Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Турција е подготвена на разговори со Талибанците ако е тоа неопходно , изјави денеска, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „ Ако тие тропнат на нашата врата ние ќе ја отвориме за дијалог “ изјави Ердоган по утринската молитва . Тој го критикуваше западниот свет и исламските земји за нивниот недоволен интерес за грижа за Авганистан, после две декади. Што се однесува до мигрантскиот бран од Авганистан по преземањето на власта од Талибанците, Ердоган изјави дека Турција ќе овозможи прибежиште на 300.000 бегалци.
На азиската река „Амур“ што во превод значи „Црна Река“ , позната по грабливиот рибен свет , и која се простира на територијата на Русија, Кина и Монголија во должина од околу 3.000 километри, деновиве се изврши спојување на Руско-Кинеските железнички линии. Овој значаен инфраструктурно-поврзувачки зафат се конструира како паралелен систем поради различната ширина на праговите. Оваа низводна инфраструктурна делница по должина од 2,2 километри треба да обезбеди проток на 21 милиони тони руда , железо, земјоделско ѓубре, дрва како и други природни богатства од Русија кон Кина. https://www.youtube.com/watch?v=yZHFMGH7Hq8
ФБ-пост на Васко Лазаревски-член на Совет на Град Скопје Бегалците се секогаш цел на ксенофобични напади и ситни монети за политички препукувања и во земјите од каде бегаат и во земјите каде што ќе најдат (привремено) засолниште. Преку нив се мобилизираат сите десничарски, авторитарни и националистички сили кои ќе трубат како „нечистите“ странци ќе донесат кај нас само беда, болести, криминал и тероризам. Нивната мака станува платформа за промоција на локални политички агенди кои опортунистички поентираат на неа. Целосно нечовечки и без грам емпатија кон човечките битија во опасност…пишува во својата објава на Фејсбук Васко Лазаревски, која ја пренесуваме во…
Според Националниот центар за податоци за снег и мраз, тоа бил најобилниот дожд на ледената покривка од почетокот на евиденцијата во 1950 година, а количината на ледената маса изгубена во неделата беше седум пати поголема од дневниот просек за овој период од годината.Топлиот воздух поттикна екстремен дожд кој заврна во количество од 7 милијарди тони вода на ледената плоча, доволно за да се наполни 250.000 пати „Рефлексивниот базен“ во Националниот трговски центар во Вашингтон. Гренланд во саботата го доживеа рекордот. За прв пат , врнежите на врвот кој се простира на околу две милји надморска височина – паднаа како дожд,…
Пишува: Нано Ружин Во однос на авганистански мигранти во нашата држава засега се работи за релативно мал број бегалци и потезот на владата е да се покаже солидарност кон Алијанста. Ние мораме да бидеме подготвени на солидaрно делење и на добрите и на лошите димензии. Од Катастрофалниот земјотрес во 1963, преку кризата во 2001 се до летните пожари, меѓународната заедница, Алијансата и ЕУ помагаа, раководеа со нашата криза, учествуваа и во гасењето на летните пожари. Иако не верувам во помасовен прилив на Авганистанци во Северна Македонија, сепак е добар потег што како држава-членка на Алијансата, владата покажа подготвеност да прими бегалци…
Земјите од Западен Балкан, освен Србија и Босна и Херцеговина, потпишаа изјава на Стејт департментот на САД во врска со ситуацијата во Авганистан. Покрај Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Словенија и Косово, овој документ го парафираа членките на ЕУ, како и други земји во светот. „Со оглед на влошената безбедносна ситуација“, ги повикуваме сите страни да го почитуваат и поддржуваат безбедното и организирано заминување на странските државјани и Авганистанци кои сакаат да ја напуштат земјата. Оние што се на власт во Авганистан се одговорни за заштита на човечки животи и имот, како и за воспоставување ред. Мора да им…
Околу 40.000 илјади граѓани, поради истечена лична карта и неможност да ја обноват, се соочуваат со ситуација да не можат да ја подигнат пензијата, социјалната помош или да обават било каква трансакција. Оваа состојба ја наметнаа измените на законот за лични карти по предлог на Беса со одложено дејство од 2023 година, а поради што се блокирани од Левица. Во ваква ситуација Премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека им наложил на економските ресори да најдат начин да го стават целосно во функција животот на граѓаните со истечени лични карти , но и на оние кои за прв…
Светскиот сервис на Би-Би-Си објави анализа на првата прес-конференција на Талибанците по паѓањето на Кабул во нивни раце и на нивните комуникации, генерално. Заклучокот е дека Талибанците се обидуваат да шармираат и сакаат да остават впечаток дека се смениле. Талибанците водат софистицирана ПР кампања, на повеќе платформи и на повеќе јазици а целта е да им ги освојат срцата на Авганистанците но и на меѓународната заедница, се наведува во анализата. На социјалните мрежи, Талибанците објавуваат огромен број на пораки, со кои сакаат да го освојат локалното население, банките, бизниситем странските работници , инвеститорите , соседите и играчите во регионот. Им …
Како дел од планираните активности по повод одбележувањето на 30 години од осамостојувањето на Република Северна Македонија, во периодот од 20. до 26. август 2021 година, ќе биде реализирана културна манифестација именувана како „ФИЛМСКА КУЛТУРА“. Домаќини на овој настан, кој се реализира со поддршка на Владата ќе бидат Тетово (20 – 22. август), Битола (20 – 22. август) и Скопје (22, 25, 26. август), во чии рамки ќе биде прикажана селекција од краткометражни, документарни и играни филмови од македонска продукција. За време на манифестацијата ќе биде одржана и свечена академија на тема „Македонскиот игран филм во следната декада“ каде акцентот…
Од денеска до 15 октомври , трае повикот што го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во износ од 8 милиони евра и за кој можат да аплицираат претпријатија кои досега не користеле никогаш грант.Повикот е за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, а можат да го користат претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друга фирма и/или со установа која врши научно-истражувачка дејност. Аплицирањето е исклучиво онлајн, а максималната поддршка за проектите ќе биде 20 милиони денари. Како што истакнаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на…
Попладнево за излез од државава на двата гранични премини Табановце кон Србија и на Богородица кон Грција, се чека околу 45 минути. На останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти
Владата на Република Северна Македонија продолжува со интензивна координација со сојузничките НАТО сили, со амбасадата на САД во земјава и со меѓународните организации во рамки на меѓународната спасувачка и хуманитарна мисија за прифаќање и спасување на авганистанското цивилно и миротворно население. Во овој момент Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително…