Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Изборот за песна на Евровизија 2023 година наместо во Украина ќе се одржи во Велика Британија. Организаторите на овој музички натпревар ја донесоа оваа одлука бидејќи сметаат дека нема услови натпреварот да се одржи во Украина, која победи оваа година, бидејќи руската инвазија се уште е во тек.
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди распоредот на кандидатите на гласачко ливче за изборот на градоначалници на општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше, како и за членови на Советот на Општина Тетово, преку влечење на жрепка од страна на овластените претставници на партиите и групите избирачи. Под број еден на гласачките ливчиња ќе бидат кандидатите за градоначници на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, под број два на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а под број три на Демократска партија на Турците во Македонија (ДПТМ). На гласачкото ливче за избор на членови…
Во однос на изнесените информации во јавноста поврзани со надлежностите на Лекарската комора и нивното извршување би сакале објективно и транспарентно да Ве информираме за фактичката состојба со цел, во вистинска насока да се трасираат можните решенија за надминување на проблемите и унапредување на состојбите, се наведува во соопштението од Лекарската Комора. Пред сè, Лекарската комора изразува длабоко жалење за личните трагедии на пациентите и семејствата и останува отворена за соработка со надлежните институции, медиумите и пациентите, во рамките на она што се нејзини законски надлежности со цел брзо и ефикасно расветлување на сите случаи кои упатуваат на пропусти во…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан. Според партиското соопштение, на средбата се разговарало за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакнал ставот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ, како што се наведува во соопштението, дека интеграцијата била неопходна, но требало да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот. Забележано било дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата…
Документи на германската влада со назнака „строго доверливи“, беа пронајдени расфрлани пред приватниот стан на канцеларот Олаф Шолц, откако лисиците му ги искинале кесите со ѓубре, пишува The Telegraph. Ова ја шокира германската јавност која го осуди канцеларот и го критикуваше за фрлање доверливи информации во канта за ѓубре. Се почна од соседите на Шолц во Потсдам, на периферијата на Берлин кои пронајдоа неколку хартии означени како доверливи расфрлани на улица пред нивната куќа. Документите главно се однесувале на сопругата на канцеларот Шолц, Брита Ернст, која е министерка за образование во покраината Бранденбург, чиј главен град е Потсдам. Соседите за…
Најновото огнено жариште за кое информираат грчките медиуми, избувнало околу 8 часот во областа Карвоунас, во Неос Мармарас на Ситонија. Инаку на подрачјето на Халкидики пожарникарите гаснат пожари на три локации. Според грчките медиуми, на местото пристигнале шест противпожарни возила, а во моментов пожарот не им се заканува на зградите. Пожар избувнал по 9 часот утрово и во шумскиот предел во реонот Фурка на првиот прстен.Таму со пожарот се борат повеќе од 20 пожарникари. Во моментов нема опасност за куќите, но пожарот опасно се доближува до пределот со станбени единици. Грчките медиуми јавуваат дека речиси истовремено избувнал пожар во руралниот…
Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирусот во светот надмина 7,2 милиони минатата недела. Инциденцата одговара на нивото во април, велат научниците кои ја следат динамиката на ширење на КОВИД-19. Сепак смртните случаи се намалени, иако се зголемени за еден и пол пати во однос на претходната недела. Пад во Европа Повеќето земји во Европа забележаа голем пад во последните седум дена. Германија сè уште има највисока стапка на инфекција, со скоро 160.000 нови случаи на ден до почетокот на неделата и помалку од 100.000 на крајот од истата. Франција и Италија забележаа пад од 120.000 на 60.000 дневно,…
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека ја одобрува вакцината против мајмунски сипаници произведена од компанијата „Бавариан Нордик“. Оваа агенција изјави дека препораките за одобрување вакцини ги базира на студии на животни, пренесува АП. По препораката од ЕМА сега на потег е Европската комисија која треба и официјално да ја одобри оваа вакцина.
Ова што денеска се случува на граничниот премин Табановце и граничниот премин Прешево е доказ за партнерскиот однос меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, со што ја олеснуваме размената и транзитот на стока и патници. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на средбата со министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија Томислав Момировиќ на граничниот премин Табановце. Двајцата министри, заедно со директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, извршија обиколка на граничниот премин Табановце, каде е воведен концептот на „едно застанување на граница”, иницијaтива во рамки на процесот Отворен Балкан. „Имавме одлична можност…
На денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија бр. 79. свикана за во 11.00 часот, на списокот за присутни пратеници беа потпишани 85 пратеници, а во салата беа присутни 58 пратеници, соопштуваат од кабинетот на собранискиот спикер. Џафери од пленарната сала ги повикал пратениците да влезат во сала, за да може пленумот да продолжи со работа, но поради немање кворум, морал да ја прекине седницата по што ги повикал сите лидери на политичките партии од владејачкото мнозинство на средба во неговиот кабинет, информираат од таму. На средбата, претседателот потсети дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.613 тестови, а регистрирани се нови 779 случаи на КОВИД-19. Во Скопје има 345, Битола – 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и Македонски Брод – по…
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека се планира во август да се прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија. Состојбата е непредвидлива и сериозна, претстојната зима ќе биде тешка, порача Бектеши. „Ние планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика и да прогласиме кризна состојба во август во делот на електричната енергија, но таа Комисија предвидува различни мерки вклучувајќи ги и рестрикциите, кои може да се избегнат ако нема забрана за увоз на струја што сме го имале тоа како ситуација во Република Северна Македонија кога го правела Бугарија во одредени периоди “, изјави министерот…