Author: Mirjana

„Децата се оние кои ќе бидат најмногу погодени од оваа криза и оние кои најмногу ќе страдаат од нејзините последици во годините што доаѓаат и ќе бидат принудени на миграција“, рече Тунберг во видео споделено со објавата на извештајот. “Имаше многу милиони луѓе, особено млади луѓе, мобилизирани. Треба да ја подигнеме свеста и треба да создадеме масовна мобилизација на луѓе од целиот свет. Тоа е единствениот начин на кој можеме да победиме, да преземеме акција и да почнеме да  ги третираме Климатските промени како кризи  Речиси половина од 2,2 милијарди деца во светот живеат во земји кои се соочуваат со…

Read More

Според Регулаторната комисија зголемувањето на малопродажните  цени  во проценти изнесува 1, 84%  во просек. Па така, од вечерва на полноќ важат нови цени на нафтените деривати во малопродажната мрежа. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар за литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,089 денари за килограм и сега ќе изнесува 37,01 денари.

Read More

Некои аналитичари и економисти се загрижени за  големата улога на недвижностите во економијата на Канада. Канадското домување како дел од бруто домашниот производ во четвртиот квартал од 2020 година изнесуваше 9,3%, наспроти 7,5% една година порано и од 6,6% пред една деценија. Во САД, домувањето е 4,6% од БДП, а нивото на САД во екот на својот бум во станбениот простор достигна само 6,7%. Покрај тоа, почнувајќи од третиот квартал минатата година, за прв пат откако беа собрани податоци од 1960 -тите, канадските инвестиции во недвижен имот ги надминаа деловните инвестиции во нерезиденцијални структури, од типот на машини и опрема…

Read More

Здравствените власти на Нов Зеланд објавија, како што веруваат, дека го регистрирале првиот смртен случај  поврзан со вакцината против Ковид  -19, Фајзер. Една жена починала од миокардитис, воспаление на ѕидот  на срцевиот мускул, по нејзината вакцинација со Фајзер, објави денеска независниот одбор за следење на вакцината „Ковид-19“ од Нов Зеланд. Во соопштението уште се додава  дека миокардитисот е познат како редок несакан ефект од вакцината Фајзер. Случајот е упатен до вештак и причината за смртта сеште не е утврдена, но одборот „смета дека миокардитисот најверојатно се должи на вакцинацијата“, се вели во објавата. „Ова е прв случај во Нов Зеланд…

Read More

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, по повод Денот на рударите и Денот на Општината беше во посета на Општина Македонска Каменица. Заедно со градоначалничката на Општината, Соња Стаменкова, присуствуваа на народниот црковен собир по повод христијанскиот празник Света Богородица и на промоцијата на новиот Младински парк во Македонска Каменица. Вицепремиерот Николовски, упати честитки кон рударите и кон Општината за досегашните реализирани проекти за развој на Македонска Каменица. “Сметам дека е од исклучителна важност младите во едно општество да имаат глас, во каква средина сакаат да живеат и…

Read More

Рекордните врнежи што предизвикаа смртоносни поплави во Западна Европа во јули, беа предизвикани  од климатските промени поттикнати од човекот и оваа веројатност сега е поголема од 1,2 до 9 пати, анализира најновата студија. Најмалку 220 луѓе загинаа меѓу 12 и 15 јули – претежно во Германија, иако десетици, исто така, загинаа во Белгија – а домови и други згради беа уништени во поплавите што беа предизвикани од обилните врнежи. Некои делови од регионот доживеаа повеќе дождови за еден ден отколку што обично би очекувале во цела сезона. Студијата, спроведена од 39 научници и истражувачи во рамки на проектот „World Weather…

Read More

Министерството за здравство, во рамки на своите редовни известувања за текот на имунизацијата, вечерва соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, и дека во тек е и теренска вакцинација. -На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани, известува Министерството за здравство. Со последните бројки 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина а 26% од населението меѓу 18…

Read More

Миротворците од Преспа- Зоран Заев и Алексис Ципрас, се запишаа во листингот на оваа Меѓународна награда на која се сместени и имињата на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, на Курт Масур-врвната диригентска палка, на екс хашката обвинителка Карла Дел Понте, екс Генералниот секретар на ООН,  Кофи Анан, на екипажот на Меѓународната вселенска станица, на прибалтичките држави и многу други.. „За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, актуелниот премиер Зоран Заев и поранешниот на Грција, Алексис Ципрас се одликувани со Мировната награда на Вестфалија за 2020 година. Двајцата одликувани постигнаа спогодба во деценискиот…

Read More

Денеска во пратеничката канцеларија на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива беше одржана средба со претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, јави Тв 21. Тема на средбата на претседателите на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, биле претстојните локални избори и можноста за опозициска соработка помеѓу овие партии, при што како главен мотив била посочена борбата против корупцијата и криминалот, јавува Тв 21. Тројцата претседатели констатираа дека водејќи се од извештајот на Транспаренси Интернешенл, според кој Македонија е рангирана на 111 место, станува неминовна опозициската соработка, Затоа, констатираа тие, потребно да…

Read More

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски попладнево од пред спомен – костурницата крај градот соопшти дека ги собрал потребните потписи на поддршка од граѓаните за уште еден четиригодишен мандат. Тој им се заблагодарил на Кумановчани и ветил упорна работа за промена на ликот на Куманово кон подобро. -Јас и мојот тим сакаме со нова енергија, преку 4 годишен мандат да го продожиме развојот на Куманово. Затекнавме долгови, но ги решивме финансиските проблеми и реализиравме голем број на проекти. Го менуваме Куманово во вистинска смисла на зборот и така ќе продолжиме“, вети Димитриевски. Димитриевски и порача на СДСМ да се демократизира,…

Read More

Црногорско-приморската Митрополија денеска соопшти  дека устоличувањето на митрополитот Јоаникиј ќе се одржи на петти септември во тронот на Цетинскиот манастир,се наведува во соопштението. Во него се додава дека тој настан ќе се одржи без порано планираниот сенароден собор пред Цетинскиот манастир. – Сакајќи да дадеме целосен придонес кон мирот и стабилноста на Црна Гора, почитувајќи ги епидемиолошките мерки , одлучивме устоличувањето да се обави под сводовите на Цетинскиот манастир на литургиското собрание на кое ќе присуствува Неговата Светост Патријархот српски  Господин Порфириј,во сослужение на епископите од нашата и од другите сестрински цркви со свештенствата и со присуство на претставниците на…

Read More

На скалата новозаразени во Европската Унија, Хрватска е позиционирана  на 11 место. Најмал број имаат Полска и Унгарија а највисок број на заразени има во Франција и во Ирска. Стапката на смртност во Хрватска на милион жители е 2.049,2 и е на дваесеттото место во Европската Унија. Министерот за здравство, Вили Берош вели со овие параметри Хрватска е сеуште безбедна земја, но и дека може многу брзо да се „ излизне“ од оваа патека. – Имам обврска како министер да укажувам на она што е важно за зачувување на здравјето. Од 16-24 август  бројот на новозаразени е 3.216, од нив…

Read More