Author: Mirjana

Загадувањето предизвикало еден од шест смртни случаи ширум светот во 2019 година, откри најновото истражување – што е повеќе од глобалните бројки на годишно ниво за војна, маларија, ХИВ, туберкулоза, дрога или алкохол. Студијата, објавена вчера од Комисијата за загадување и здравје, покажа дека загадувањето убива 9 милиони луѓе секоја година од кои три четвртини отпаѓаат на причините предизвикани од  штетниот воздух. Според студијата, смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето и токсичното хемиско загадување се зголемиле за 66% во последните две децении, поттикнати од неконтролираната урбанизација, растот на населението и зависноста од фосилни горива. „Влијанијата врз здравјето на загадувањето остануваат огромни,…

Read More

96 новозаразени од  направени 1.314 тестови, е последниот биланс за состојбата со ковид 19 во земјава. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид – по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе – по 1. Од вкупниот број на позитивни 96, регистрирани се 13 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица. Бројот на активни случаи изнесува 543.

Read More

Првиот руски војник на кој му се суди од страна на Украинскиот суд за воени злосторства, се изјасни за виновен за убиство на невооружен 62 годишен маж. Вадим Шишимарин (21) се појави пред окружниот суд во Киев во квартот Соломјански обвинет за воени злосторства и убиство со умисла. Шишимарин е обвинет за убиство на невооружен цивил, 62-годишен маж во североисточното украинско село Чупахивка на 28 февруари. Запрашан пред судот дали е виновен за наводите, вклучително и воени злосторства и убиство со умисла, Шишимарин одговорил со „да“ пишува Гардиан. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор. Украинското државно…

Read More

Митрополитот на дебарско-кичевската епархија при МПЦ ОА и портпарол на Синодот, Владиката Тимотеј, по денешната седница изјави дека се надеваат и очекуваат до крајот на месецов Српската православна Црква до Вселенската патријаршија да го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ. „Црква за која се бара да биде предложена за автокефален статус треба да исполнува 9 или 10 точки. Ние очекуваме за нас, тоа да го направи матичната црква од која се одделуваме , во конкретниот случај СПЦ. Таа да предложи до Вселенската патријаршија доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх…

Read More

Свештеникот Домагој Келава од Сукосан неколку дена откако бил пуштен од затворот каде бил испратен поради физички напад на калуѓерка, претепал друга жена, јавуваат хрватските медиуми. Наводно се работи за жената која сведочела за првиот напад. Хрватскиот портал Индекс наведува дека жената завршила во болница и дека има полесни повреди. Поради прекршување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, предизвикано од дрско и недолично однесување, осомничениот денеска со обвинителниот акт ќе биде на распит во Задарскиот суд. Свештеникот Домагој Келава беше ослободен пред десетина дена. Пред вчерашниот втор напад, физички ја нападнал калуѓерката.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, по повод признавањето на каноничноста на нашата Црква од страна на Вселенската патријаршија. Во писмото претседателот Пендаровски оценува дека со примањето на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење е исправена историската неправда нанесена врз Црквата и нејзините верници. Претседателот Пендаровски изрази надеж и очекување за скорешно конечно решавање на административниот статус на Нашата црква преку доделување на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија, истакнувајќи дека целосното заокружување на автокефалноста на Нашата црква е од врвен национален интерес, бидејќи…

Read More

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП),  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово. На презентацијата, гувернерката посочи дека војната во Украина предизвика силни ценовни притисоци на меѓународните пазари на примарни…

Read More

Левичарската коалициска влада на Шпанија одобри закон за зајакнување на правото на абортус, со што Шпанија стана првата земја во Европа која нуди платено боледување на жените кои страдаат од болна менструација. Малцинската влада предводена од Социјалистичката партија се надева дека новиот закон ќе гарантира пристап до абортус во Шпанија и ќе го дестигматизира менструалното здравје. „Денеска испраќаме меѓународна порака за поддршка на сите жени кои се борат за своите сексуални и репродуктивни права“, изјави за новинарите министерката за родова еднаквост Ајрене Монтеро. „Мораме да гарантираме дека жените се тие што одлучуваат што ќе се случи со нивните тела. Доколку…

Read More

Митрополитот на преспанско-пелагониската епархија, Владиката Петар во изјава за Дојче Веле, вели дека одлуката на СПЦ е позитивна и говори дека „работите за МПЦ – ОА не одат назад туку напред. “ Одлуката на Српската Православна Црква да го обнови канонското единство на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија е чекор напред во односите меѓу двете цркви. Пренесувајќи ја веста, српската новинска агенција Танјуг пишува дека Владиката Петар, моментално е единствен член на Синодот на МПЦ-ОА кој јавно ја коментирал одлуката на СПЦ. 

Read More

Испораката на храна за децата во ризик од неухранетост стана речиси несовладлив предизвик поради низата глобални финансиски и геополитички шокови и проблеми со испораката, предупредува УНИЦЕФ. Извештајот се фокусира на ризикот од тешки форми на хронично губење на тежината, во кои децата се премногу слаби за нивната висина, што резултира со ослабен имунолошки систем. Според извештајот, 13,6 милиони деца на возраст од 5 и до 5 години страдаат од проблемот. Снабдувањето со храна за децата веќе беше проблем на почетокот на годината поради долгорочните прекини во синџирите на снабдување како резултат на пандемиското затворање на фабриките. Покрај тоа, разни конфликти…

Read More

При направени 1.430 тестови, регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19. По градови сликата изгледа вака:  Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Прилеп , Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар – по 1. Од вкупниот број на позитивни 83, регистрирани се 13 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 2 починати лица од Скопје (78г) и Струмица (62г) ,…

Read More

Пандемијата на коронавирус не е само здравствена криза, туку е и социјална и економска криза, со пошироки реперкусии, кои потешко ги погодуваат жените отколку мажите, рече извршната директорка на Центарот за управување со промени Неда Малеска-Сачмароска на отвoрањето на изложбата „Жени во занаетчиство“. Уникатни изработки од 30-ина жени занаетчии се поставени на изложбата насловена „Жени во занаетчиство“, која овие два дена ќе биде отворена во Кабинетот на претседателот, по повод Деновите на занаетчиството. Изложбата е под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска, а во организација на Центарот за управување со промени. – Жените го сочинуваат најголемиот дел од здравствените…

Read More