работите од „мртва точка“. Вклучени сте и вие. Со која задача?

– Да изминатиов викенд во Ниш се одржа првата трилатерална средба на која се постигнати општите начела за подготовка на проектот.Веќе во петок во владата ќе се пристапи кон отпочнување со предлози од сите засегнати институции во нивен делокруг на работење преку изнесување на конкретни предлози и видувања за во натамошниот период сите позитивни видувања да бидат имплементирани. Секако најголемиот терет ќе падна на МВР и Царинската управа. Убеден сум за сите дејствија јавноста благовремено ќе биде известена. Впрочем сега претстои најтешкиот дел кој треба да биде завршен со трилатерален договор по што следи етапата на имплементација со што за жал ние на Балканот не се прикажавме досега во најдобро светло. Затоа мора да се предвидат контролни механизми со цел некои делови од оперативните служби кои ќе го спроведуваат проектот да не забегаат или пак да демонстрираат фигуративно кажано бел штрајк.

НоваТВ: Како експерт за безбедносни прашања, пред се, Пивоваров како гледате на оваа иницијатива од аспект на јакнење на соработката и довербата во регионот, што секако е во насока да ги минимизира безбедносните ризици ?

– Исто така и зголемената соработка помеѓу нашите земји на поле на безбедноста ќе се крене на повисоко ниво. Секогаш како шеф на разузнавачка служба но и денес од позиција на национален координатор се залагам за искрена и блиска соработка со соседните и партнерските безбедносни служби. Точно е дека криминалците вклучени во транснационалниот криминал немаат никакви бариери во нивната соработка, па најдобар одговор на безбедносните служби би бил да соработуваат искрено и чесно без никаква задршка во борба со организираниот транснационален криминал и тероризмот. Ако криминалците имаат резервни држави ние такво нешто немаме и затоа силно треба во секој момент да им одговориме.

НоваТВ: Сеуште има отпор од некои од балканските земји за вклучување во иницијативата? Дали очекувате да се премислат, зашто без сите од Балканот во „ Отворен Балкан“ дали е возможно да профункционира сето ова. Зборуваме за Отворен Балкан  а сите и натаму затворени во сопствените „трла“?  

– Мислам дека некои стереотипи постојат во елитите на некои Балкански земји, но согледувајќи ги севкупите придобивки од овој проект многу наскоро и тие ќе се приклучат кон проектот. Од овој проект, никој ништо не губи, сите добиваме на секое поле. Се надевам дека еден ден, согледувајќи ги севкупните придобивки од овој проект, неговите идејни творци и промотори господата Заев, Рама и Вучиќ ќе треба да ги предложиме за Нобелова награда за Мир поради тоа што така-нареченото „буре барут“ кое се вика Балкан го претворија во оаза на мирот а нивните земји, полноправни членки на Европската Унија.

Мирјана Трпческа