Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Управата за Хидрометереолошки работи информира дека настапува стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст а, особено топло се очекува кон средината на следната седмица. Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер од северен правец и со максимална температура од 27 до 35 степени. Во Скопје исто така сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температирата до 32 степени и УВ-индекстот со вредност 8.
Американската лотарија за Зелена Карта за 2022 година , ги објави бројките за тоа колкумина, од кој регион и од која земја ќе имаат можност да го одживеат ,,Американскиот сон“. Од Република Северна Македонија, американската лотарија извлекла 293 граѓани. Меѓу земјите од регионот бројките се следни: Србија 243, Албанија 2.756, Босна и Херцеговина 67, Словенија 10, Хрватска 21, Црна Гора 48. Најмногу,,зелени карти“ во светот освоиле Судан, Русија, Алжир и Узбекистан по 6.001 зелена карта, потоа Иран 5.739, Украина 4.949, Мароко 4.138, Непал 3.802 и Конго 3.347. Повеќе од 13 милиони луѓе од целиот свет, аплицирале за да добијат легален…
Шефот на организацискиот одбор Токио 2020, Сеико Хашимото, зборуваше за спецификите на церемонијата на отворање на Олимписките игри. Минатата недела стана познато дека главната тема на церемонијата на отворањето е „Одење напред“ како референца за борбата против пандемијата КОВИД-19, поради што Игрите мораа да се одложат за една година. Закрепнувањето од земјотресот во источна Јапонија во 2011 година, исто така, ќе биде опфатено за време на церемонијата на отворање, рече Хашимото. – Очекувам ова да биде вклучено во концептот на церемонијата, но не можам да ја откријам содржината на она што ќе го покажеме. Заради состојбата со пандемијата, би сакале…
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска присуствуваше на промоцијата на проектот на Комплексот Планет во Сарај. На промоцијата присуствуваа и Премиерот на РСМ, Зоран Заев, претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, пратеникот и претседател на ДУИ, Али Ахмети, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, како и инвеститорите на проектот Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани. – Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија. Навистина ми е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше…
Властите во Дубаи по многу нешта се оригинални користејќи ги последните сајбер и технолошки достигнувања, во правец на ,,припитомување“ на пустината. Овој пат станува збор за вештачки произведен дожд, со кој се сакало да се амортизира ефектот од високите температури кои во овој период од годината достигнуваат и над 50 степени целзиусови. Како што јавувата тамошните медиуми технологијата за создавање вештачки дожд била поприлично комплицирана. Вештачкиот дожд се предизвикувал така што со дронови се ослабувал електронскиот полнеж во облаците. Единствена мана на вака предизвикан дожд било тоа што врнежите биле обилни, па возачите тешко се снаоѓале во возењето. https://www.youtube.com/watch?v=IRbnGy32gz0&t=2s
За Агрон Буџаку за Канада и за продолжување на дипломатскиот ангажман на уште тројца актуелни амбасадори од кои едниот во Узбекистан, а припаѓаат на амбасадите кои покриваат уште две соседни земји, се позициите или местата за кои се разговара во моментов во рамките на процесот за пополнување на македонските Дипломатски претставништва во светот,информираат извори на НоваТВ. На Агрон Буџаку кој е кадар на ДУИ, доколку биде избран за амбасадата во Канада, ова нема да му е прво дипломатско искуство, туку продолжување на амбасадорувањето по 2015 година кога му заврши она во Париз кое го почна во 2009 година.Годините по 2015…
Откако минатата недела Европската Комисија објави правна постапка против официјална Будимпешта поврзана со амандманите со кои се забранува училиштата да користат материјали кои промовираат хомосексуалност, унгарскиот премиер Орбан со пост на својот фејсбук профил, ја обвини ЕК за злоупотреба на надлежностите поради оспорувањето на усвоениот унгарски закон со кој се забранува промоцијата на хомосексуалноста. ,,Иднината на нашите деца е во прашање,затоа не можеме да попуштиме на ова прашање “ , напиша Орбан на ФБ . Во меѓувреме во Унгарија стапи на сила Законот кој напредниот свет го оцени за контроверзен и анти-ЛГБТИ, и паралелно со ова е евидентирана најавата за…
Уапсен триесет и девет годишен маж, кој направил импровизирано јаже од креветската постелнина во еден хотел во град во Западна Австралија, и се обидел да се симне на земја од четвртиот кат, сакајќи да го напушти карантинот, соопшти полицијата.Човекот допатувал од Бризбејн а потекнувал од Квинсленд но не ги исполнувал условите за да биде изземен од Ковид-протоколите за влез. На човекот му било кажано да го напушти градот во рок од 48 часа при што бил испратен во карантин. Во вторникот наутро, тој бил фатен при обид за бегство и бил обвинет за непочитување на упатствата и давање лажни информации.…
Владејачката партија СДСМ денеска сподели информации за податоци од теренска анкета правена од агенцијата „Брима“ во периодот од 28 мај до 16 јуни , преку ТАПИ методот а во која биле опфатени 1.194 испитаници , со маргина на грешка од плус минус 2,8 отсто. Откако и била понудена, СДСМ ја откупила анкетата од која сега партијата ги споделува параметрите. На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА…
Пишува: Нано Ружин Колку се мудри и интелигентни нашите политичари и дали дарбата и начитаноста ги користат во политиката или се заробеници на идеолошки ставови, архаични фантазми или митолошките, верските и етничките предрасуди. Можеби низ анализа на политичкиот гамбит на Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ би можело делумнo да се одговори на овие дилеми. Во 1922 за време на еден јавен настап во Неапол, Мусолини изјавил: „Ние создадовме еден мит. Митот е една верба , вид благороден ентузијазам. Тој нема потреба да е реален, тој е импулсивен, надежен, исполнет со верба и храброст. Нашиот мит е нацијата..“. Митот често се користи за…
„Срцето ми крвари при помислата дека таа седи сама во некоја затворска ќелија, далеку од дома, без било кого со кого би можела да разговара..Еден ден ќе ја имаме толку потребната приватност за да ги споделуваме нежните мисли кои се закопани во нашите срца” и напишал своевремено Јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела, на сопругата од вториот брак Вини, во периодот кога тој бил на издржување на затворската казна и кога и неа ја сместиле во 15 месечна самица… Репортажава посветена на состојбата со Македонските казнено-поправни установи и перспективите за нивно доопремување но и за похуман третман на затворениците и притворениците и…
Анализата на геномите на 110 растенија од целиот свет, покажала дека канабисот бил припитомен во северо-западна Кина пред околу 12.000 години. Ова потврдува дека канабисот е една од најстарите култивирани растенија, вели Лука Фумагали од Универзитетот во Лозана во Швајцарија. -Тоа е повеќенаменско растение. Се експлоатира за растителни влакна, храна и масло, како и за медицински и рекреативни цели. Само пред околу 4.000 години, сугерира студијата, земјоделците започнале да одгледуваат различни видови за производство на лекови или влакна. Малку е познато за припитомувањето на канабис сатива, затоа што е тешко да се добие широк спектар на различни видови од целиот…