Author: Mirjana

Во Словенија се сретнав со Претседавачот на Европскиот совет за животна средина и Министер за животна средина и просторно планирање на Република Словенија Андреј Вижјак. Тој ни вети помош и поддршка во креирањето на Општина Аеродром во зелена општина, поддршка за сите еко проекти кои ги имаме во програмата! Словенија е најдобар пример за зелена нација која инвестира многу во животната средина и за нас овој состанок е идеален за да придонесеме во развој на Општина Аеродром. Ќе го земеме примерот од нашите пријатели од Словенија за развој и дигитализација и ве уверуваме дека ќе имаме поддршка од нив во…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествуваат на Самитот на ЕУ за Западен Балкан. Во пресрет на Самитот, многу угледни европски и светски медиуми излегоа со воздржани очекувања од Собирот во поглед на одредување временски рок во кој Унијата би се заложила за прием на земјите од Западен Балкан. Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен, побарал Европската Унија да им овозможи на земјите од Западен Балкан јасна европска перспектива а Северна Македонија …

Read More

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби смета дека според извештајот на Обвинителството за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември во кој загинаа 14 луѓе, очигледно е дека министерот и заменик-министерот за здравство немаат, како што рече, никаква одговорност за трагичниот настан, но дека, сепак, одлуката за нивните оставки останува да ја донесе премиерот кој ќе ја соопшти денеска. -Го прочитав извештајот и очигледно станува збор за несреќен, трагичен случај и очигледно е дека истрагата го потврди тоа во што се сомневавме дека се работи за трагичен настан во кој, за жал, загинаа…

Read More

Седум приоритети за општина Аеродром, коишто се гарантирани со заокружување на бројот седум. Изградба на четири нови градинки, еден од нашите врвни приоритети за следните четири години. Гаранција дека покрај четири нови градинки, дополнително ќе работиме на реновирање и проширување на капацитетите на веќе постоечките. Дополнителен приоритет ќе биде проект наречен „Еко-Дром. Целта е обезбедување на нови зелени содржини, наша гаранција дека до крајот на нашиот мандат ќе има 100 илјади метри квадратни нова зелена површина. Но, еднакво значајно ќе биде и одржување на актуелните и веќе постоечки зелени површини ширум општината.

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска, на проштална средба ја прими постојаната претставничка на УНДП (Програма за развој на Обединетите нации) во земјата, Нарине Сахакјан, на која ѝ изрази благодарност за личниот ангажман и поддршката при реализирањето на многубројни успешни заеднички проекти за време на нејзиниот мандат. Премиерот Заев потенцираше дека е особена важна поддршката на УНДП за успешно спроведување на планираните реформи во земјата, кои се важни за реализирање на нашите развојни приоритети и исполнување на евроинтегративниот процес, со крајна цел обезбедување на квалитетен живот на граѓаните. На средбата се разговараше и беше истакната поддршката…

Read More

„Од денеска, 4 октомври,  до 6 ноември е рокот за пријавување на Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година. Рокот за пријавување е продолжен бидејќи од оваа година, за првпат, аплицирањето ќе се одвива електронски. Со тоа, ставаме крај на оние долгогодишни недостоинствени редици пред Министерството за култура“, рече министерката за култура  Ирена Стефоска на денешната прес-конференција по повод објавувањето на Годишните конкурси на Министерството за култура. Електронската апликација е направена на колку што е можно поедноставен начин посочи министерката Стефоска и додаде дека веќе се направени и обуки во Центрите за култура…

Read More

Повеќе десетици сегашни и поранешни државници и моќни милијардери поврзани се со компании кои ги користат даночните оази, откри новинарското истражување наречено Пандорини документи. Меѓу познатите личности чии финансиски конструкции се разоткриени, се наоѓа и поранешниот британски премиер Тони Блер , јорданскиот крал и кенискиот претседател Ухур Кенијата, јавува Дојче Веле. Банковните сметки на офшор компаниите најчесто се користени, за тајно да се преместуваат огромни суми на пари и да се прикрива вистинскиот имот. Во истражувањето на Меѓународниот конзорциум на новинари (ИЦИЈ) и 150 медиуми ширум светот , откриено е дека 330 јавни личности ширум светот се поврзани со офшор…

Read More

-Ќе има нов Клинички центар, нема иднина со блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и луѓето што лекарите ги нарекуваат убијци. Ги препознавме вистинските потреби на граѓаните и 50-тина милиони евра обезбедивме за раздолжување на општините и 150 милиони евра за патишта и канализациони и водоводни мрежи, за олеснување на животот на граѓаните, нагласи потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче на партиската трибина во Општина Ѓорче Петров. Тој кажа дека актуелниот градоначалник Александар Наумовски се изборил да ја промовира месноста Велеполе, која е најдоброто место за да биде лоциран новиот Клинички центар. -Тука до израз дојде визионерството на Наумовски, кој покрај Клиничкиот центар, во…

Read More

Француската полиција успеа да открие и заплени 700 килограми кокаин во пратка од дваесет тони ракчиња која ја превезувале со камион две лица кои сега како осомничени се приведени во акцијата изведена кај градот АВР, кој се наоѓа во северозападниот дел на земјата. Полицајците го запреле камионот додека излегувал од пристаништето, во кој имало четворица мажи. Меѓу пакетите ракчиња од Еквадор, пронашле 11 вреќи со вкупно 687 килограми кокаин, чија вредност на црниот пазар достигала 40 милиони евра. Еден осомничен е приведен а другите избегале, како и уште еден маж што со своето однесување го привлекол вниманието на пристаништето, рекол…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ не може да испорача проекти на граѓаните, бидејки ова ВМРО-ДПМНЕ е изданок на режимот којшто е навикнат да ги краде народните пари, затоа е опасно да им се довери раководење на некое гранапче, а не на општина, или на држава, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамките на Караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Виница. Тој нагласи дека додека сиромашни спиеја по улиците, млади беа тепани и заминуваа од државата, наставници беа уценувани, лекари беа деградирани, ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваше  милиони евра за изградба на околу 300 споменци. СДСМ ја намали младинска невработеност на 29% – таа во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше…

Read More

Некои вакцини траат цел живот. Еве зошто не,тие за „Ковид-19“.Истражувачите пресметале клучен број – праг на заштита – за другите вакцини.Ковид-19 сеуште е мистерија. Зошто вакцинациите против Ковид-19 не траат подолго?Ова се дилемите што се обидува да ги одгатне „The Wall Street Journal“ анализирајќи ги и пренесувајќи ги ставовите на медицински експерти кои работат на полето на вакцините и имуниот одговор што го предизвикуваат. Вакцините против мали сипаници се добри од аспект на нивното времетраење, имунизациите против сипаници штитат од 10 до 20 години, а боцкањата за тетанус траат една деценија и повеќе. Но, американските официјални претставници размислуваат дали да…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Зара Назариан, генерална секретарка на Унијата на франкофонските новинари, која престојува во Република Северна Македонија, по повод формирање на Франкофонско здружение на македонски новинари како полноправна членка во Меѓународното франкофонско здружение. На средбата, генералната секретарка Назариан го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности на Унијата на франкофонските новинари и заложбите за промовирање на културната и јазична разновидност, и европските вредности за слобода на говор како една од основните придобивки на демократските општества. Претседателот Пендаровски поздравувајќи го формирањето на франкофонското здружение на новинари во Северна Македонија, ја нагласи важноста од членувањето на македонски новинари во…

Read More