ВМРО-ДПМНЕ не може да испорача проекти на граѓаните, бидејки ова ВМРО-ДПМНЕ е изданок на режимот којшто е навикнат да ги краде народните пари, затоа е опасно да им се довери раководење на некое гранапче, а не на општина, или на држава, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамките на Караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Виница.
Тој нагласи дека додека сиромашни спиеја по улиците, млади беа тепани и заминуваа од државата, наставници беа уценувани, лекари беа деградирани, ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваше  милиони евра за изградба на околу 300 споменци.
СДСМ ја намали младинска невработеност на 29% – таа во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше 42%, го зголемивме растот на платите на граѓаните за три пати повеќе – додека ВМРО-ДПМНЕ за искажан став бркаше од работа и газеше по достоинството на луѓето, потсети Заев.
Тој нагласи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прават дури и од опозиција.
Ние ги покачуваме платите на здравствените работници – додека oд ВМРО-ДПМНЕ се слуша употреба на ужасни термини, како тој „убијци“ – за луѓето кои во време на пандемија, деноноќно работат да спасат животи, ние ја обновивме евтината тарифа на струјата и со повратот на ДДВ милиони евра се слеваат во семејните буџети. ВМРО-ДПМНЕ ја покачи струјата за 100 проценти и милиони евра наводно за врби и барок, стави во своите џебови, нагласи Заев.
Тој истакна дека СДСМ создава и реализира антикризни мерки за економска стабилност, а ВМРО-ДПМНЕ или е против, или ги блокира.
Го слушнавме прво Мицкоски, вели патриотизам било повеќе пари, нови инвестиции, нови работни места – е па Добро утро од зимскиот сон Мицкоски, порача Заев, додавајќи дека Мицкоски вчера пак, се сетил дека било храброст да се бориш за среќата на својот народ, за оваа држава да не се вртела 30  години во затворен круг. Е па уште едно Добро утро од зимскиот сон Мицкоски! Повеќе од 10 години ги вртевте граѓаните и државата со панорамски тркала во круг и по 15 години – се сети, дека не е храброст да се качиш на Панорамско тркало, туку да ја движиш државата Напред. Само што вашето Напред е за криминалите Назад, стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно! Не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина,СДСМ инвестира во сегашноста и иднината и повеќе нема да дозволиме, ниту ние, ниту граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ да ја растура државата, порача вечерва од Виница претседателот на СДСМ Зоран Заев.
На присутните им се обрати кандидатот за градоначалник на Виница, Ивица Димитров. Тој нагласи дека  во изминатите 4 години реализирани биле 200 проекти вредни 10 милиони евра, продолжуваме со Најдоброто за Виница, вети тој пред Виничани. 
Од планираните проекти за наредниот 4-годишен мандат Димитров ја издвои дислокацијата на депонијата кај село Лески, изградба на патот од  село    Трсино до Голак, кружен тек во градот Виница, нова автобуска станица, скејт-парк, нов булевар во должина од 600м, нова трибина на градскиот стадион и ќе се покрие веќе постоечката, нови велосипедски патеки, приклучување на Виница,  и селата  Лески,  Градец,. Јакимово и  Истибања на пречистителната станица во Кочани.
Претходно караванот „ Најдоброто за мојата општина“ престојуваше во Берово.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев рече:
 -За четири години ја трансформиравме секоја општина, ја трансформиравме државата на подобра. Од несигурна, изолирана, поделена држава, денес сме најбезбедната држава на Западен Балкан, денес сме членка на НАТО, со одговорни инситуции и најтранспарентна Влада во регионот
Тој пат носи напредок на државата, но и развој на општините. Тоа носи развој и на Берово. Бројни проекти овде се реализирани од страна на локалната и центрлната власт предводени од СДСМ”- рече Заев.
Тој потенцираше само неколку проекти реализирани во општина Берово, меѓу кои: рехабилитацијата на патот Берово – Струмица, патот Берово – Клепало, Берово – Виница, реконструкцијата на ООУ Дедо Иљо Малешевски, како и водоводните и канализациски системи поставени низ неколку населени места.
На крајот претседателот на СДСМ Зоран Заев додаде дека разликата помеѓу СДСМ и опонетните, е што СДСМ инвестира во сегашноста и иднината и тоа е најдобрата опција на македонската политичка сцена.
Пред Беровачани беше претставен кандидатот за градоначалник Звонко Пекевски. кој пред своите сограѓани ја претстави визијата за идниот 4-годишен период за развој на градот.
Заменик претседателката на СДСМ , Сања Лукаревска на конвенција во Сопиште го претстави Сашо Стојановски за кандидат за градоначалник. Наместо рамномерен развој, Скопје го доби златниот кафез, а Сопиште ветер и магла, Сончев град изеде десетина милиони евра државни пари, рече таа.
– Почнавме од почеток, од минусно салдо во секој поглед и за само четири години до каде стигнавме, од изолирана и заробена држава до земја членка на НАТО,  од сеење  страв и магла до најтранспарентни во регионот, градиме инфраструктура, изградивме и реновиравме 60 градинки, 80 училишта, ги зголемивме платите и пензиите, ги поддржуваме земјоделците и младите”, рече Лукаревска на трибината во Сопиште.-
– Ние ги враќаме парите на граѓаните, а тие потрошија милијарди и милијарди ваши пари, без да ве прашаат што ви треба, зашто знаеја што на нив им треба. Сега нема режим, нема страв, нема закани, нема ендеци, направете разлика и гласајте за “Најдоброто” за Сопиште, за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата Сашо Стојановски.
Со подршка на Владата  Сопиште ќе се развива така како што сакаат граѓаните,  градиме она што им е потребно на граѓаните, затоа што разговараме со граѓаните, ги слушаме, затоа што имаме план и визија, затоа што го имаме Најдоброто, рече Лукаревска.

