Author: Mirjana
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 03.06 до 05.06.2022) биле направени 2.257 тестови од кои регистрирани се 135 нови случаи на ковид – 19. Сликата по градови е следна: Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – по 2, Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни 135, регистрирани се 25 реинфекции. Во текот на изминатите 3 дена (од 03 до 05.06.2022) не е пријавено…
„Во овој момент на дел од мерките се прави редизајн, а кога ќе бидат направени сите анализи ќе биде воведен и нов пакет мерки, најави премиерот Димитар Ковачевски денеска од Пробиштип, одговарајќи на новинарско прашање за чекорите на Владата за ублажување на бранот поскапувања а со кои би биле опфатени граѓаните но и бизнис секторот. Тој потсети на ребалансот кој е предложен до Собранието, и со кој веќе се предвидени нови 80 милиони евра како антикризни мерки. Ковачевски информира дека остануваат на сила мерките за поддршка на граѓаните со најниски примања како што е онаа за електричната енергија. „Ние први,…
Во понеделник навечер, Борис Џонсон ќе се соочи со најтемниот момент од неговата премиерска функција, откако по неколкудневните шпекулации, конечно беше објавено дека биле поднесени доволно писма од неговите пратеници од Конзервативната партија за да се изгласа доверба на неговото раководство. Писмата доаѓаат по неколку месеци откако Џонсон беше опфатен со таканаречениот скандал „Партигејт“ односно информации за забави на Даунинг стрит во време на локдаун, и откако беше исвиркан во јавноста за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата. И покрај очигледниот стрес од соочување со гласање што на крајот би можело да го оконча неговото време на функција,…
„Ми се чини дека бриселските манипулатори не сакаа да ни дадат уште една можност да ја потврдиме позицијата на Русија за Косово и БиХ во главниот град на Србија, но и да изразиме поддршка за иницијативата Отворен Балкан, која е во интерес на сите земји во регионот“, заклучи Сергеј Лавров на прес конференцијата по повод спреченоста да пристигне во Белград. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека е срамно и незамисливо да се спречи неговата посета на Србија и порача дека никој нема да може да ги уништи односите на Москва со Србија. „Се случи нешто незамисливо, тоа ги…
„Се гледаме, разговараме и се претставуваме секој ден во Њујорк. Тоа е минимумот“, нагласил денеска американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан, во интервју за агенцијата ТАСС. Москва и Вашингтон не можат целосно да се разделат, изјавил Саливан. „Не можеме само да ги прекинеме дипломатските односи и едноставно да не разговараме. Барем секој ден седиме еден до друг во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк“, додал тој.
Руската Дума усвои закон со кој се санкционира чинот на велепредавство и преминување на непријателска страна за време на војната со Украина. Комисијата за државни прашања и законодавство на Руската Дума одобри предлог-закон со кој се санкционира чинот на велепредавство и преминувањето на непријателска страна за време на воениот конфликт во кој учествува Русија, соопшти денеска Думата. „Со оглед на тоа што измените на законодавството во оваа област се насочени кон безбедноста на Руската Федерација и зачувување на уставниот поредок, Комисијата за државни прашања и законодавство на Руската Дума го одобрува нацрт-федералниот закон и препорачува Думата да го прифати“, се…
Бројот на жртвите од уривањето на зграда во југозападен Иран, во градот Абадан, денеска се искачи на најмалку 41, јавија државните медиуми. Гувернерот на градот Абадан, Ехсун Абаспур, ја соопштил бројката врз основа на официјален извештај, објави државната телевизија, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес. Уривањето на зградата на 23 мај во Абадан, на околу 660 километри југозападно од главниот град Техеран, ги врати болните сеќавања на минатите национални катастрофи и ги истакна лошите градежни практики, владината корупција и негрижата во Иран, информираат светските медиуми.
Друштвото на ликовни уметници на Македонија на вонредното годишно собрание кое што се одржа на 04.06.2022 год. за нов Претседател на ДЛУМ ја избра ликовната уметница Јана Манева Чупоска. Јана Манева Чупоска 1996 год. дипломира сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршува на Високата школа за примененат уметност во Прага. Во 2006 год. станува магистар по уметност. 2009 год. запишува докторски студии и станува Доктор од областа на етнологија и дизајн. Член на ДЛУМ од 1997 год. активна во учество на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и меѓународна…
Во четврток, поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија г.г. Стефан придружуван од четворица владици, како што дознава НоваТВ, Тимотеј, Петар, Климент и Партениј, заминува во седиштето на Вселенската патријаршија, Фанар каде како што е договорено на верскиот празник Педесетница, во недела на 12 јуни, заеднички да сослужуваат со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Дебарско – кичевскиот митрополит и портпарол на Синодот на МПЦ ОА, владиката Тимотеј кој ќе биде член на црковната делегација, за НоваТВ изјави дека се очекува оттаму да се вратат со Томос за автокефалност. „Очекуваме Вселенската патријаршија да ни додели Томос по вчерашното официјализирање на одлуката за одобрување…
Претходната недела имало драстично покачување на цените на основните и неосновните продукти за јадење и пиење. До ова сознание дошле од Ценометар.мк, кои објавија седум продукти со најголемо покачување на цените, меѓу нив на првата позиција е маслото за јадење на седмата пивото. 1. Масло за јадење: 20 – 25 денари! 2. Шеќер: 5 – 8 денари 3. Брашно: 6 – 9 денари 4. Млеко: 6 – 9 денари 5. Ориз: 5 – 7 денари 6. Грав: 5 – 10 денари 7. Пиво: 5 -10 денари Но покачување на цените имало и кај поголем број неосновни производи, за што од…
Во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, Струмица, Охрид, Битола, Велес и Куманово по 40, додека, во Сектор за внатрешни работи Тетово – 60, а во Штип 70. По 40 полицајци се бараат и во Регионалните центри за гранични работи Запад, Југ и Исток, додека, во Регионалниот центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци. 1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: – да е државјанин на Република Северна Македонија; – да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; – активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; – со…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) утре, на 5 јуни полни 20 години од основањето. Партијата речиси исто толку години е на власт а со тоа учествува во сите важни процеси на државата. За партискиот дведецениски јубилеј разговаравме со организацискиот секретар на партијата и член на Генералниот совет и на претседателството Артан Груби, кој во Владата е прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. Во интервјуто за Нова, Груби вели дека клучот за успехот на партијата е во тоа што партијата сите овие години останала доследна на основачките принципи и заложби и затоа меѓу ДУИ од пред…