Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
На една од најфреквентните железнички станици во Токио, се појави поприлично ,,разигран“ билборд на кој има несекојдневна анимација на 3Д мачка која мјаука и потскокнува. Опкружена со реклами, хиперреалистичната мачка како буквално да оживува на закривениот ЛЕД-екран со површина од 1.664 квадратни метри, во областа Шинјуку. Екранот со резолуција од 4К ја прикажува мачката како шета високо над главниот град на Јапонија гласно мјаукајќи. Видеото се емитува меѓу 7 и 1 часот и се менува во текот на целиот ден. Па така, неа може да ја видите час во мамурно издание, час заспана, час разиграна, час со силно мјаукање и…
Присутноста на Делта сојот од коронавирусот во земјава,иако до денеска во 10 случаи, како и претстојниот старт на теренската имунизација и вакцинацијата без претходна пријава, повторно ја наметнува потребата од што поширока општествена акција за да се допре до поголем број на луѓе и точно да им се објасни со релевантни и издржани информации,што значи да си, и да не си вакциниран.Од контактите со дел од здравствените, политичките и верските чинители, сите без исклучок велат потребна е општа мобилизација, зашто Делта сојот е тука, покрај веќе присутните соеви на коронавирусот и со релаксирањето на мерките насекаде во светот и кај…
„Единаесет дена не јадеше, се обидов да ја хранам, беше тука кај мене во куќата. Клепетан остана овде, но не сака да влзе во гнездото, Тој и понатаму мисли дека таа е некаде наоколу, многу ми е тешко. Го имаше тоа скршено крило долго, и ете..Беше и ветеринарот последниве денови, но рече дека нема уште долго да издржи Малена, изјави пензионерот Стјепан Вокиќ за Хрватските медиуми. ,,Остануваме Клепо и јас, ако дојде тој и следната година, јас ќе бидам овде за него“, изјавил Вокиќ. Љубовната приказна на штрковите Малена и Клепетан од Хрватска, регионалните и светските медиуми ја следат веќе…
Квалитетот на услуги кои ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), не обезбедува ефективна и брза услуга за граѓаните, ниту пак еднаков третман, пристап и достапност за секој граѓанин и правно лице. Ова стои во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија а во кој се анализирале квалитетот на постојните услуги кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали за периодот 2016/2020 година. „Достапноста на е-услугите преку интернет со примена на стандардите за веб-пристапност на е‐услугите се уште не е на задоволително ниво. Движењето низ веб-порталите и обезбедувањето е-услуги, како и достапноста до информациите, упатствата и формуларите за одредена услуга не…
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на ресорната собраниска комисија денеска го поддржаа Предлог законот со кој Владата му одобрува на Американско-Турскиот конзорциум ,,Бехтел и Енка“да ги гради автопатите од Коридорите 8 и 10. Меморандумот за соработка со американско-турскиот конзорциум беше потпишан пред три месеци а, на потпишувањето присуствуваше американската амбасадорка Кејт Брнз. Во Предлог законот, е предвидено стратешкиот партнер да го менаџира проектирањето и изградбата на деловите од двата коридора.Финансии ќе се „црпат“од буџетот но не е наведено колку. Понудата ќе се гради по пат на директна спогодба, без тендер, предвидува Предлог законот. „Бехтел“ е најголемиот американски контрактор по приходи ,…
Народна Банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) и Хрватската народна банка (ХНБ) денеска склучија Меморандум за соработка. Потписите на документот ги ставија Гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска-Бежоска и на ХНБ, Борис Вујчиќ, кој истакна дека нашата централна банка се издвојува како позитивен пример во регионот. „Колегите од ХНБ и јас имаме постојана одлична и конструктивна соработка со вашата централна банка и со гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Од лично искуство, можам да сведочам за нејзиниот исклучителен придонес во работата на сите форуми на кои учествуваме, како што е нашата заедничка конституенца во ММФ или Виенската иницијатива. Македонската економија може да биде горда…
Соработката меѓу земјите од Западен Балкан и со Европската Унија на планот на (не)пропустливоста на мигрантите од конфликтните подрачја на Блискиот и Средниот Исток, ги дава очекуваните резултати. Мешовитите контроли составени од припадници на полициите од земјите на таканаречената ,, Балканска рута“ меѓу кои е и Македонија, и од земјите на ЕУ ја оправда одлуката за нивно формирање. Имено, ако во претходните десет години ЕУ регистрирала 2,3 милиони илегални преминувања на нејзина територија, што во просек годишно значи околу 200.000 мигранти, последната година тој број изнесува 114.300 преминувања, главно од Авганистан. Но, далеку од тоа дека ЕУ е заедница која…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) им даде рок од 90 дена на трговците на големо со мазут – РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци да се усогласат со Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви. Со одлуката донесена на денешната главна седница на регулаторното тело, на трговците на големо со мазут им е утврден рок од 90 дена, иако според Правилникот тој рок е најмногу до 6 месеци односно 180 дена, во кој мора да ги обезбедат потребните количини на оперативни резерви на мазут…
„Кралот на хот-дозите“, Џои Честнат, вчера го надмина сопствениот рекорд, при што изеде 76 сендвичи со виршли, на годинешниот натпревар во јадење хот-дог на 4 јули, кога САД ја слават својата независност од британската власт. Ова е негова 14-та победа во натпреварувањето. Триесет и седум годишниот Џои од Калифорнија ја надмина својата минатогодишна победа јадејќи една виршла повеќе. Организаторите рекоа дека со неговиот „дигестивен потфат“, тој го срушил светскиот рекорд. Во конкуренцијата кај жените победи учителката Мишел Леско од Аризона. Таа изеде нешто помалку од 31 виршла. Сепак, тоа беше далеку под светскиот рекорд за жени, поставен од Мики Судо…
Дваесет жени од регионов, викендов во Охрид се собраа со цел да се запознаат и да се поврзат меѓусебно за заеднички да делуваат за зголемување на нивната застапеност во креирањето и носењето политики на локално и на национално ниво. Конференцијата „Иницијатива 50% родова еднаквост“ е иницирана од Либералниот Институт Скопје и Фондацијата „Борис Дивковиќ“ од Босна и Херцеговина. Ваков вид поврзување за заедничко делување на овој тип прашања и регионално, се одржа за прв пат кај нас, при што резултира со тезата дека во регионот може да се соработува и да се негуваат либералните вредноси, пишува „ Фокус“. „ Жените…