Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Познатата австралиска рап-музичарка Иги Азалеа синоќа на отворањето на 21. фестивал „Егзит“ во Нови Сад на главната сцена создаде вистински спектакл и мултимедијално музичко шоу. Концертот го започна со нејзиниот хит „Work“, инаку деби сингл, на големо воодушевување на публиката, главно тинејџери и припадничките на понежниот пол, која е нејзина главна целна група. Според проценките на организаторите, околу 42.000 луѓе го следеа нејзиниот концерт на главната сцена, кој следеше по спектакуларно долгиот огномет и отворањето на Егзит и концертот на популарната регионална ѕвезда Сенида. Егзит годинава е со рекордна посетеност, има илјада музичари кои на 40 бини ќе ги развеселуваат…
Неколку млади невработени струмичани креатори на најдобри бизнис планови денеска беа наградени со ваучери од општина Струмица во износ од 60.000 денари. Општината објави Јавен повик и по двомесечна соодветна експертска обука на пријавените кандидати и претставување на бизнис плановите пред стручна комисија, оваа можност денеска беше финализирана до крај. Градоначалникот Костадин Костадинов им посака успешна реализација на нивните бизнис планови со најава дека и натаму општината ќе продолжи да ги поттикнува младите со нивните бизнис идеи.
Во втората трка со бикови во Памплона во рамки на Фестивалот Сан Фермин, денеска се повредени шест лица. Еден од повредените бил прегазен од бик по грбот. Сите завршиле в болница, соопштија властите. Денешната трка траела три минути и 10 секунди. За време на фестивалот ќе има вкупно осум трки со бикови. Десетици илјади луѓе од целиот свет ја посетуваат Памплона за време на фестивалот.
Нови 297 случаи на Ковид-19 се регистрирани од направени 1.113 тестови последното деноноќие. И натаму, Скопје со 174 новозаразени е на врвот на листата. Следни се градовите: Куманово – 21, Битола – 17, Прилеп и Кавадaрци – по 12, Велес – 11, Гостивар – 9, Штип – 8, Тетово – 6, Струмица, Кичево и Радовиш – по 4, Кочани и Гевгелија – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Охрид, Струга, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни 297, регистрирани се 69 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени…
Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, денеска изјави дека одлуката дали Скопје ќе го прифати или не ревидираниот француски предлог за решавање на билатералниот спор со Бугарија ќе биде суверена одлука на Северна Македонија. „Премиерот Ковачевски започна широки консултации со сите релевантни актери во државата. Консултациите се во тек, а одлуката за ревидираниот предлог ќе биде суверена одлука на Северна Македонија“, вели Писонеро.
Од 15-ти до 17-ти јули во живописниот Галичник, на падините на планината Бистра, ќе се одржи 48. издание на автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“. За галички зет и невеста оваа година се избрани Илчо Димитров и Елена Дуровска, а карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекриќ, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „Да“ во Галичник на 28-ми август. И овој пат покровител на Галичка свадба е Претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата е Министерството…
На редовната понеделничка координација во Собранието ќе се разговара за тоа кога би можело да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија. Претседателот на Собранието Талат Џафери за државната новинска агенција најави дека за тоа ќе се разговара на координацијата на која како владин претставник ќе присуствувал вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. „В понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, испратија писмо до Претседателот на Собранието Талат Џафери со кое бараат информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, која што вчера беше пратена до Собранието, да ја врати во Владата бидејќи не содржела ниту еден документ. „Ова е класична девастација и девалвација на Собранието и ова е класична злоупотреба и симнување на најниско ниво на законодавниот дом. Имено, материјалот што е стасан од Владата во Собранието се заснова на информација за предлог преговарачката рамка од еден лист. Текст од една страна е…
Истражувајќи ги климатските промени, научниците од Технолошкиот институт Нанјанг во Сингапур открија дека тоа влијае на создавањето на атмосферскиот метан во многу поголема мера отколку што се мислеше. Точно ова го вклучи алармот на светската научна мисла зашто во поголеми количини во воздухот, метанот е со потенцијал да делува како стакленички гас. За да го спроведат ова истражување, научниците ги анализираа атмосферските настани во последните четири децении, земајќи ги предвид различните ситуации во кои температурните промени доведуваат до намалување или зголемување на метанот во атмосферата. Поради климатските промени, Земјата би можела да произведе четири пати повеќе метан. Научниците наведуваат дека…
Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово ги лишиле од слобода А.М.(46) и Е.Ч.(46) од Косово. Двајцата непосредно пред апсењето, извршиле кражба на парични средства од 71-годишен човек со иницијали Р.С. од тетовски Пирок. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, средствата им се одземени и ќе му бидат вратени на сопственикот. Со соодветен поднесок тие денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
68 – годишниот Шинзо Абе важеше за најмладиот и најдолгорочниот премиер на повоена Јапонија. Харизматичен националист со силна политичка позадина, тој остави длабока трага во политиката на империјата и со неговите ставови за јапонската политика во текот на 20 век и со неговата економска политика, јавуваат странските медиуми. Кога 52-годишниот Шинзо Абе (1954) стана премиер на Јапонија за прв пат во 2006 година, тој беше најмладиот премиер во историјата на империјата. До 2020 година, кога се повлече од премиерската функција, тој помина вкупно девет години на таа позиција, повеќе од кој било премиер од Втората светска војна. Абе беше лидер…
По повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, општина Гази Баба во соработка со општествено одговорни луѓе и компании вчера и денес реализира голема хуманитарна акција во рамки на која се поделуваат 300 хуманитарни пакети со храна на семејства од муслиманска вероисповед. Со оваа акција, општината ја продолжува традицијата кога за Велигден беа поделени 200 хуманитарни оброци а за време на Новогодишните празници 500 хуманитарни пакети. Гази Баба е мултиетничка општина во која сложно живеат македонци, албанци, турци, роми, власи, бошњаци и сите останати, хуманоста е наша одлика и така ќе продолжиме и во иднина, се наведува во објавата на социјалните мрежи.