Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Овие избори се локални, но со едно посуштинско и подлабоко значење, бидејќи од вашиот избор, од вашата одлука зад параванот зависи колку сакате да се променат работите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во општина Босилово. Мицкоски додаде дека со Зоран Заев на чело на државата, шансите за поместување кон позитивно биле еднакви на нула, и дека со него државата тонела и не создавала иднина. Во овие години на назадување, стагнација и неработа го изродија балканскиот Луј 14ти, кој на митинзи доаѓа со BMW од 100 илјади евра, се импресионира и се фали дека гази црвени килими, смета…
Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38%…
Под слоганот „Beyond the Fields”, се одржа 24. Моден викенд, кој годинава се пресели на локации надвор од Скопје. Кружна економија во модниот бизнис е акцентот кој годинава организаторката на Модниот викенд Скопје, Света Богова-Јовановска го стави во фокусот и им даде простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK. – Со затворањето на изложбениот салон во Битола и модниот перформанс на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“, успешно беше означен крајот на тридневното издание на настанот, во чиј фокус беше бавната мода и циркуларната економија…
На претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на програмските активности за одбележување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод 80 годишнината од овој настан, му беше врачена плакета за неговиот значаен придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба. Плакетата му ја врачи претседателот на Сојузот на здруженијата на борците од народно-ослободителната војна (СУБНОР) на Република Србија, Видосав Ковачевиќ. На средбата која по тој повод ги собра ветераните од поранешните југословенски републики беа споделени сеќавања од некогашните заеднички заложби од народно-ослободителната војна и се разговараше за…
Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска положи венец во Меморијалниот центар на холокаустот „Јад Вашем“ стациониран во близина на Ерусалим, во спомен на шесте милиони Евреи од Европа убиени од нацистите и нивните соработници за време на Втората светска војна. -Секоја посета на „Јад Вашем“ ме допира до срж. Злосторствата против еврејскиот народ што се документирани овде се вечен потсетник за одговорноста што ја сносиме ние Германците и предупредување“,рече Меркел надополнувајќи дека одговорноста на Германија поради ова е да се спротивставува и на најмалиот ризик од антисемитизам. Израел како држава се конституира во 1948 година, но дипломатските односи со…
-Вечно нека трае споменот и одбележувањето на слободарското и државотворно востание со кое во меѓународната заедница на народите беше впишана државата Народна Федерална Република Македонија. Ние денеска длабоко се поклонуваме пред овој историски чин. Денот на народното востание, е врежан со златни букви во колективната меморија на нашиот народ. Големо дело. Дело кое ги вивна вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава. Дело кое израсна врз рушевините и погромот на ужасите на Втората светска војна, и дело кое ја создаде државноста на нашата земја преку победата над фашизмот. Заедничката победа на прогресивните народи на Европа и…
Република Северна Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата на Република Северна Македонија и Општина Прилеп започнаа денеска со свечен почеток на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во градот херој Прилеп. Празничната програма потоа ќе продолжи со настапот на воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија и ќе заврши со традиционалниот импровизиран напад на градот како реминисценција на…
НоваТВ ги покани на интервјуа, кандидатите за градоначалници на скопските општини и Градот Скопје, од сите поголеми партии и независни листи. Оние што досега одговорија позитивно на нашата покана, интервјуата ги емитуваме по редослед на одговарање. Велимир Смилевски во трката за нов градоначалнички мандат пред Бутелчани ветува ново училиште, градинка, Полициска станица. Вели од општината направил вистинска мултиетничка и мултикултурна средина,општина за сите, што е и дел од неговиот вредносен систем. Животното мото му е “Одиме понатаму!”, надградено во “Одиме понатаму, во нови победи!” . Пасија му е реставрирањето и грижата за старите автомобили на кои речиси им го посветува…
52 -годишниот Александар Шаленберг е австриски дипломат, адвокат и политичар. Вниманието кон него го сврте предлогот на досегашниот австриски канцелар Себастијан Курц кој поднесувајќи си оставка порачал Александар Шаленберг да е неговиот наследник. Шаленберг важи за силен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Тој дури и во преодната влада, го поддржуваше Курц по прашањето за проширување на ЕУ, кон Западен Балкан и е еден од министрите кои отворено се спротивставија на одбивањето Република Северна Македонија и Република Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ. Шаленберг во кабинетот на Курц, од 2019 година ја…
– Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ги препозна и уважи напорите на Владата и на локалната сапоуправа во Охрид, предводена од сегашниот и иден градоначалник Константин Георгиески и со консензус донесе одлука природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, вечерва во Охрид, во рамките на изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Заев нагласи дека работата не е завршена, мора да продолжат да се спроведуваат препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство, а тоа ќе се постигне со максимална…
Мицкоски од Чашка: Заев е како Луј 14-промовирани кандидатите за градоначалници во Градско и Росоман
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Чашка на граѓаните им порача да си го постават прашањето дали сега живеат најдобро, додавајќи дека тој одговор кажува каква одлука треба да донесат на 17-ти октомври. -Секој еден од вас треба да одговори на прашањето дали живеете најдобро? Тој одговор го слушам дека не е насекаде низ Македонија така, дека не само што луѓето не живеат најдобро, туку никогаш не било полошо. Овие избори се локални, но со едно суштинско и подлабоко значење, бидејќи од вашиот избор, од вашата одлука зад параванот зависи колку сакате да се променат работите.…
Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка по обвинувањата за корупција, јави ДПА. Доцна попладнево тој потврди дека се повлекува од премиерската функција. Овој потег доаѓа откако австриските обвинители го именуваа конзервативниот политичар како осомничен во случај на корупција поврзана со употреба на јавни средства за плаќање позитивно медиумско покривање. – Мојата земја ми е поважна од мене, рече Курц.