Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Независниот кандидат за градоначалник на иницијативата „За Наше Куманово“ Максим Димитриевски, од изборната Конвенција вечерва најави дека периодот 2021-2025 година ќе биде период на ренесанса и градба, за еден модерен и европски лик бидејќи тоа го заслужува Куманово и кумановци. „Преземам обврска да продолжиме заедно со овој сериозен и квалитетен тим на кандидати за советници. Заедно со луѓето во општинската организација да работиме посветено за сите вас, во реализација на голем број инфраструктурни проекти. Периодот 2021-2025 година ќе биде период на ренесанса и градба за нашата општина за еден модерен и европски лик бидејќи тоа го заслужува Куманово и кумановци“,…
Компанијата Фајзер објави дека почнала истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со Ковид-19 кај лица изложени на вирусот, пренесуваат британските медиуми. Истражувањето од средната до доцната фаза ќе го тестира лекот на Фајзер PF-07321332 врз најмногу 2.660 здрави возрасни лица, на возраст од 18 и повеќе години, кои живеат во исто домаќинство со лица со потврдена симптоматска инфекција со Ковид-19. Лекот PF-07321332, според соопштението на компанијата, е дизајниран да ја блокира активноста на клучниот ензим потребен за репродукција на коронавирусот, заедно со ниска доза на ритонавир, кој е постар лек и кој е широко користен…
И во четвртата изборна единица, СДСМ и коалицијата се силни, убедливи фаворити. За четвртата изборна единица ја имаме најдобрата кадровска понуда претставена преку следните кандидати: Коста за Струмица, Горан за Прилеп, Никола за Радовиш, Благојчо за Конче, Перо за Валандово, Сашко за Гевгелија, Анго за Дојран, Благојчо за Богданци, Тони за Неготино, Горан за Кавадарци, Лазар за Демир Капија, Јасмина за Могила, Љубе за Новаци, Стојан за Росоман, Зоран за Босилово, Марјан за Василево и Звонко за Ново Село, рече на вечерашниот изборен митинг во Битола , потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ова е нашата понуда и тврдам дека е подобра…
Во втората изборна единица СДСМ со својата понуда е фаворит и сигурен победник на овие локални избори. Во втората изборна единица одиме на победа во Куманово со Оливер, во Арачиново со Миликие, во Старо Нагоричане со Жаклина во Чучер Сандево со Сашко, а во општина Липково одиме со најдобра понуда на советнички листи,рече на вечерашниот митинг во Битола со кој стартува изборната кампања за локалните избори на СДСМ и коалицијата, Бојан Маричиќ. Огромен дел од општините во нашата земја во изминатите четири години беа во рацете на кадри од СДСМ. Се работеше вредно и напорно, во целосна координираност со централната власт,…
Дуи предизборната кампања ја почна со митинг во Гостивар, каде доскорешен градоначалник беше Арбен Таравари од политичкиот опонент Алијанса на Албанците. На собирот беа претставени кандидатите за градоначалници на ДУИ и членовите за советот на општината. Лидерот на партијата Али Ахмети, во говорот пред присутните рече дека неговата партија и натаму ќе се залага за поквалитетен живот на граѓаните. -Ова е почетна конвенција со која го продолжуваме маратонот на успех кој го трчаме 20 години, маратон на ниту еден пораз а маратон на сигурни победи. Ме прашуваат која е тајната на успехот, а тој не треба многу да се анализира…
МВР го потврди случајот, со информација дека вчера околу 13 и 30 часот по претходна расправија во домот, 53 годишниот З.Ц. со остар предмет му нанел повреди на неговиот 22 годишен син Ј.Ц. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. Момчето било однесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а за инцидентот било известено и Основното јавно обвинителство.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата прва прес-конференција од изборната кампања изрази уверување дека постигната е целта поставена во 2017 ја доби довербата од граѓаните . -Покажавме храброст за големи промени, и за само четири години, започнавме проекти кои ги решаваат проблемите на скопјани за следните 50, нагласи Шилегов во оваа прилика. – Од најзагаден град во светот, Скопје за 4 години драстично го намали загадувањето. За кратко време ги исчистивме сите депонии во рамки на ГУП-от и ги претворивме во паркови. Преку силна финансиска поддршка за граѓаните старите печки ги заменивме со клими инвертери. За само четири години…
Почитувани битолчани и битолчанки, драги мои сограѓани, Денес, на почеток од изборната кампања, сум исправен пред вас, со сиот свој кредибилитет, желба и порив, заедно со носителот на советничката листа и кандидатите за советници, подготвени, да го понудиме најдоброто за нашата Битола, и во кадровска и во програмска смисла. Лично сум подготвен да го вложам најдоброто од себе, да го инспирирам најдоброто во сите нас – заедно, чекор по чекор, да го оствариме најдоброто за нашата Општина! Битола ја замислувам како развиена и перспективна Општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа…
Мои битолчани, мои сограѓани, јас сум еден од Вас. Човек кој целиот живот го поминав во Битола. 30 години грижејќи се за Вашето здравје како лекар научив да ги сослушам луѓето, да ги согледам нивните проблеми а последните 4 години како советник во Советот на Општина Битола се борев за Битола да биде подобро место за живеење. За жал, тоа не се случи! Четири години и јас и Вие се изнаслушавме и видовме како не можe, како не треба, како не се работи и како се гуши во проблеми нашиот град. Затоа овие изминати четири години јасно кажував што е тоа што ни треба. Сега е…
Борбата за развиен и подобар Прилеп, секогаш била и ќе биде поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност. Во деновите на оваа изборна кампања, презентирајќи ја нашата визија за Прилеп, заедно со мојот тим ќе им пристапиме на младите, возрасните, работниците, земјоделците, стопанствениците, дуќанџиите и на сите други добронамерни наши сограѓани кои се спремни да се вградат во новата победа за Градот Херој. Го имаме концептот „Најдоброто за мојата општина“, со кој Прилеп прераснува во посакувано место за живеење, со висок квалитет на живот и задоволни граѓани. Најдоброто за Прилеп, значи општина со модерната и урбана инфраструктура,…
Денеска ја почнуваме кампањата од населба Лисиче каде што симболично засадивме седум дрвца. Ќе работиме за чист, зелен и безбеден Аеродром. Имаме политичка програма со 7 клучни цели, седум поглавја, кои што се гаранција дека со заокружување на бројот седум. Аеродром ќе биде поинаква општина ќе работиме со многу енергија и многу ентузијазам, ќе допреме до секој еден од вас. Нашата посветена работа ќе биде гаранција дека Аеродром ќе се претвори во најубавата општина во Република Македонија.
Општина Центар ќе добие ново и поголемо зеленило, чист јавен простор, капитални проекти, организирана урбанизација и повеќе резидентни паркинг места. Ова го изјави Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски на својата прва прес конференција со која ја почна изборната кампања за локалните избори 2021на која ја претстави програмата која брои пет клучни столба и решенија за најголемите проблеми на граѓаните во Општина Центар. „Прво, решавање на проблемот со уличната хигиена. Со проширување на дејноста на ПОЦ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и во секое време. Ќе обезбедиме „маалски патроли“…