Author: Mirjana

Законот е усвоен синоќа со 228 гласа „за“ и 216 „против“. Со ова се отвори можност, најголемата независна телевизија во земјата, да ја изгуби лиценцата за работа Европската Комисија како и Соединетите Американски Држави го критикуваа носењето на , според нив, спорниот закон со кој Полска ја ограничува странската сопственост во домашните медиуми. Законот е усвоен синоќа од страна на долниот дом на парламентот со 228 гласа „за“ и 216 „против“. Со усвојувањето на законот се отвора можност , најголемата независна телевизија во земјата, да ја изгуби лиценцата за работа. Овој закон предизвика  контроверзи во Полска, поради што и партијата…

Read More

Небото и Универзумот вечерва повторно ни го „ претставуваат“ природниот феномен познат како  „метеорски дожд“ или дожд на Персеидите. Метеорите се природна појава, а луѓето уште ги нарекуваат ѕвезди кои паѓаат. Феноменот е видлив со голо око, но треба да се излезе надвор од урбаните средини поради големата светлина и атмосферското загадување. Овие светлосни дождови, впрочем се случуваат од големиот број мали тела кои кружат околу сонцето како комети, астероиди , кои со време се распаѓаат.Тоа се матичните тела. Во случај на т.н. Персеиди , тоа е матична комета која сеуште не се распаднала, вели за РТС, Јован Алексиќ од…

Read More

Повеќе од 40 години, по венчавањето на парот на аукција е понудено големо парче глазура и подлога од марципан со слика од кралскиот грб, во златна, црвена, плава и сребрена боја. Џери Лејтон, симпатизер на британската монархија од Лидс, е човекот кој го купи парчето торта , односно глазура со подлога од марципан за својата колекција од сувенири. Парчето благо, од венчавањето на принцот Чарлс и Дајана Спенсер, Лејтон го платил речиси 2.200 евра. Повеќе од 40 години, по венчавањето на парот на аукција е понудено големо парче глазура и подлога од марципан со слика од кралскиот грб, во златна,…

Read More

Познатата македонска поетеса Лидија Димковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата  за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Димковска е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Гранична состојба. Жири комисијата во состав: Сашо Огненовски, Искра Гешоска, Атанас Вангелов, Весна Мојсова Чепишевска и Лулзим Хазири. На конкурсот пристигнале 33 книги а во првата селекција во потесниот круг влегоа збирките, „Потпис: трепетлика“ – Ана Стојановска, „Големата прегратка“ – Павлина Атанасова, „Гранична состојба“ – Лидија Димковска, и „Сватови на песната“ – Даут Даути. Во образложението на жирито се вели:„Гранична состојба“ е…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“, којшто по повод 12 август,  Меѓународниот ден на младите, се одржа во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија. Посочувајќи дека целта на денешниот настан е да се поврзат работодавачи и млади лица кои се во потрага по можности за кариерен развој, претседателот Пендаровски изрази уверување дека проектот ќе придонесе за професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции, прилагодени на потребите на пазарот на трудот. „Успехот на предвидените активности секако зависи…

Read More

Ова се дел од параметрите  до кои дошле од Младинскиот отворен форум и Фондацијата за демократија на Вестминстер, во истражувањето спроведено во декември 2020 година врз 1053 испитаници во сите 8 региони на државава на возраст од 15-35 години и од сите етнички групи Се топат очекувањата на младите во поглед на тоа дали некогаш земјава ќе стане членка на ЕУ. За 16 проценти паднале очекувањата  кај младите споредено со 2019-та година, па сега овој процент изнесува 44 отсто за разлика од нивното мислење  пред 2 години , кога изнесувало 60%. Просечната година во која мислат дека тоа ќе се…

Read More

Пишува  Нано Ружин Во деведесетите созреваат идеите за управувањето со кризите провоцирани од страна на катастрофите. Целта е да се надминат бројни пречки помеѓу оние кои помагаат и оние кои превенираат, помеѓу воените и цивилните сили, помеѓу „експертите“ и „праксеолозите“.  Во такви услови на живеење стануваат илузорни сите партиски препукувања и битка за рејтинзите, инаку  таа  неизлечива слабост на политичарите – да се профитира од секоја ситуација дури и кога е на штета на народот. Најзначајно е да се префрли одговорноста на спротивната страна. Ете во услови кога светот гори, политичарите знаат што да прават и упорно ги тераат сопствените…

Read More

Германија ги прошири можностите за вакцинирање на населението. Покрај во здравствените установи, тоа сега се прави во трговските центри во двата дена од викендот Германија надмина педесет проценти на целосно имунизирано население како и 47 проценти вакцинирани со една доза. Но, и покрај овие параметри кои ја позиционираат земјата многу повисоко од светскиот па и од европскиот врв, властите овозможуваат низа поволности за населението, за што поголема бројка од него да пристапи кон вакцинирање во пресрет на четвртиот бран на корона вирусот. Од овој викенд, германските трговски ланци отстапија дел од својот простор за организирање вакцинални пунктови, така овозможувајќи им…

Read More

Борбата против корупцијата му помогна на принцот Мохамед бин Салман, да ја консолидира власта и на кралството да му припадни имот од 106 милијарди долари Саудиска Арабија соопшти дека се уапсени 207 вработени во десетина државни министерства, како дел од најновата истрага на саудискиот регулатор за борба против корупцијата. Уапсените не се именувани и не се знае кога се уапсени. Саудиската национална антикорупциска комисија, позната како „Назаха“, доцна синоќа информираше за апсењата. Борбата против корупцијата почна на крајот на 2017 година и тоа му помогна на престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман, да ја консолидира власта и на кралството да му…

Read More

На 10 август 2001 година  товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила налета на две противтенковски мини. Животот го загубија осум припадници на резервниот состав на армијата Делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 20-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положија цвеќе пред спомен-обележјата во Oпштина Ѓорче Петров и во Волково. Делегациите од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски положија цвеќе и пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје. На 10 август 2001 година воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски…

Read More

Шефот на „Ферари“ Матија Биното изјави дека целосно ќе биде ажурирана електрониката по италијанското Гран при Од Формула 1 тимот на Ферари најавија дека ќе користат екстензивно ажурирани компоненти за погон во втората половина од сезоната. Регулативата забранува воведување ажурирања поврзани со зголемувањето на моќноста, меѓутоа, Ферари, за разлика од другите, не започна да ги хомологира сите делови на моторот пред почетокот на сезоната 2021 година. Наместо тоа, користеше некои елементи од 2020 година. Не е познато кога тимот ќе започне да го користи новиот мотор. Шефот на „Ферари“ Матија Биното изјави дека ова ќе се случи по италијанското Гран…

Read More

Потпретседателката на бугарското собрание, Татјана Дончева од „Стани БГ. Доаѓаме“ најави дека утре нејзината партија нема да гласа за владата предложена од Слави Трифонов Како што јавува дописникот на МИА, според Дончева немало никаква пречка за тоа да се случи со мандатот на „Има таков народ“, освен нивната ароганција и желбата да не почитуваат никого во политичкиот живот во Бугарија. Сепак, разумно е да се формира влада во Бугарија со учество на сите парламентарни партии без ГЕРБ и ДПС. Според неа, во парламентарната група на „Има таков народ“, освен најблиското опкружување на Слави Трифонов, сценаристите од неговата телевизија, има седум…

Read More