Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Министерството за образование и наука по писмен пат и без никакво образложение им го прекина правото на користење на субвенциониран студентски оброк на дел од студентите, иако претходно биле во групата на која и било одобрено негово користење. Во мејловите кои им се испраќани на студентите е наведено дека Комисијата за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за редовни студенти извршила проверка во податоците добиени од страна на Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување во РСМ при што било утврдено дека не го исполнуваат правото за субвенциониран студентски оброк. Оваа одлука на МОН предизвика бурни реакции кај…
Во најтесниот круг влегоа 30 портали кои функционираат на подрачјето на шесте земји во регионот (Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија). Секоја држава има број на претставници во однос на големината на државата при што приближно е потребно по околу 600.000 жители за секој портал, така да Црна Гора има еден, Северна Македонија 3 како и Словенија, Босна и Херцеговина 6 , Хрватска 7 и Србија 10 претставници. Изборот се спроведува според анкетата меѓу читателите на порталот и бодувањето од жирито. Читателите можат да бидат анкетирани до 30.11 во 23.59 часот. „ Со овој избор…
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница разгледуваше прв случај – предмет пристигнат кај нив, за вработување кога едно лице директор во Јавно претпријатие се вработува себеси, во истото ЈП. Антикорупција ќе покрене иницијатива за кривична одговорност пред Јавното обвинителство за повреда на член 353 од Кривичниот законик, односно иницијатива за утврдување одговорност. Пред новиот градоначалник и на новиот Совет на општината ќе достави иницијатива за одговорност на директорот и на в.д. директорот на Јавното претпријатие. ДКСК по разгледување на документите кои им се доставени и, како што рече Катица Николовска, член на Антикорупција, која го образложи овој…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со Тајс Ројтен, пратеник во Европскиот парламент и член на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, во рамки на неговата работна посета на земјава. На средбата беше дискутирано за трансформативната моќ на ЕУ во регионот во контекст на политиката на проширување и нејзината кредибилност, што особено се отсликува во случајот со Северна Македонија. Вицепремиерот Димитров истакна дека текот на евроинтегративниот процес има големо влијание врз случувањата во земјата и регионот кои се рефлексија и на опаѓањето на довербата во остварливоста на европското ветување, рече на средбата…
ЕУ И НИЕ – НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ КОГО „МАФЛОСУВА“, ТИЕ НАС ИЛИ НИЕ НИВ. ЧЕКОР НАПРЕД, ТРИ НАЗАД, КАКО РАКОВИТЕ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ОД МОЕТО ДЕТСТВО КОИ ИСЧЕЗНАА ВО НАЛЕТОТ НА ТЕХНОЛОШКИОТ НАПРЕДОК И УНИШТУВАЊЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Веселата математика од предизборната кампања опишана во претходната колумна (Вести / Стопанска комора на Северна Македонија (mchamber.mk)) продолжува. Бројките варираат како на нишалка, исто како и фактите. Некако во сенка на локалните избори, помина самитот на Европската Унија и Западен Балкан на Брдо кај Крањ и годишниот извештај на Европската унија на…
Почитувани граѓани, драги скопјани и скопјанки, Дозволете ми најпрво да ви честитам на денешниот избор, да и честитам на г-ѓа Арсовска за изборот. Благодарност до сите граѓани, благодарност до до сите активисти кои што во изминатиов период во кампањата несомнено дадоа поддршка и на големиот одзив, благодарност на моето семејство, благодарност на прекрасната екипа со која што изминавме 4 години во Скопје, во кое што оставивме неизбришливи трагови , нашите булевари, нашите мостови , нашите кејови, зелени кровови кои што веќе никој нема да може да ги избрише. Драго ми е што Скопје го оставивме во позиција да едноставно неговиот развој мора да…
Благодарност до сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката, напиша Горан Герасимовски, кандидатот и со голема веројатност и новиот градоначалник на општина Центар од СДСМ, на својот Фејсбук профил. „Центар останува во вистински раце, победуваме убедливо со речиси 2000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и да го подигнуваме квалитетот на животот за центарци. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам и…
Според страницата на ДИК од преброени 26,72 проценти од избирачките места во Скопје до 20.30 часот, Данела Арсовска освоила 58,10 отсто од гласовите, а Петре Шилегов 38,56 проценти. Шилегов водел во Сарај со 70,01 отсто спрема 27,75 отсто за Арсовска, во Центар 49,33 отсто за Шилегов, 45,57 отсто за Арсовска, во Чаир Шилегов до 20.30 часот има 59,85 посто, а Арсовска 34,65%, во Шуто Оризари Шилегов има 48,94 проценти, Арсовска 44,69 проценти. Арсовска, според досегашните резултати, води во сите останати скопски општини, Карпош, Аеродром, Кисела Бода, Гази Баба и Бутел. Во дел од општините од Скопје според сондажата до 20.30…
Педесет и пет годишен маж искрваве до смрт, од убод на бик во текот на фестивалот на трки со бикови кој викендов се одржа во Шпанија. Бикот неколку пати го избодел мажот, чие име сеуште не е соопштено на фестивалот во Онд во источна Шпанија. Останатите учесници во трката се обиделе да го одвојат бикот од несреќниот мсж, но не успеале во тоа. Повредениот Шпанец починал во болницата во Виљареал , откако искрварел од раната на левиот бут, а добил и рана на главата. Ова е прв смртен случај во Шпанија за време на ваква манифестација од летото наваму, кога…
Одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, денот кога се потсетуваме колку е важно да се има финансиска сигурност во вид на заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели, Македонската банкарска асоцијација оваа година го организираше во хибриден формат. На настанот пред најдобрите службеници во банкарскиот сектор за 2021 година се обратија претседателката на Македонската банкарска Асоцијација д-р Маја Стевкова Штериева, министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, вицегувернерката на Народната банка м-р Ана Митреска и директорот на Фондот за осигурување на депозити Амир Шабани. Претседателката на Македонската банкарска Асоцијација, д-р Маја Стевкова Штериева, поздравувајќи ги…
Денес во Скопје официјално е отворен и пуштен во употреба новиот Ист Гејт Мол, инвестиција вредна над 103 милиони евра. Вратите на новиот Ист Гејт Мол се отворени за сите посетители, од земјава и регионот. Новиот модерен трговски центар претендира да биде не само неодминлива станица на сите жители на Скопје и цела Македонија, туку и најголема шопинг дестинација во регионот. „Со гордост ви посакуваме добредојде на отворањето на најголемиот трговски објект во историјата на оваа земја и еден од најдобрите трговски центри на Балканот. Сè започна со сонот за создавање на нова генерација на европски трговски центар на високо…
Поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин. Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до најверојатно крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед. Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин. Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема. Исто така однапред би сакале да Ве информираме, дека Амбасадата најверојатно на почетокот на наредната година ќе…