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи вечерва на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничка листа за општина Демир Капија на СДСМ и Коалиција истакна дека СДСМ победува, затоа што ја има најдобрата понуда, најдобрата програма за нашите општини.

Татковината се сака со работа и со инвестиции, во изминатите години се реализирани над 7.000 проекти во општините во државата, ние не седиме и не се жалиме, работиме со засукани ракави и така ќе продолжиме. Никој не смее да ги кочи проектите на општините.

Во изминатите 4 години Демир Капија од општина која должи се претвори во општина, која инвестира и во која се создаваат нови работни места, во која се гради, истакна Петров, додавајќи дека со чесно и домаќинско работење, ништо не е невозможно, и покрај решавањето на долговите може да се реализираат големи проекти.
Тој наведе дел од проектите реализирани во изминатиот период, како асфалтирање на патот до село Клисура, регионалниот пат од село Бистринци и Лимска река, дел од регионалниот пат Демир Капија-Корешница, клучката кон автопатот со ново сообраќајно поврзување, доградена е фекална канализација во Бистринци, и во Чифлик.
На конвенцијата се обрати и кандидатот за градоначалник на Демир Капија Лазар Петров, кој се врати од странство за да и помогне на својата татковина.
Во изминатите 4 години Демир Капија од општина која должи се претвори во општина, која инвестира и во која се создаваат нови работни места, во која се гради, истакна кандидатот за градоначалник на Демир Капија, Лазар Петров, додавајќи дека со чесно и домаќинско работење, ништо не е невозможно, и покрај решавањето на долговите може да се реализираат големи проекти.
Тој наведе дел од проектите реализирани во изминатиот период, како асфалтирање на патот до село Клисура, регионалниот пат од село Бистринци и Лимска река, дел од регионалниот пат Демир Капија-Корешница, клучката кон автопатот со ново сообраќајно поврзување, доградена е фекална канализација во Бистринци, и во Чифлик, рече на промоцијата кандидатот за градоначалник на Демир Капија Лазар Петров.