Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (17 октомври ) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), ја посети локацијата на Термоелектраната во Осломеј во Кичево, каде во моментот интензивно се одвиваат градежните активности за изградбата на првата фотоволтаична електрана од 10 мегавати во сопственост на „ЕСМ“. „На местата на некогашните загадувачи, денес градиме капацитети за производство на чиста и зелена енергија. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува 15-17 гигават-часови, доволни за потребите на околу…
НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. Скопје за 4 години ќе биде побогато за 2 нови моста и за најголема пешачка зона во Европа сместена во центарот на градот.Не знам дали Скопје може без мене но јас никогаш не сум можел без Скопје, вели актуелниот градоначалник на македонската метропола и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов. Во интервјуто за НоваТВ, Шилегов говори за реализираните и за малкуте, како што вели,…
Американскиот претседател Џо Бајден го назначи Кристофер Хил за нов американски амбасадор во Република Србија, јави утрово РТС, повикувајќи се на објава на сајтот на Белата Куќа. Хил своевремено беше американски амбасадор во Република Северна Македонија, но и претставник на САД во групата со чиј дипломатски обид на крај се финализираа преговорите за Косово во Рамбује. Беше член и на преговарачкиот тим чии напори доведоа до Дејтонскиот мировен договор за БиХ. Важи за добар познавач на состојбите на Балканот и одлично зборува Македонски, Српски, Полски и Француски јазик. Хил беше амбасадор на САД, во Ирак, Кореја и Полска како и…
Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ вчера соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени, кои одлучиле да не се вакцинираат против Ковид-19. „Јунајтед Ерлајнс“ е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените. Првиот човек на компанијата, Стив Кирби, јави дека 232 од 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат. „Јунајтед Ерлајнс“ во моментов е единствениот голем американски авиопревозник што прибегна кон процесот на отпуштање на вработените кои одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19. „Делта Ерлајнс“ воведе месечна обврска од 200 американски долари за невакцинираните вработени, додека „Американ Ерлајнс“ и „Саутвест Ерлајнс“ преземаат различни мерки за мотивирање на вработените да…
Бугарската Техничка влада денеска го одобри Меморандумот за разбирање помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за соработка во изградба на инфраструктура долж Коридорот 8, соопшти владината Прес-служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, главната цел на стратешкиот документ е да се потврди „волјата и подготвеноста на трите земји за долгорочно планирање и координиран развој на врските меѓу Јадранското и Црното Море“. Акцент во документот е ставен на инвестициски проекти со голема вредност за Балканот и за мерки за градење на врски меѓу трите земји, вклучувајќи проекти на териториите на секоја од нив.
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, по средбата на Блинкен со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел во Вашингтон. – Државниот секретар ја поздрави продолжената недвосмислена поддршка на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и заложбата кон процесот на проширување, и ја истакна потребата да се продолжи понатаму со пристапниот процес со Албанија и Северна Македонија, нагласи Прајс. Како што јави „Гласот на Америка“, Прајс наведува дека секретарот Блинкен ја…
Почнуваат активностите во сеќавање на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески по повод 14 годишнината од загинувањето во сообраќајната несреќа која се случи на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Република Хрватска. Станува збор за Ултрамаратонот кој во чест на Тоше се трча и оваа година. Ултрамаратонците на 16 октомври напладне, е предвидено да стигнат во родното Крушево на Тоше и на неговото вечно почивалиште, на Гумење, за да му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец. Пет ултрамаратонци се веќе во Хрватска и денеска, околу 17 часот ќе го почнат симболичното истрчување на 15 километри од…
НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. Во трката за Скопје влезе како независен кандидат, но набрзо доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Ова ја поттикна јавноста за релациите со опозициската партија, на што Данела Арсовска вели: Јас се пријавив за кандидат и собрав потписи од скопјани како независен и натпартиски кандидат. Никогаш не сум била член на ниту една партија.Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија ја истакна…
Годинешниот 40. Скопски џез фестивал ќе се одржи од 20-24 октомври. И покрај евидентните предизвици, поради бројните ограничувања што ги донесе кризата со корона-вирусот, подготовката на програмата го имаше императивот за сочувување на високиот интернационален карактер на фестивалот и традицијата тој да го нуди најдоброто од џезот и импровизираната музика. Единаесет познати изведувачки имиња од САД, Куба, Европа и Македонија ќе одржат концерти во живо во салите на Националната опера и балет и Младинскиот културен центар. Фестивалот ќе го отвори супер-херојот на скандинавската џез сцена Матс Густафсон со свој специјален соло рецитал на саксофони. Од САД ни доаѓа квартетот на новата голема ѕвезда на џезот,…
По откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година, која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон Продукција го одржа ветувањето и го потврди доаѓањето на еден од најголемите, највозбудливи и сигурно најконстантни по својот квалитет рокенрол бендови во овој век PLACEBO, на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје. Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум – добивме дозвола да го објавиме и овој голем евент. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15-ти октомври во 09 часот наутро по следниве цени…
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Малме оствари средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, којшто беше и домаќин на Меѓународниот форум “REMEMBER – REACT”, („Запомни – Реагирај“). Двајцата соговорници на средбата разговараа за актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија. Изразувајќи благодарност за континуираната и конзистентна поддршка од Шведска за нашата европска интеграција, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на државата кон реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото и го повтори ставот дека натамошното одложување на процесот на проширување…