Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Овие денови беше врнежливо, небото е прекриено со темни облаци исто како и секојдневието што го живееме. Иако се чини дека тоа никогаш нема да престане, тука, од врнежливото Скопје, велам, доаѓаат подобри времиња, родена е надежта која ќе ни донесе нова иднина. Тоа е гласот на промените, а народот е силата на тие промени, тоа е гласот кој ќе ги оддува облаците и ќе го врати сонцето, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на караванот„Создади нова иднина“. Новата иднина се промените, проектите и победите. Промените што ќе значат дека на сцена доаѓа нова генерација луѓе, нова…
Движењето Одлучно за промени вечерва во паркот во Ѓорче Петров ја промовираше програмата Ѓорче прва зелена општина во градот Скопје. Пред ѓорчепетровци, кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, д-р Љупчо Јаневски ја претстави програмата и визијата за модерно, зелено и одржливо Ѓорче. Јаневски ги потенцираше приоритетите на кои што се базира програмата: – Хумано урбано планирање – Зелен економски развој и дигитализација – Зелена општина за сите нас – Младинско движење и образование – Локален младински план – Трето добра во Ѓорче – Социјална еднаквост за сите – Земјоделие и рурален развој – Ѓорче Петров – прва вело општина…
Цените на енергијата, кои се зголемија во последните денови, најверојатно ќе останат високи во наредните месеци, но ќе почнат да паѓаат на почетокот на следната година, изјави главниот економист на ММФ, Гита Гопинат. Иако цените на енергијата „ќе растат“ во следните неколку месеци, „очекуваме да паднат до крајот на првиот квартал следната година и во вториот квартал“, рече таа. –Откако ќе завршат зимските месеци, ќе бидеме во подобра позиција. Очекуваме тие да се вратат надолу, додаде Гопинат.
Горан Благоев, кој е кандидат за претседател на Бугарија од коалицијата „Национална унија на десницата“ – КОД и „Републиканците за Бугарија“ на Петар Москов и Цветан Цветанов, коментираше за ТВ Еуроком дека негов главен противник на изборите ќе биде актуелниот претседател Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, всушност во последната половина година Бугарија функционираше како претседателска република, без да е така уредена. Благоев изрази мислење дека Радев не направил ништо значајно за бугарско-македонските односи, како и за регионите во Србија во кои живее историско бугарско население во Димитровград (Цариброд) и Босилеград. Истовремено, овој познат ТВ-новинар и…
Во Белград со пленарна седница , покрај учество на бројни странски претставници, денеска втор ден продолжи Самитот со кој се одбележуваат шест децении од основањето на Движењето на неврзаните земји.Локалните медиуми известуваат дека учесниците упатиле пораки дека само со заедничка работа , соработка , можеме успешно да се соочиме со предизвиците и дека мора да се работи на воспоставување на еднаквост во светот. Натаму се известува за бројните билатерални средби што се случиле за време на Самитот. Министерот Селаковиќ разговарал со заменикот министер за надворешни работи за економска дипломатија на Иран, Мади Сафари со кого било разговарано за поинтензивен политички…
Германската канцеларка Ангела Меркел побара меѓународна помош за да се спречи економски колапс на Авганистан. – Не може да биде цел на меѓународната заедница да гледа како 40 милиони луѓе се во хаос поради електрична енергија и во отсуство на финансиски систем, рече Меркел по специјалниот онлајн Самит на Г-20. – Нема да добиеме ништо доколку се урне целиот монетарен систем или финансискиот систем во Авганистан, бидејќи тогаш ниту хуманитарна помош повеќе не може да се обезбеди, рече Меркел. Таа истакна дека Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка имаат голема задача да спречат колапс на финансискиот систем на земјата. Меркел…
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2021 година на 5,9 проценти, наведувајќи ја како причина „неизвесноста за тоа колку брзо може да се надмине пандемијата“ на коронавирусот. Во најновиот извештај Светски економски изгледи, ММФ ја намали за 0,1 процентни поени јулската проекција, делумно поради „напредните економии“ погодени од нарушувања во синџирот на снабдување, што беа влошени од пандемијата во производствените центри во Азија во последните месеци. Гита Гопинат, директорка за истражување на ММФ, рече дека „глобалното закрепнување продолжува, но моментумот е ослабен“. ММФ соопшти дека очекува најголемата светска економија, САД, годинава да порасне за шест проценти, со што ќе избрише…
Почитувањето на човековите права и недискриминацијата се фундаментални принципи во основата на Европската унија, и затоа тие мора да бидат водечки критериум во политиката на проширување на ЕУ, рече претседателот на Република Бугарија Румен Радев за време на состанокот со министерот за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ-Радман, соопшти прес-службата на претседателот. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев и Грлиќ-Радман, беа едногласни дека во интерес на стабилноста на Балканот, европската перспектива на земјите од регионот е од клучно значење, но со исполнувањето на сите критериуми за проширување. Претседателот Радев ги оцени како алармантни…
Таканаречениот природен имунитет варира од пациент до пациент, велат научниците. Имунизацијата сеуште е најдобриот избор по закрепнувањето од болеста, пишува во анализата The New York Times Кога истакнатиот кошаркар на Орландо Меџик, Џонатан Ајзак, објасни зошто избрал да не се вакцинира против коронавирусот, влезе во дилема што трае со месеци: Дали луѓето кои имале „Ковид-19“, како г-дин Ајзак,навистина имаат потреба од вакцина? Тоа прашање внесе поприлично искривени концепти за имунолошкиот статус на секој еден човек во националната дебата за мандатите за вакцини, со политичари, спортисти, професори по право и психијатри кои ја проценуваа релативната сила на таканаречениот природен имунитет наспроти…
Носителката на независната кандидатска листа Група избирачи Јана Белчева Андреевска се обрати до редакцијата на НоваТВ со барање за објавување Демант на текст објавен на порталот Centar.mk, a кој текст во скратена верзија, покрај на други портали е пренесен и на НоваТв, на 8.10.2021, со насловот: „Политичка кампања-дали е се така како што претставуваат кандидатите за градоначалници и советници ?!“ И се извинуваме на носителката на независната кандидатска листа Група избирачи Јана Белчева Андреевска, доколку на некој начин сме и нанеле штета во кампањата и неа лично, пренесувајќи текст на друг портал, при што е наведен и изворот на веста…
НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. За која друга општина би се кандидирал Аеродромец ако не за својата? вака во интервјуто за нашиот медиум вели Александар Филиповски кого го прашавме зошто изборот„паднал“ на оваа општина. Вели „МЗТ“ му е во срцето но најголемото место сепак го зафаќаат Вера и Гала, сопругата и ќерката. Пасија му е подобар живот за аеродромци и јавање коњи уште од мал, на што се должела…
На денешната граѓанска трибина ‘‘Најдоброто за мојата општина‘‘, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Зоран Заев, истакна дека како во претходните четири години, така и во наредните четири Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе продолжи да инвестира во проекти што живот значат за општините и граѓаните. – И Ѓорче Петров во овие четири години доживува позитивна трансформација, благодарение на Александар Наумоски и СДСМ. Сетете се како беше пред четири години а како е денеска во Ѓорче Петров. Пред четири години Волково немаше детска градинка, спортска сала и кружен тек, а денес има, Ѓорче Петров немаше базен, денес има. Ѓорче…