Author: Mirjana

Лидерот на БЕСА, Билал Касами  на излегување од Собранието изјави дека се сомнева дека Кастриот Реџепи е присилен да не дојде денеска во законодавниот дом и дека наводно се држел некаде на сила за да не може да дојде. Касами повтори дека БЕСА останува на ставот  за „ пад на овој ртежим“ како што изјави и се чуди што се случило во меѓувреме што Реџепи до вчера бил на позиции како останатите 60 пратеници со кои требаше да се руши власта а , денеска , не знае каде се наоѓа. – Сè додека немам јасна слика и глас од пратеникот…

Read More

Ѕидната мурали-уметност во моментов го доживува врвот на својата актуелност во Македонија, благодарение на сè повеќето проекти кои се спроведуваат и им овозможуваат на младите ликовни артисти да ги преточат своите визии во парче ѕидна уметност. Еден таков проект кој осамна е „Градиме култура, сликаме култура-мурали за 30 години независност“. Во проектот се вклучени повеќе ликовни уметници кои на различни локации и во различни градови ширум Македонија насликаа мурали со личности и настани кои имаат значаен придонес во развојот на културата и историјата на Македонија. Мурали се сликаа во Велес, Кавадарци, Струга, Крива Паланка, Богданци и Кратово. Па, така Велес…

Read More

Додека трае паузата во законодавниот дом што ја побара заменик координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, да потсетиме на изјавата што на почетокот на седницата ја даде претседателот на Собранието, Талат Џафери. Откако пратеникот и координатор на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и неговата сопартијка, пратеничката, Ангелика Петкова, пред почетокот на седницата влегоа во посебно изолирани кабини во собранието, спикерот Џафери во нему познат стил рече: – Се надевам дека нема да има кривична пријава за биолошки тероризам овој пат. Веројатно сите сме свесни што зборував пред година и пол за потребата од онлајн работа“, порача собранискиот спикер Талат Џафери.…

Read More

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по излегувањето од Собранието денес, откако опозицијата не обезбеди кворум за гласање недоверба на Владата, рече дека е некоректно што медиумите пред камери му поставуваат прашања. Запрашан за изјава по необезбедувањето на 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, тој одби да одговори и се пожали дека новинарите некоректно се однесуваат со него. „Некоректно е, многу е некоректно. Ви кажав ќе ви дадам изјава после, некоректно ме прашувате со камери“ рече Николоски.

Read More

Во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број од одобренијата се во Полошкиот регион, 66, по што следат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46,… Најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849  метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и…

Read More

Генералниот секретар во Владата, Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил,напиша  Game change (Играта се менува) откако пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи објави дека нема да присуствува на седницата за гласање (не)доверба на владата. Без неговиот еден глас опозицискиот блок остана без потребниот кворум за смена на власта. Зекири со оваа порака алудира на пораката што ја даде лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Скопје, кога најавуваше промени во партијата со англиската фраза Game change.

Read More

По објавата на пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи дека нема да присуствува на седницата за гласање (не)доверба на Владата со што опозицискиот блок остана без потребниот еден пратеник за рушење на владата, , заменик координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Дафина Стојановска побара едночасовна пауза. ТВ21 го регистрира доаѓањето на Мицкоски во Собрание, кој во изјава го спореди Кастриот Реџепи со покојниот пратеник Амди Бајрам . https://www.youtube.com/watch?v=JrhRxD9HQMg&t=19s

Read More

Претставници на партиите обединети околу иницијативата за гласање (не) доверба на владата, денеска пласираат информации дека со технички изменета иницијатива , ќе пробаат да ја срушат владата. Според нив оваа можност е дозволена. Имено на поднесокот на иницијативата би фигурирале помал број потписи од вообичаено потребните 61. а при гласањето би имало поголем број на гласови. Ова го изјавил Антонио Милошоски  а во изјавата која ја пренесуваат повеќе медиуми меѓу другото стои: – Иницијативата останува, а деловникот дозволува истата да биде технички корегирана. Ќе направиме техничка корекција, да даде простор на одредени пратеници да се пронајдат себе си со своите…

Read More

– Во нашата општина ова не смее да се случува. Вандалскиот чин кон госпоѓа Љубица Јанчева , го осудувам пред се како граѓанин и како градоначалник, се наведува во реакцијата градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски на чија територија било излепено возилото на поранешната претседателка на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева со пур пена. – Досега неколку пати реагиравме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром поради слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата но не добиваме никаков одговор . Во мојата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа…

Read More

Американски сојузен суд  синоќа му дозволи на Претставничкиот дом на САД пристап до стотици страници доверливи документи од времето на претседателствувањето на Доналд Трамп, вклучувајќи ги и оние за нападот на Капитол на 6 јануари. Со оваа одлука судијката Тања Чуткан ги запре обидите на поранешниот американски претседател да ги зачува во тајност повеќе од 700-те страници документи. Адвокатскиот тим на Трамп најави дека ќе се жали на одлуката, јави Си-Ен-Ен. Според одлуката на судијката, Националниот архив во петок на пратениците треба да им ги предаде бараните записници од телефонските повици во Белата куќа, видеата поврзани со 6 јануари, како…

Read More

Кинеската армија одржува воени маневри во близина на Тајван како одговор на посетата на делегацијата американски конгресмени на овој остров, јавуваат американските медиуми. Вежбите во близина на Тајванското море се „неопходна мерка за заштита на националниот суверенитет“, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана. Не е познато кога и на која локација се одржуваат вежбите. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, изјави дека Кина ја смета посетата за „сериозно кршење“ на обврската на САД да не одржува формални односи со Тајван, островот што Кина го смета за свој дел од територијата. -Кина одлучно се спротивставува на тоа и…

Read More

Колку апликации за дискриминација имаат пристигнато во Европскиот суд за човекови права од земјава? Оваа дилема се отвори по посетата на првиот човек на Европскиот суд за човекови права на земјава, Роберт Спано. По различните информации во некои медиуми дека станува збор за над 300 апликации, информација пласирано по петочната прес-конференцијата на судијата Спано, од Европскиот Суд за човекови права, испратија податоци според кои во земјава нема над 300, туку само 10 апликации за дискриминација. – Вкупниот број на тековни предмети против Северна Македонија распоредени на соодветна судиска формација во моментов изнесува 315 предмети. Десет од тие предмети се однесуваат,…

Read More